Nekolku komentari na lugjeto za poslednovo salto na vladata od sajtot na A1:
6. Mirko од Vlae, Skopje на 08.09.2009 во 00:05 напиша:
Odlukata na Vladata e za pozdrav, megutoa bidejki sum eden od onie sto veke go platija zemjisteto za 800 denari od kvadrat, se interesiram dali istata vazi i retroaktivno,odnosno dali ke ni bide refundirana razlikata na cenata, imajki predvid deka sum megu prvite vo mojata okolina sto go ima otkupeno dvornoto zemjiste.
Ke bide mnogu nepravedno dokolku istoto zemjiste im bide dostapno za 61 denar od kvadrat na site onie koi dosega odbivaa da go storat toa, a nam koi veke ja imame zavrseno postapkata vo interes na drzavata da ne cini 13 pati poveke! Se nadevam deka Vladata go ima ova vo predvid.
7. ana од Viena на 08.09.2009 во 00:51 напиша:
Aman be Pa sega treba i svoite dvorovi da gi kupime od drzavata. A shto beshe do sega takanarecenata PRIVATIZACIJA
(koja vazi samo 100 godini.)
Ili sega Privatizacijata zavrshi i -opa- ni treba neshto novo za da zemame pari od narodot.
SRAMOTA
8. omer од praga на 08.09.2009 во 01:28 напиша:
bravo za vladata i sega ostana uste edna rabota na vlada dase rusi ovije pecurki kako stoje topana,gazi baba, dizonska, serava, i mesto ovije pecurki da se gradi zgradi i tek togas skopje ke bide ubav grad cist grad i ke nema kriminal.
9. Transformer од Chicago на 08.09.2009 во 02:02 напиша:
Edinstvena dobra rabota na ovoj Carli Premier do sega.
10. Marija од usa на 08.09.2009 во 06:48 напиша:
Ova e nesto realno
11. sergjo од skopje на 08.09.2009 во 07:30 напиша:
Gospodine premier Nikola Gruevski.Vaka ne se vodi drzava.Jas kako gragjanin vi veruvav i kako sto bese daden rok da se kupi dvornoto mesto do febuari 2009 i koj go prodolzivte za dve godini go plativ po mnogu povisoka cena od onaa koja sega ja najavivte. Dali za toa sto navreme go kupiv dvornoto mesto prema zakonot koj prvicno go donesovte sum kaznet??? Dali ocekuvate jas i drugite gragjani koi postapija kako mene da vi veruvam i da gi pocituvam zakonite koi ke gi nosite ponatamu?
12. Рубин Крстески од Прилеп на 09.09.2009 во 12:46 напиша:
Нјаглупиот закон до сега. Тоа што сум го купил пред пет години не важи и ќе треба сега повторно да си го купувам од државата.
Само да се дери народот, од ваквите глупи закони со кои сака да се полнат касите на грбот на граѓанинот ќе изгуби ВМРО ДПМНЕ.
Чисти глупости.
13. tatoo од S на 08.09.2009 во 12:45 напиша:
Ова што го прави владата е чиста пљачка. На ваков ли начин ли ќе се пополнуваат дупките во буџетот? За срамота. Не верувам дека во некоја држава во светот има ваков преседан.
14. Скопјанец од Скопје на 08.09.2009 во 13:47 напиша:
Ова може но немора да влијае и на цената на становите...се дури народот си ги дава парите по цени и пет пати (!!!) повисоки од вистинските, нема да има ефект. Владата МОРА да се јави како инвеститор за изградба на ефтини станови, бидејќи „инвеститорите“ ќе направат се, за да ја измолзат сиромаштијата. Не е возможна оваа ситуација и мислам дека дури народот не се научи на БОЈКОТ на откупот на становите по таа цена (по примерот на американските купувачи) ситуацијата нема да се промени. Ова важи за сите сектори.
15. zoki на 08.09.2009 во 13:49 напиша:
Zosto se predmet na otkup sportskite sali, infrastrukturnite objekti, javnite institucii? Zarem se i tie divogradbi, a ova e dobar nacin nekoe vmrovce( citaj VMRO-DPMNE) za mali pari da si gi legaliziraat divogradbite.Ova dobro zvuci vo usite na narodot ako za edno evro ne mu baraat dvizenje na imotot od Aleksandar pa do denes.I na kraj traorno e so vakvi odluki od ministerstvoto za transport i vrski da se spasuva rejtingot na Gjujo i ostavkata na Mile.Zosto na referendum Gjujo ne ja stavi ostavkata na Mile po ovaa odluka.
16. Bojan од Veles на 08.09.2009 во 14:41 напиша:
Denarce skrseno ne vi davam G-dine Gruevski, ova e glupost nevidena da si gi otkupuvame sopstvenite dvorovi, sto ponatamu ke izmislite, da go plakame vozduhot sto go disime?
17. jule од ohrid на 08.09.2009 во 17:59 напиша:
Blaze si vi prijateli ako i veruvate na ovaa vlada i na grujo pa se sto kazaa izlazaa sega gi nosi zakonite i za eden mesec ne vazat tesko ovoj napaten narod redno vreme e da se opameti pozzz
18. ilija од skopje на 09.09.2009 во 18:35 напиша:
E vaka me zazna mene Bane Crvenkapa jas si plakav osiguruvanje za vrabotenite i koga toj naednas rece koj ne plakal sega poevtino za 75%,Mora da bil Grujo kaj Bane na kurs
19. glacier од Skopje на 08.09.2009 во 22:13 напиша:
Podlo, podlo, mnogu podlo bese ova za lugjeto koi si gi otkupija od drzavata dvornite mesta po 30 EU/m2. Ova e nagrada za site sto ne sakale da platat vo ramku na rokovite. Na MRTvA eden kup kampanji: bidi cesen, bidi vakov, bidi takov, ti si makedonija.... a od druga strana samata vlada so svoite postapki si protivreci na kampanjite!!! E ne moze za nekoi ovaa drzava da e majka, za drugi makea!!
20. Ace од pp на 09.09.2009 во 15:34 напиша:
Pa ova nisto ne e novo. Istoto e i so strujata,koj ne plaka na kraj ke dobie popust, istoto e so davackite za penzisko, zdrastveno, koj ne plaka na kraj go molat i mu nudat popusti. Zaklucok: Ne plakajte nisto na ovaa drzava, na kraj ili ke vi prostat ili ke vi dadat golemi beneficii i popusti.
21. grqaganin so otkupen dvor од Skopje на 09.09.2009 во 13:05 напиша:
Gruevski! Ne se zezaj so graganite poshto ke ti se vratri kako bumerang. Neli do 1 januari godinava imashe rok za otkup. Da znaev deka ke gi davash bakshish, protivzakonski ke si cekav i ti ke mi go pokloneshe dvorot, a sega mi zema 5 iljadi evra i zgora na toa i sekoja godina danok ti plakkam. Izgleda sakash da im poklonish na lugeto za da glasaat za tebe na slednite izbori ili pak sakash da zemash poveke danok na imot. Sramota! Luge krediti ushte otplakkat za da go zapazat rokot za otkup. Ova kie bide skandal na godinata....
22. pero од pp на 09.09.2009 во 00:39 напиша:
abe kolku pati ce gi kupuvame dvorovite padedomi go kupil od turcite, na dedomi golem del mu zede tito i toa malce sto ni ostana sega treba da ni go prodade drzavata koja nikogas ne bila sopstvenik na toa mesto. bravos za lopovskata vlada .
23. Razocarana од Skopje на 09.09.2009 во 09:02 напиша:
E ova e najgolemiot SRAM na ovaa vlada. Na toa nivo padnavte pa za da go podnapolnite budzetot ke prodavate po 1 evro kvadrat? A sto e so onie koj navreme platile, koj zele krediti za da go pocituvaat zakonot i koj se uste go otplakaat so sto im trpi semejstvoto? Ke mi gi vrati li nekoj mene tie 3000 evra visok? Ke dadam uste 3000 ama i jas ke ja tuzam drzavata vo Strazburg. SRAM da Vi e i ARAM sto ne napravivte da se osekame kako najgolemi budali i otpadnici.
Владата насади недоверба по дворовите
Со драстичното поевтинување може да се предизвика ефектот граѓаните во иднина да не ги исполнуваат обврските, туку да се чека на намалувањата, предупредува Саво Климовски, експерт по уставно право Мерките на Владата со кои преку ноќ и присилно драстично се намалуваат одредени цени и се простуваат долгови за придонеси, кај граѓаните може да предизвикаат губење на вербата во правната држава, предупредуваат економисти и експерти по уставно право. Тие сметаат дека со таквите потези, кои се легитимни и легални за секоја Влада, може да се предизвика ефектот граѓаните во иднина да не ги исполнуваат обврските, туку да чекаат цените уште повеќе да паднат или целосно да се укинат различни давачки кон државата.
Саво Климовски, универзитетски професор по Уставно право, смета дека со вакви потези правниот систем во земјава станува несигурен.
- Не е спорно тоа што Владата може да изврши промени во цените на одредени недвижности или услуги. Но, како сега да му објасните на еден граѓанин што својот двор го откупил по една, значително повисока цена, а сега неговиот комшија, кој тоа не го направил од различни причини, да може да го откупи по многу, многу пониска цена. Во таква ситуација, нормална реакција на луѓето ќе биде „нема ниту јас да плаќам бидејќи кога голем број луѓе нема да ги платат обврските, Владата сигурно ќе ги намали цените“ - предупредува Климовски.
Тој потсетува и на случајот со „патриотските“ фискални каси по кој, на крајот, профитираа оние што воопшто не ги инсталирале промените наложени од власта, а загубија оние што постапија како што беше побарано.
Владата реши во иднина граѓаните да можат за само едно евро да откупат квадратен метар од дворните површини во ситуација кога досега за тоа плаќале и до 13 евра, во зависност од локацијата. Последната цена дојде по серија на промени во оваа област правени во изминативе години. На сличен начин, кон крајот на минатата година, во рамките на првиот пакет на антикризните мерки, Владата реши на многу фирми да им ги отпише каматите на долговите за неплатени даноци и придонеси за задолжително социјално осигурување. Со тоа е предвидено да им се простат неплатените камати достасани до крајот на минатата година доколку го платат главниот долг. Истовремено, сите заостанати долгови на фирмите за здравствено осигурување со каматите пресметани до крајот на 2008 година се ставија во мирување во следните четири години, до 31 декември 2012 година и во тој период не се пресметува камата.
Според Кире Наумов од Економскиот факултет во Скопје, на ваков начин предност добиваат неплаќачите.
- По ова, може да се случи тие, бидејќи досега чекале и не платиле, и понатаму да не плаќаат чекајќи да биде бесплатно државното градежно земјиште. Логиката на размислување би била: ако може за едно евро, може и без пари. Дури и ако не се испочитува рокот за приватизација на целото градежно државно земјиште, предвидената наплата на кирија што е најавена може да падне како неуставна мерка пред Уставниот суд - потенцира Наумов.
Професор Саво Климовски укажува дека во случајот, граѓаните што поскапо ги откупиле дворовите не можат да се повикаат на уставната одредба со која „законите и прописите не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случајот кога тоа е поповолно за граѓаните“.
- Таа одредба се однесува само на областа на кривичното право и не би можела да се примени на ваквата ситуација. Основно е овде тоа што иако мерката се претставува како економска, некои луѓе имаат чувство дека се изиграни - вели тој.
Градоначалникот на скопската општина Карпош Стевчо Јакимовски ја обвини Владата дека со намалените цени за откупот на дворовите ќе ги оштети буџетите на општините. Се работи за приходите што општините ги добиваат од Агенцијата за патишта во висина од 15 отсто од вредноста на продаденото земјиште.
- За годинава за овие намени беа планирани 13 милиони денари, а сега буџетските средства ќе се намалат на 5-6 милиони денари. Зошто ги чепкаат буџетите на општините, а не државниот буџет? Ќе биде нанесена катастрофална штета ако земјиштата под фабриките и другите инфраструктурни капацитети се продаваат исто така едно евро за квадрат - истакна Јакимовски.
(Г.Р - Б.Ѓ.)
Ставрески: Парите нема да се враќаат
Нема да им се враќаат пари на тие што земјиштето веќе го купиле по повисоки цени, изјави вчера вицепремиерот и министерот за финансии Зоран Ставрески.
Тој рече дека новата цена претставува еден од најправедните општествени процеси во овие 18 години.
- Мнозинството граѓани што го немаат откупено земјиштето се сиромашни и со ова им овозможуваме практично и тие да добијат еден дел од општественото богатство по цена што е пристапна за нив и на тој начин да почувствуваат придобивки од процесот на воведување пазарна економија. Тоа треба да им овозможи и на тие што беа губитници во транзицијата да добијат нешто во овој процес наспроти еден мал приватен клуб на капиталисти кои во 90-тите години стекнаа се' - рече Ставрески.
Овој ставревски или не си го познава својот народ или е паднат од марс! какви богаташи бре ? и дедо ми ли со пензија од 8000 денари е во тие? која рецесија бре кога ова беше во 2007 и 2008 година , луѓето побудалеа купувајќи акции!!! Кого мислат да прават будали?