Гладиус
notusually
- Член од
- 14 август 2008
- Мислења
- 5.508
- Поени од реакции
- 1.728
Често знаеме пред време да процениме нечија реакција за одредена работа.
Многу пати сме знаеле што точно треба да очекуваме од одредени личности. Но сето тоа било само поради тоа што можеби многу добро ги познаваме.
Што е со препознавањето на карактерот на луѓето со кои имаме разменето само едно обично здраво?
Дали често ви се случува да се сретнете со луѓе кои уште при првиот збор го откриваат целиот свој карактер?
Што мислите, дали предвидливоста е доблест или маана?
Дали вие се сметате за личност со предвидлив карактер?
До сега се имам најдено во средина во која имало луѓе кои биле многу предвидливи во однос на карактерот. Како појава, предвидливоста би ја карактеризирал како маана. Мислам, да се има превидлив карактер е исто што и на непријателот да му ги покажеш слабите точки.
Секој пат, нашата постапка ќе биде однапред пресметана и за неа ќе биде испланирана соодветна реакција. А тоа никогаш не би ни дало шанса работите да ги влечеме во онаа насока во која ние сакаме.
Затоа претпочитам малку подискретни карактери, и мислам дека и мојот спаѓа во тие - не толку предвидливите.
Повелете:wink: