Дворното земјиште ќе се продава по едно евро за метар квадратен

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Едно клучно прашање: Каде ќе одат сите ЕВРА од дворните земјишта? И за што ќе се искористат?
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Едно клучно прашање: Каде ќе одат сите ЕВРА од дворните земјишта? И за што ќе се искористат?
Би требало да одат во модернизација на катастарските услуги и евиденција на приватната сопственост која е неприкосновена во современите и демократски земји.:toe:

Во ред.....А ти како градежник дали можеш да ме упатиш кои документи се потребни и каде да ги извадам...благодарам однапред.......Може и по Л.П да не случајно бидеме надвор од темава.......
Обрати се уште утре во Општината,односно локалната самоуправа,таму се ќе ти објаснат и ќе ти ги земат парите.:smir:
 

sveto4aki2

РОДИТЕЛ
Член од
17 јануари 2009
Мислења
268
Поени од реакции
37
Бидејки не знаев дека има отворено ваква тема затоа и овдека ке кажам што мислам.Имено на повеќе пати разни влади давале повик да се откупаува градежното земјиште а цената постепено се намалуваше и намалуваше но ниеднаш немаше никаков услов за откупување или било какво предупредување што ако не се откупи градежното земјиште.Владата на сегашниот премиер лани даде уредба за откуп на градежното земјиште со цени на рати и 40% попуст ако се плати во кеш,а сите оние кои нема да го откупат заклучно со 02.2009 ке станат кираџии на земјиштето со плаќање на кирија секој месец.Значи државата го излажа сопствениот народ и излегува дека сите оние што ги почитуваат законите во државава,кои си ги плаќаат редовно своите обврски се будали а сите оние што цел живот живеат на туѓа сметка се паметни.Со кои образ сега ќе бара државата понатаму некој редовно да и плаќа.Сите оние кои не плаќаат струја,вода даноци сега државата ги части.СРАМОТА:drk::drk::drk::drk::drk:
 
Член од
8 септември 2009
Мислења
18
Поени од реакции
0
ПРАВ НА СИГУРНОСТ - ВЛАДАТА ЈА НАМАЛИ ЦЕНАТА ЗА ОТ КУП НА ДВОР НО ТО ЗЕМЈИШТЕ

Будалите платија скапи дворови

Гра ѓа ни те што изминатава година ги откупија дворните места по по ви со ка це на бараат да им бидат вратени екстра парите кои ги платиле. Зав че ра премиерот Никола Груевски изјави дека цената за квад ра тен метар градежно изградено земјиште се на ма лу ва на 1 евро и граѓаните ќе тре ба да платат 10 до 12 пати помалку за да го от ку пат дворот. Граѓаните ре а ги ра ат дека по ова намалување на цените на земјиштето се доведени во нерамноправна по лож ба.


"Зна чи ли ова дека сите совесни граѓани што почитуваат закон и ги от ку пи ја дворните места по многу повисока цена, се будали. Знам мои со се ди што мораа да се задолжат и да земат кредит за да го платат из но сот. До ма ќи ни те што сакаа навреме да си го регулираат домувањето - пла ти ја. А и ка ко да не платиш, кога те заплашуваат дека ќе мора да да ваш висока ки ри ја на земјиштето ако не го откупиш", вели еден од газ ди те на поскапо пла те ното дворно место.
За Владата работата е кој платил - платил. Владиниот портпарол Мар тин Мар ти но ски, вчера, пред полетувањето за Кина, изјави дека по ев ти ну ва ње то на цената за откуп на земјиштето е направена со цел да за вр ши и овој процес на приватизација.
"Не може да се зборува за враќање пари на оние што го откупиле зем јиш те то по стара цена. Тоа е исто како со даноците. Кога стапката е по ви со ка, плаќаме по неа, кога ќе падне, плаќаме помал данок. Прав на та си гур ност на граѓаните не се доведува под прашалник,, таа е за га ран ти ра на. Гра ѓа ни те треба да ја почитуваат важечката регулатива", из ја ви вчера Мар ти носки.
Прес мет ки те кои ги кажа премиерот Груевски, покажуваат дека за двор од 500 квадратни метри досега во општините Центар, Кар пош, Ае род ром, Кисела Вода или Чаир требаше да се плати околу 5.500 до 6.000 ев ра. Со намалувањето на цената, за истиот двор гра ѓа ни те ќе треба да пла тат само 500 евра или за цели 5.000 до 6.000 евра по мал ку. Во Гевгелија, Ки че во, Охрид, Тетово, Гостивар, Битола и во Ку ма но во, за 500 квад рат ни метри дворно земјиште досега беа потребни око лу 4.000 евра. Отсега ќе би дат потребни само 500 евра или 3.500 евра помалку, а слични се прес мет ки те и за другите места во Македонија.
Про це сот на приватизација на градежното изградено земјиште е почнат од 2003 го ди на и досега се води трапаво.
Во почетокот државното земјиште беше поделено во пет зони, а цената на нај ска пи от квадрат беше 1.500 денари.
По тоа следеа уште неколку корекции на цените, а според последната, во фев ру а ри лани, најскапиот квадрат во Центар во Скопје за дворно мес то на куќа беше 800 денари, а за двор на станбена зграда 500 де на ри.
И тогаш граѓаните побараа да им бидат вратени парите на тие што до то гаш ги откупиле дворовите по повисока цена. Владата тогаш изјави де ка "ќе анализира дали ќе се враќаат парите. Треба да се утврди фак тич ка та сос тој ба и да се видат можностите за евентуално враќање на парите".
По тие цени, законската обврска за откуп на дворните места беше до 25 ја ну а ри годинава. Откако Министерството за финансии во декември ла ни про це ни дека е краток периодот за да се доврши откупот затоа што е ком пли ку ва на процедурата за обезбедување документација, рокот за откуп бе ше пролонгиран до 2011 година. (А.С.)

***

СДСМ: Кој ќе ја врати разликата во цените за дворното земјиште?

СДСМ вчера ја критикуваше последната одлуката на Владата за намалување на це ни те за откуп на дворното земјиште. Јани Макрадули, член на извршниот одбор на СДСМ, смета дека последните "пишман одлуки" на Владата имаат цел да со пла ги јат проекти да ја скријат паниката од слабите економски резултати на власта. Спо ред него, Владата на Никола Груевски во изминатите три години двапати ги зго ле мила цените на дворното земјиште, со што дополнително ги оптоварила граѓаните и фир ми те.
"СДСМ неколкупати ја повикуваше Владата да ги намали цените за откуп на двор но то земјиште. Бидејќи го одбиваше нашиот предлог без образложение, сега нека им об јас ни на граѓаните и на фирмите како и кога ќе им ја врати разликата во цените за от куп на нивното земјиште", истакна Макрадули.
СДСМ вчера ја обвини власта и за плагијат на проектот за енергетска сиромаштија, кој СДСМ го предлагаше во последните две години.
"Пред ло гот на СДСМ е многу конкретен, со многу јасен опфат и пресметка. За 80 ил ја ди семејства по 1.000 денари месечно за покривање на сметките за струја", рече Мак ра ду ли. Н.С.

***

Вла да та ги одложи казните за ХАСАП, а прости и долгови за здравствено и пензиско

Вла да та и претходно се покажуваше дарежлива кон оние што не ги почитуваат за ко ни те, роковите и не си ги плаќаат давачките.
Во мај годинава, Владата по втор пат го одложи и казнувањето на фирмите кои во за кон ски от рок не го воведоа системот за безбедност на храната ХАСАП, иако од 1 ја ну а ри годинава производителите на храна и угостителите се обврзани да имаат ХАСАП. Од ло жу ва ње то на казните до јануари 2010 година овој пат се правдаше со светската еко ном ска криза.
Во текот на 2007 и 2008 година надлежната Дирекција за храна и Министерството за здрав ство масовно огласуваа предупредувања дека сите фирми до 1 јануари 2009 го ди на се обврзани да го воведат системот, зашто по 1 јануари ќе следат казни. Сепак, ХА САП воведоа само оние фирми кои поверуваа на заканите од Дирекцијата и од Ми нис терс тво то и инвестираа повеќе стотици до илјадници евра. Останатите досега ни кој не ги казни за непочитување на законите.
Вла да та на фирмите должници кон Фондот за здравство им ги прости и неплатените при до неси за здравствено осигурување, а на фирмите кои не плаќале редовно пен зи ско осигурување им ги прости каматите за долгот кон Фондот за пензиско и ин ва лид ско осигурување. Отпишувањето на долговите и на казните беше дел од пакетот ан тик риз ни мерки кои Владата ги донесе за намалување на последиците од гло бал на та економска криза.
SRAMOTA

Владата ги стимулира неплаќачите, наместо совесните?


09.09.2009

Одлуката на Владата, дворното место наместо за 13 да се откупува за 1 евро, предизвика реакција кај граѓаните кои навреме го откупија своето земјиште и бараат надоместок на разликата во цена. Според аналитичарите Владата со вакви мерки ги стимулира неплаќачите, наместо совесните граѓани.
Новата владина мерка дворовите да можат да се откупат за 1 наместо за 13 евра, наиде на критики и од граѓаните и од опозицијата и од експертите. Дел од граѓаните кои веќе ги откупија своите дворови за многу повисоки цени побараа да им се врати разликата во цената што ја платиле. Слична ваква мерка имаше и претходно кога Владата реши да им се отпишат долговите на фирмите. И тогаш многумина стопанственици кои уредно си ги исполнувале обврските се почуствуваа обесправени. Исто беше и со ХАСАП системот, и таму беа „помилувани“ оние кои не го испочитуваа рокот за негово воведување. Аналитичарите велат дека ваквите одлуки можат да ги револтират .граѓаните, но тие одлуки немаат ретроактивно дејство, односно нема да важат за оние кои веќе си ја завршиле обврската според тогашниот закон. Адвокатот Драган Малиновски кој е и поранешен антикорупционер, вели дека во последно време се почести се примерите кога оние луѓе кои ги почитуваат законите се доведуваат во понеповолна ситуација од оние кои не си ги испочитувале одлуките.
Или ако исполнат некоја обврска и тоа го направиле на време, подоцна се добива впечаток дека поминале полошо и се доведуваат во многу понеповолна позиција отколку оние што тоа не го испочитувале на време


„Или ако исполнат некоја обврска и тоа го направиле на време, подоцна се добива впечаток дека поминале полошо и се доведуваат во многу понеповолна позиција отколку оние што тоа не го испочитувале на време.“

Уставот не дозволува ретроактивно дејство на законите, но сепак треба да има некоја можност со која државата ќе им компензира на оние граѓани кои веќе платиле повискоа цена., вели професорот Саво Климовски.

„Владата е слободна да одлучува во конкретниот случај ценејќи ги економските, социјалните и другите околности и измени што настанале во општеството. И во тој случај овде се донесува многу поповолен закон за поширок круг на луѓе, а тоа што се обеспрвени одреден друг круг на луѓе, нормално дека кај нив ова создава револт, создава бес итн.“

Опозицијата веднаш по одлуката на Владата, запраша кој ќе им ја врати разликата во цената за откуп на земјиштето на граѓаните? И тие побараа оштетените граѓани да се обештетат.

http://www.makdenes.org/content/article/1818630.html
 
Член од
8 септември 2009
Мислења
18
Поени од реакции
0
Nekolku komentari na lugjeto za poslednovo salto na vladata od sajtot na A1:

6. Mirko од Vlae, Skopje на 08.09.2009 во 00:05 напиша:
Odlukata na Vladata e za pozdrav, megutoa bidejki sum eden od onie sto veke go platija zemjisteto za 800 denari od kvadrat, se interesiram dali istata vazi i retroaktivno,odnosno dali ke ni bide refundirana razlikata na cenata, imajki predvid deka sum megu prvite vo mojata okolina sto go ima otkupeno dvornoto zemjiste.

Ke bide mnogu nepravedno dokolku istoto zemjiste im bide dostapno za 61 denar od kvadrat na site onie koi dosega odbivaa da go storat toa, a nam koi veke ja imame zavrseno postapkata vo interes na drzavata da ne cini 13 pati poveke! Se nadevam deka Vladata go ima ova vo predvid.

