- Член од
- 3 март 2009
- Мислења
- 601
- Поени од реакции
- 178
- Возраст
- 34
- Веб-сајт
- hernameisfictional.wordpress.com
Често знаеме пред време да процениме нечија реакција за одредена работа.
Многу пати сме знаеле што точно треба да очекуваме од одредени личности. Но сето тоа било само поради тоа што можеби многу добро ги познаваме.
Што е со препознавањето на карактерот на луѓето со кои имаме разменето само едно обично здраво?
Дали често ви се случува да се сретнете со луѓе кои уште при првиот збор го откриваат целиот свој карактер?
Што мислите, дали предвидливоста е доблест или маана?
Дали вие се сметате за личност со предвидлив карактер?
Повелете:wink:
Е сеа, дека може да се предвиди нечиј карактер само од едно здраво, малце тешко
Ама, кога запознаваме нови луѓе секогаш се обидуваме да ги сместиме во некои категории кои сме си ги создале од претходното искуство. Кога ни е нешто непознато и ново, сакаме да го сместиме во шема на веќе познатите работи, па од таму и таа 'проценка на карактер'. Од првите муабети со нова личност можеме да откриеме само некои нејзини особини, да заклучуваме за неа според говорот на тело, според начинот на кој ги кажува работите, тонот на гласот, според делата... Ама целиот карактер не. Предвидливоста според мене, доаѓа од социјалното живеење. Сите се обидуваат да се вклопат во општествениот систем, преку интеракција со луѓето се пронаоѓаат себе и се обидуваат да бидат слични едни на други за да бидат полесно и подобро прифатени. Одејќи по онаа логика 'ако сите се такви, сигурно е добро да си таков', постигнуваат да бидат само дел од толпата. Затоа и постои таа лесна предвидливост. И иако е можно според првите контакти да се суди за целата личност каква е во глобала, секако дека нема секогаш да успееме правилно да расудиме, зашто сите се иако слични еден на друг, сите се и различни.Јас не можам да дадам мислење за мојот карактер дали е предвидлив или не, ама можам да кажам што сум слушнала од другите. Често се има случено со луѓе со кои сум имала индиректен контакт да имаат погрешен впечаток за мене, отколку кога ќе ме запознаат. Имав пред некој месец прилика со еден колега да поразговарам на таа тема. Во прва година имавме онака, само едно здраво, и имавме разменето само по некој збор. Кога требаше да одиме на пракса летото, се погоди со него да бидам. И кога веќе се подзближивме, ми имаше кажано дека кога не сме се знаеле подобро многу друго мислење имал за мене, дека мислел дека сум не знам, остра, брза, вистинско мало ѓаволче
Ама дека кога ме запознал подобро, заклучил дека сум МНОГУ различна од тоа што мислел дека сум, дека сум комуникативна, фина, дека знам да слушам... Сега, имајќи во предвид во какви услови пред тоа имал прилика да си создаде прв впечаток за мене, до некаде и не му судам зашто толку погрешно ме проценил. Ме гледал на предавања, каде често сум активна, поставувам прашања, давам мислење... Немало простор другите доблести да ми ги запознае. Ова е само еден пример, за тоа како ме гледале луѓе што не ме знаат. Ако судам според него, излегува дека погрешно ме проценуваат, значи имам не толку предвидлив карактер. Се надевам дека е така 