JeepMkd
Scratch model builder
Па затоа и не би играл со менување на менувач, а тука имаш и еден проблем.... должината. Ако ставиш подолг, се внатре се пореметува, доаѓа да преместуваш редукторот наназад (евентуално нанапред ако ставиш покус менувач) и на крај нема да ти пасуваат карданите, па крати го задниот, должи го предниот, премногу е тоа работа за џабе.
Мислев да не ја трупам темата непотребно, ама ајде ќе ставам слики колку да се знае за што зборуваме. Веќе може ти спомнав дека најдовме мењач од Ленд Крузер (5брзини комплетен со редуктор). Еве ја разликата помеѓу оној од Махиндрата и тој од Тојотата.
Ова е Т-90 мењачот заедно со Т-18 редукторот. Редукторот е тоа што е подадено надоле, а изведен е така затоа што на другата страна од кај што е споен со менувачот може да се поврзи PTO (power take off). На ова ПТО може да се приклучи секаква механизација, витло или овердрајв. Се вади заштитната плочка и тоа е се. Значи ако го сменам на Махиндрата губам многу... А преносот и редукцијата го нема ниту едно друго возило. Тоа што се гледа како добош најлево доле, е уствари и добош. Таму е рачната кочница, значи уште една компликација. Мењачот и редукторот се на се се долги 3-40 сантиметри, отприлика толку е и ѕвоното.

А ова доле е тојотин мењач, каков што најдов пред некој месец. Подолг е од метар, а сигурно е и многу тежок. Такво нешто да се смести кај мене (или пример на Ладата) е изводливо, ама многу тешко. Бирачот ќе биде меѓу задните седишта