7. ana од Viena на 08.09.2009 во 00:51 напиша:
Aman be Pa sega treba i svoite dvorovi da gi kupime od drzavata. A shto beshe do sega takanarecenata PRIVATIZACIJA

(koja vazi samo 100 godini.)

Ili sega Privatizacijata zavrshi i -opa- ni treba neshto novo za da zemame pari od narodot.

SRAMOTA

8. omer од praga на 08.09.2009 во 01:28 напиша:
bravo za vladata i sega ostana uste edna rabota na vlada dase rusi ovije pecurki kako stoje topana,gazi baba, dizonska, serava, i mesto ovije pecurki da se gradi zgradi i tek togas skopje ke bide ubav grad cist grad i ke nema kriminal.

9. Transformer од Chicago на 08.09.2009 во 02:02 напиша:
Edinstvena dobra rabota na ovoj Carli Premier do sega.

10. Marija од usa на 08.09.2009 во 06:48 напиша:
Ova e nesto realno

11. sergjo од skopje на 08.09.2009 во 07:30 напиша:
Gospodine premier Nikola Gruevski.Vaka ne se vodi drzava.Jas kako gragjanin vi veruvav i kako sto bese daden rok da se kupi dvornoto mesto do febuari 2009 i koj go prodolzivte za dve godini go plativ po mnogu povisoka cena od onaa koja sega ja najavivte. Dali za toa sto navreme go kupiv dvornoto mesto prema zakonot koj prvicno go donesovte sum kaznet??? Dali ocekuvate jas i drugite gragjani koi postapija kako mene da vi veruvam i da gi pocituvam zakonite koi ke gi nosite ponatamu?

12. Рубин Крстески од Прилеп на 09.09.2009 во 12:46 напиша:
Нјаглупиот закон до сега. Тоа што сум го купил пред пет години не важи и ќе треба сега повторно да си го купувам од државата.

Само да се дери народот, од ваквите глупи закони со кои сака да се полнат касите на грбот на граѓанинот ќе изгуби ВМРО ДПМНЕ.

Чисти глупости.

13. tatoo од S на 08.09.2009 во 12:45 напиша:
Ова што го прави владата е чиста пљачка. На ваков ли начин ли ќе се пополнуваат дупките во буџетот? За срамота. Не верувам дека во некоја држава во светот има ваков преседан.

14. Скопјанец од Скопје на 08.09.2009 во 13:47 напиша:
Ова може но немора да влијае и на цената на становите...се дури народот си ги дава парите по цени и пет пати (!!!) повисоки од вистинските, нема да има ефект. Владата МОРА да се јави како инвеститор за изградба на ефтини станови, бидејќи „инвеститорите“ ќе направат се, за да ја измолзат сиромаштијата. Не е возможна оваа ситуација и мислам дека дури народот не се научи на БОЈКОТ на откупот на становите по таа цена (по примерот на американските купувачи) ситуацијата нема да се промени. Ова важи за сите сектори.

15. zoki на 08.09.2009 во 13:49 напиша:
Zosto se predmet na otkup sportskite sali, infrastrukturnite objekti, javnite institucii? Zarem se i tie divogradbi, a ova e dobar nacin nekoe vmrovce( citaj VMRO-DPMNE) za mali pari da si gi legaliziraat divogradbite.Ova dobro zvuci vo usite na narodot ako za edno evro ne mu baraat dvizenje na imotot od Aleksandar pa do denes.I na kraj traorno e so vakvi odluki od ministerstvoto za transport i vrski da se spasuva rejtingot na Gjujo i ostavkata na Mile.Zosto na referendum Gjujo ne ja stavi ostavkata na Mile po ovaa odluka.

16. Bojan од Veles на 08.09.2009 во 14:41 напиша:
Denarce skrseno ne vi davam G-dine Gruevski, ova e glupost nevidena da si gi otkupuvame sopstvenite dvorovi, sto ponatamu ke izmislite, da go plakame vozduhot sto go disime?

17. jule од ohrid на 08.09.2009 во 17:59 напиша:
Blaze si vi prijateli ako i veruvate na ovaa vlada i na grujo pa se sto kazaa izlazaa sega gi nosi zakonite i za eden mesec ne vazat tesko ovoj napaten narod redno vreme e da se opameti pozzz

18. ilija од skopje на 09.09.2009 во 18:35 напиша:
E vaka me zazna mene Bane Crvenkapa jas si plakav osiguruvanje za vrabotenite i koga toj naednas rece koj ne plakal sega poevtino za 75%,Mora da bil Grujo kaj Bane na kurs

19. glacier од Skopje на 08.09.2009 во 22:13 напиша:
Podlo, podlo, mnogu podlo bese ova za lugjeto koi si gi otkupija od drzavata dvornite mesta po 30 EU/m2. Ova e nagrada za site sto ne sakale da platat vo ramku na rokovite. Na MRTvA eden kup kampanji: bidi cesen, bidi vakov, bidi takov, ti si makedonija.... a od druga strana samata vlada so svoite postapki si protivreci na kampanjite!!! E ne moze za nekoi ovaa drzava da e majka, za drugi makea!!

20. Ace од pp на 09.09.2009 во 15:34 напиша:
Pa ova nisto ne e novo. Istoto e i so strujata,koj ne plaka na kraj ke dobie popust, istoto e so davackite za penzisko, zdrastveno, koj ne plaka na kraj go molat i mu nudat popusti. Zaklucok: Ne plakajte nisto na ovaa drzava, na kraj ili ke vi prostat ili ke vi dadat golemi beneficii i popusti.

21. grqaganin so otkupen dvor од Skopje на 09.09.2009 во 13:05 напиша:
Gruevski! Ne se zezaj so graganite poshto ke ti se vratri kako bumerang. Neli do 1 januari godinava imashe rok za otkup. Da znaev deka ke gi davash bakshish, protivzakonski ke si cekav i ti ke mi go pokloneshe dvorot, a sega mi zema 5 iljadi evra i zgora na toa i sekoja godina danok ti plakkam. Izgleda sakash da im poklonish na lugeto za da glasaat za tebe na slednite izbori ili pak sakash da zemash poveke danok na imot. Sramota! Luge krediti ushte otplakkat za da go zapazat rokot za otkup. Ova kie bide skandal na godinata....

22. pero од pp на 09.09.2009 во 00:39 напиша:
abe kolku pati ce gi kupuvame dvorovite padedomi go kupil od turcite, na dedomi golem del mu zede tito i toa malce sto ni ostana sega treba da ni go prodade drzavata koja nikogas ne bila sopstvenik na toa mesto. bravos za lopovskata vlada .

23. Razocarana од Skopje на 09.09.2009 во 09:02 напиша:
E ova e najgolemiot SRAM na ovaa vlada. Na toa nivo padnavte pa za da go podnapolnite budzetot ke prodavate po 1 evro kvadrat? A sto e so onie koj navreme platile, koj zele krediti za da go pocituvaat zakonot i koj se uste go otplakaat so sto im trpi semejstvoto? Ke mi gi vrati li nekoj mene tie 3000 evra visok? Ke dadam uste 3000 ama i jas ke ja tuzam drzavata vo Strazburg. SRAM da Vi e i ARAM sto ne napravivte da se osekame kako najgolemi budali i otpadnici.

Владата насади недоверба по дворовите

Со драстичното поевтинување може да се предизвика ефектот граѓаните во иднина да не ги исполнуваат обврските, туку да се чека на намалувањата, предупредува Саво Климовски, експерт по уставно право Мерките на Владата со кои преку ноќ и присилно драстично се намалуваат одредени цени и се простуваат долгови за придонеси, кај граѓаните може да предизвикаат губење на вербата во правната држава, предупредуваат економисти и експерти по уставно право. Тие сметаат дека со таквите потези, кои се легитимни и легални за секоја Влада, може да се предизвика ефектот граѓаните во иднина да не ги исполнуваат обврските, туку да чекаат цените уште повеќе да паднат или целосно да се укинат различни давачки кон државата.

Саво Климовски, универзитетски професор по Уставно право, смета дека со вакви потези правниот систем во земјава станува несигурен.

