За телефоните немаше казни ако некој не приклучи телефон.Затоа размисли кога нешто споредуваш.Поздрав.И ве молам престанете со партиски препукувања.Оваа работа е направена погрешна и тоа е факт.Тоа ште е направено добро е добро и секогаш е за пофалба но ова е жив РЕЗИЛ
Точно тоа се обидувам да им кажам на господава овде Свето.
Постојано прашуваат зошто ви смета намалувањето на цените? Што сега само да се мрчело? Кој е против тоа? Еве и ние сме купиле компјутери и коли и после тоа им паднале цените.....Што сакате сега? Кога биле високи цените зошто високи, кога биле ниски зошто ниски. Како лично ние да сме тие што урлале на прес конференции.
Викаат дека тие не платиле во рокот... дека сега тоа им одговара. Дека оние што платиле избрзале.
Зошто не платиле во рокот? Немале пари? Имале информации дека нешто се спрема? Знаеле нешто повеќе од обичниот граѓанин?
А рокот беше јасно напишан во законот 25.01.2009. После тоа данок за користење на градежно земјиште. Крај. Според пресметките требаше секоја година во тој случај да се плаќаат енормни цени за данок. Или можеби можеле да си дозволат да си плаќаат данок кој отприлика секоја година ќе требаше да се плаќа пола од цената што е потребна еднаш засекогаш да се купи градежното земјиште. Кој е тука капиталист, кој сиромашен????
Пази!! На 05.02.2009 владата во Службен весник, носи ново пролонгирање на веќе завршен рок. Значи ад-хок, пост фестум, шалили смо се....кој се заебал се заебал.
Како ние обичните и совесни граѓани да знаеме дека рокот ќе биде пролонгиран? Како да знаеме дека за некој месец цената ќе биде 1 евро квадрат? Небаре ова се коли, компјутери, патлиџани на пазар. Треба ли да бидеме блиски до поединци од владата? Треба да гледаме на гравчиња? На стаклени топки?
Ако Владата толку се фали со регулаторни гилотињи, транспарентност, јаки економисти, што не направила вистинска анализа неколку месеци пред завршување на двата рокови (пред пролонгирањата) да каже дека според анализите само мал број на граѓани извршиле откуп на земјиштето, во најголем дел причините биле високи цени, сложена документација, слабост на институците итн и од тие причини рокот ќе биде продолжен за толку и толку, цените ќе бидат толку и толку.
Тоа се случи во два наврати. Првиот беше кога за 50% ги намалија цените по квадрат, а вториот сега кога ги нивелираа цените и за Центар и за Конопиште.
Значи во рок од 2,5 години, ја искачија цената до небо, ја урнисаа до земја, небаре се работи за коли и компјутери, или има осцилации во понудата и побарувачката и извршија сегрегација на 3 категории на граѓани во случајов од кога е донесен законот 2007 до сега. Едни најбудали, кои платија најскапо, гарант се тоа трули капиталисти кои имале време да изграбаат се и сега имаат и пари да платат. Вторите помалку будали, кои биле курнази, чекале, калкулирале, нешто потслушнале и поминале за пола цена од овие првите. И на крај третите, некои членови на овој форум, на кои ете им се посреќило што не платиле во рок и сега ќе кркнат и по еден одмор во Охрид.
Како ќе му ја објаснат сега логиката на оние од Центар дека нивното земјиште вреди исто со земјиштето на жител на Конопиште. Ај сите да се преселиме таму! Што ќе плаќаме во Скопје, кога за иста цена имаш здрава и чиста околина во Конопиште? Оној Б.Ц сега испадна курназ, што им го шитна на Турците плацот под Рамстор за 25 евра квадрат. Тогаш дрва и камења се фрлаше од сегашнава власт дека многу ефтино продал. Имало сомнежи дека се работи за корупција.
Ете за таква правна несигурност и дискриминација на граѓаните, која ја генерира самата Влада, цело време се обидував да им го пренесам мојот револт поради тоа на форумов. Тие постојано се враќаат наназад и викаат а СДС што правеше? Е па СДС и затоа ги изгуби изборите. А Вас ве избравме да не бидете како нив.
Од друга страна министерот за финансии изјавува дека ( ПАЗИ ) немале информација колку граѓани до сега извршиле откуп и уште колку останале. Тогаш врз основа на што пресметале дека цената од 1 евро квадрат ќе биде поволна за сиромашните? Можеби и таа нема да биде поволна сега? Можеби на повеќето од нив ќе им одговара 0,1 евро по квадрат. Можеби ќе треба да им се даде за без пари? Ако е точно дека 30% од граѓаните живеат на работ на сиромаштијата, како тие луѓе ќе најдат сега пари да си го откупат земјиштето? Еве имаат рок до 25.01.2011. Зарем некој мисли дека човек што прехранува четиричлено семејство, со социјална помош, ќе најде 500 евра така да си го плати дворот? Нон сенс.
Или можеби се работи за добро смислена мерка под обландата на финансиската криза ( а просечната плата постојано расте), капиталистите од 1994 и сиромаштијата сега, некој да лапне земјиште од 1 евро, кој до сега го има добиено под закуп од страна на државата? И волкот сит и овците на број? Вемето ќе покаже. Тогаш Б.Ц и Н.Г ќе треба да бидат сместени во ист кош и да се стави равенство помеѓу нив.
Читаме по весници дека ова сега ќе претставувало крај на повеќедеценискиот грабеж на државно земјиште. Небаре некој им дошол на луѓето дома и им го грабнал земјиштето.
Грабеж е и кога по симболични цени се распродава државно земјиште!
Потоа министерот за финансии образложува дека сега оваа мерка е за сиромаштијата која наспроти капиталистите од 90-тите години што изграбале се, сега сиромашните ќе можат да грабнат земја за 1 евро. Значи ли тоа дека треба сите да размислуваме во насока на грабање? Многу јака порака. Значи не се труди на сиромавиот да му дадеш шанса да работи и заработи, па после тоа да има пари да плати данок на државата, туку остави го во темнина и соопштувај му “капка по капка систем” пред секој празник, дека еве ве частиме со земја, со струја ....мислиме на вас, за разлика од клетите капиталисти кои за нив си искупиле се, вас не ви оставиле ништо. Е клетите капиталисти 1998, 2002, 2006 ги турна народот од власт.
Еве, ако најдам начин, ќе го поканам министерот да дојде на кафе, барем да ги запознае трулите капиталисти кои го почитувале законот и си платиле за дворот. И да дознае на кој начин го направиле тоа. Ама и ќе го прашам како заклучиле дека цена по квадрат е едно евро. И ќе го прашам кој е рецептот во иднина кога ќе има рокови за плаќање и обврски кон државата, како да се постапи за да се помине и со платени давачки и да се помине со одмор во Охрид.
Ете затоа граѓаните кои совесно постапиле во овој случај се чувствуваат измамени од државата. Имаше еден пензионер на Канал 5 кој изјави дека си ги потрошил последните заштеди за ова и дека никогаш нема да се помири со оваа одлука. Гарант е некој тежок опозиционер и капиталист. Како не му е срам. Што не чекал да помине рокот па после да си плаќа по 100000 денари годишно кирија за дворот во кој го поминал целиот свој живот. Будала што почитувал рокови.
Заклучок: Не почитувај држава, закони и рокови и ќе имаш и за одмор во Охрид, а можеби и некое ново количе и плацче ќе падне од разликата во цената. :nenene: