- Член од
- 1 декември 2008
- Мислења
- 1.043
- Поени од реакции
- 182
Истовремено, Македонија е трета меѓу топ-реформаторите во светот на листата што Светска банка, секоја година, ја објавува заедно со извештајот Doing Business,.
Македонија со високото 32 место на листата Doing Business 2010 е рангирана најдобро во регионот, пред Бугарија (44), Словенија (53), Романија (55), Црна Гора (71), Турција (73), Албанија (82), Србија (88), Хрватска (103), Грција (109), Косово (113), Босна и Херцеговина (116)
Земјите на листата Doing Business се рангирани според десет категории. Тоа се: започнување бизнис, добивање градежни дозволи, вработување на работници, регистрирање на недвижности, добивање кредит, заштита на инвеститорите, плаќање данок, прекугранично тргување, присилно спроведување договори и затворање на фирми.
Македонија е најдобро рангирана во категоријата „започнување бизнис“ и се нагласува дека фирма се регистрира со 4 процедури за 4 денови, без минимален капитал.
Добри резултати Македонија има и во областите „заштита на инвеститорите“ и „плаќање даноци“, а најлошо стои во категориите „регистрирање на имот“ и „затворање на бизнисот“.
Македонија во однос на минатогодишната листа, напредувала во сите категории, освен во „добивање кредити“ и „присилно спроведување на договорите“.
Најдобри на светот за водење бизнис, според оваа листа се Сингапур, Нов Зеланд, Хонг Конг, САД, Велика Британија, Данска, Исланд, Канада, Австралија и Норвешка, а на дното на листата се Централно-африканската Република, Конго, Демократска Република Гвинеја-Бисао, Сао Томе енд Принципе, како и Република Конго.
Светска банка, секоја година, заедно со извештајот Doing Business, ја објавува и листата на топ-реформатори на светот, на која и годинава се најде Македонија, на високото трето место.
За прв пат годинава топ реформатор е земја од субсахарска Африка и тоа со Руанда, а по неа следуваат Киргистан, Македонија, Белорусија, Обединетите Арапски Емирати, Молдавија, Колумбија, Таџикистан, Египет и Либерија.
линк: http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=113491
Колку ова рангирање ја дава реалната слика за инвестиции во регионот?
Дали оваа вест ќе ја подобри економската состојба, во блиска иднина?