- Не е спорно тоа што Владата може да изврши промени во цените на одредени недвижности или услуги. Но, како сега да му објасните на еден граѓанин што својот двор го откупил по една, значително повисока цена, а сега неговиот комшија, кој тоа не го направил од различни причини, да може да го откупи по многу, многу пониска цена. Во таква ситуација, нормална реакција на луѓето ќе биде „нема ниту јас да плаќам бидејќи кога голем број луѓе нема да ги платат обврските, Владата сигурно ќе ги намали цените“ - предупредува Климовски.

Тој потсетува и на случајот со „патриотските“ фискални каси по кој, на крајот, профитираа оние што воопшто не ги инсталирале промените наложени од власта, а загубија оние што постапија како што беше побарано.

Владата реши во иднина граѓаните да можат за само едно евро да откупат квадратен метар од дворните површини во ситуација кога досега за тоа плаќале и до 13 евра, во зависност од локацијата. Последната цена дојде по серија на промени во оваа област правени во изминативе години. На сличен начин, кон крајот на минатата година, во рамките на првиот пакет на антикризните мерки, Владата реши на многу фирми да им ги отпише каматите на долговите за неплатени даноци и придонеси за задолжително социјално осигурување. Со тоа е предвидено да им се простат неплатените камати достасани до крајот на минатата година доколку го платат главниот долг. Истовремено, сите заостанати долгови на фирмите за здравствено осигурување со каматите пресметани до крајот на 2008 година се ставија во мирување во следните четири години, до 31 декември 2012 година и во тој период не се пресметува камата.

Според Кире Наумов од Економскиот факултет во Скопје, на ваков начин предност добиваат неплаќачите.

- По ова, може да се случи тие, бидејќи досега чекале и не платиле, и понатаму да не плаќаат чекајќи да биде бесплатно државното градежно земјиште. Логиката на размислување би била: ако може за едно евро, може и без пари. Дури и ако не се испочитува рокот за приватизација на целото градежно државно земјиште, предвидената наплата на кирија што е најавена може да падне како неуставна мерка пред Уставниот суд - потенцира Наумов.

Професор Саво Климовски укажува дека во случајот, граѓаните што поскапо ги откупиле дворовите не можат да се повикаат на уставната одредба со која „законите и прописите не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случајот кога тоа е поповолно за граѓаните“.

- Таа одредба се однесува само на областа на кривичното право и не би можела да се примени на ваквата ситуација. Основно е овде тоа што иако мерката се претставува како економска, некои луѓе имаат чувство дека се изиграни - вели тој.

Градоначалникот на скопската општина Карпош Стевчо Јакимовски ја обвини Владата дека со намалените цени за откупот на дворовите ќе ги оштети буџетите на општините. Се работи за приходите што општините ги добиваат од Агенцијата за патишта во висина од 15 отсто од вредноста на продаденото земјиште.

- За годинава за овие намени беа планирани 13 милиони денари, а сега буџетските средства ќе се намалат на 5-6 милиони денари. Зошто ги чепкаат буџетите на општините, а не државниот буџет? Ќе биде нанесена катастрофална штета ако земјиштата под фабриките и другите инфраструктурни капацитети се продаваат исто така едно евро за квадрат - истакна Јакимовски.

(Г.Р - Б.Ѓ.)

Ставрески: Парите нема да се враќаат

Нема да им се враќаат пари на тие што земјиштето веќе го купиле по повисоки цени, изјави вчера вицепремиерот и министерот за финансии Зоран Ставрески.

Тој рече дека новата цена претставува еден од најправедните општествени процеси во овие 18 години.

- Мнозинството граѓани што го немаат откупено земјиштето се сиромашни и со ова им овозможуваме практично и тие да добијат еден дел од општественото богатство по цена што е пристапна за нив и на тој начин да почувствуваат придобивки од процесот на воведување пазарна економија. Тоа треба да им овозможи и на тие што беа губитници во транзицијата да добијат нешто во овој процес наспроти еден мал приватен клуб на капиталисти кои во 90-тите години стекнаа се' - рече Ставрески.

Овој ставревски или не си го познава својот народ или е паднат од марс! какви богаташи бре ? и дедо ми ли со пензија од 8000 денари е во тие? која рецесија бре кога ова беше во 2007 и 2008 година , луѓето побудалеа купувајќи акции!!! Кого мислат да прават будали? :drk: :drk: :drk: :drk: :drk: :drk:
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
Во оваа држава единствен бранител на интересите на народот остана уставниот суд, па да се надеваме дека тие ќе направат нешто, бидејќи се работи за дискриминација. Некој засегнат веројатно ќе реагира.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Нема назад пари за граѓаните кои купиле поскапо земјиште

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЗОРАН СТАВРЕСКИ ЗА ПОЕВТИНУВАЊЕТО НА ОТКУПОТ НА ДВОРОВИТЕ

Нема назад пари за граѓаните кои купиле поскапо земјиште

Огромно мнозинство од стотици илјади граѓани ќе добијат можност и тие нешто да стекнат во овој процес на транзиција по пониска цена, исто како една врхушка, еден мал приватен клуб на капиталисти во 90-тите години од минатиот век со процесот на приватизација ја доби таа можност, вели Ставрески

За граѓаните кои во изминативе години го откупиле државното земјиште на кое имаат изградено свои објекти по повисоки цени, процедурата е завршена. Од Министерството за финансии велат дека парите нема да им бидат вратени, но дека тоа не значи дека тие се ставени во нерамноправна положба со оние граѓани кои допрва Владата им даде можност да ги откупат своите дворови по само едно евро за квадратен метар.
- Постојните законски одредби важат во секоја ситуација и во сите земји. Сметам дека огромно мнозинство од стотици илјади граѓани ќе добијат можност и тие нешто да стекнат во овој процес на транзиција по пониска цена, исто како една врхушка, еден мал приватен клуб на капиталисти во 90-тите години од минатиот век со процесот на приватизација ја доби таа можност - појаснува министерот за финансии Зоран Ставрески.
За Ставрески определбата на Владата да понуди откуп на дворовите за само едно евро за квадрат е најправедниот општествен процес што во земјава се случува во овие 18 години.
- Мнозинството на граѓани што се уште го немаат купено земјиштето се сиромашни и со ова им овозможуваме на нив како губитници во транзицијата да добијат дел од општественото богатство по цена што е пристапна за нив. Истото земјиште тие ќе можат да го купат за едно евро и на тој начин да ги почувствуваат придобивките во процесот на воведување на пазарната економија. Тоа земјиште ќе можат потоа да го употребат во процесот на оплодување преку залог во банка при подигнување на кредити и слично, нагласува Ставрески.
Поевтинувањето на градежното земјиште треба да има за цел привршување на процесот на приватизација со кој граѓаните се стекнуваат со сопственост на земјиштето под нивните куќи и дворови. Постапката за откуп започна во 2003 година и досега се води со забавено темпо. Државното земјиште беше поделено во пет зони, а цената на најскапиот квадрат во центарот на Скопје беше 1500 денари за да по последните корекции направени во февруари 2008 година истите да поевтинат на 800 денари за двор во куќа, односно на 500 денари на станбена зграда. По овие цени се вршеше откупот до крајот на јануари годинава, кога на пример за двор од 500 квадрати во општините Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода или Чаир граѓаните плаќаа околу 5.500 до 6.000 евра. Откако Министерството за финансии процени дека е компликувана процедурата за подносителот да ја докомплетира документацијата, рокот се пролонгираше до 2011 година.
Сега, според владините пресметки за ист таков двор во посочените општини, граѓаните ќе треба да платат само 500 евра и новина е дека не постојат зони, туку цената од едно евро за квадрат важи за сите граѓани.
Ставрески вели дека се уште немаат официјални податоци колкав процент од земјиштето е откупено по старата уредба за откуп на градежно изградено земјиште. Граѓаните кои веќе ги откупиле дворовите по повисоките цени сметаат дека се ставени во нерамноправна положба со оние кои сега многу поевтино ќе ги откупат своите дворни места и поради тоа најавуваат поведување постапка пред Уставен суд.
Општините се против ваквата владина одлука за намалување на цената на дворните места бидејќи сметаат дека ќе изгубат многу затоа што три проценти од данокот од продажба на земјиштето, се влева во општинските каси.
-На овој начин на општина Карпош за 13 пати и се намалуваат буџетските приходи (досега откупот на дворните места беше по 13 евра за квадратен метар), а згора со намалување на средствата од Фондот за магистрални и регионални патишта од 13,5 на 5,6 милиони денари се прават дупкии во општинскиот буџет без притоа да ни кажат како да ја надоместиме - велат од општина Карпош.
За општинарите е несфатливо како државата при експропријација на приватно земјиште плаќа и по 100 евра за квадрат, а во овој случај го продава за само 1 евро.



http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=770BFE19BAF9D84C8FB0A33116A2D815
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Општините можат само да се сликаат,да попушат и да молчат,за ваквата одлука,која пак ќе напоменам дека е единствената добра во изминативе неколку години од владава за поголемиот дел од народот.Оние кој платиле по неколку илјади евра за да го трансформираат земјиштето,очигледно не се од делот невработени и социјално не обезбедени граѓани кој беа обесправени и од приватизацијата.:toe:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.810
Поени од реакции
12.299
Нема врска ова со поскапо-поефтино. Доколку претходната гарнитура сметала дека сме супербогаташи со толку високи цени, секако оваа не го смета тоа.
Друго, дали тие мајчини од А1 комнтаторите...дали се бунеа кога за телефон се наплаќаше 1000 марки, па 500 марки па сега е беспари? А со напомена дека тогаш телефонијата беше во сопственост на државата. Дали истите им е криво кога земаат кредит со 8% камата, за да веднаш по неколку дена истата се симне на 4%? Дали плачат кога купиле возило за 10.000, истото возило сега е 8.000? Или компјутер?...
Секогаш ќе бараме влакно во јајцето...такви мрчатори...:toe:
А тие што им смета дали размислиле нешто? Малку мозок да вклучат...нема да појаснам што...сами нека размислат колку им држи вода оваа критика.

Овие изјави подолу личат за изјави на експерти, професори и што знам се какви титули-личат колку што се и тие самите експерти :nesvest:
Владата насади недоверба по дворовите
Со драстичното поевтинување може да се предизвика ефектот граѓаните во иднина да не ги исполнуваат обврските, туку да се чека на намалувањата, предупредува Саво Климовски, експерт по уставно право Мерките на Владата со кои преку ноќ и присилно драстично се намалуваат одредени цени и се простуваат долгови за придонеси, кај граѓаните може да предизвикаат губење на вербата во правната држава, предупредуваат економисти и експерти по уставно право. Тие сметаат дека со таквите потези, кои се легитимни и легални за секоја Влада, може да се предизвика ефектот граѓаните во иднина да не ги исполнуваат обврските, туку да чекаат цените уште повеќе да паднат или целосно да се укинат различни давачки кон државата.

Саво Климовски, универзитетски професор по Уставно право, смета дека со вакви потези правниот систем во земјава станува несигурен.

- Не е спорно тоа што Владата може да изврши промени во цените на одредени недвижности или услуги. Но, како сега да му објасните на еден граѓанин што својот двор го откупил по една, значително повисока цена, а сега неговиот комшија, кој тоа не го направил од различни причини, да може да го откупи по многу, многу пониска цена. Во таква ситуација, нормална реакција на луѓето ќе биде „нема ниту јас да плаќам бидејќи кога голем број луѓе нема да ги платат обврските, Владата сигурно ќе ги намали цените“ - предупредува Климовски.

Тој потсетува и на случајот со „патриотските“ фискални каси по кој, на крајот, профитираа оние што воопшто не ги инсталирале промените наложени од власта, а загубија оние што постапија како што беше побарано.

Владата реши во иднина граѓаните да можат за само едно евро да откупат квадратен метар од дворните површини во ситуација кога досега за тоа плаќале и до 13 евра, во зависност од локацијата. Последната цена дојде по серија на промени во оваа област правени во изминативе години. На сличен начин, кон крајот на минатата година, во рамките на првиот пакет на антикризните мерки, Владата реши на многу фирми да им ги отпише каматите на долговите за неплатени даноци и придонеси за задолжително социјално осигурување. Со тоа е предвидено да им се простат неплатените камати достасани до крајот на минатата година доколку го платат главниот долг. Истовремено, сите заостанати долгови на фирмите за здравствено осигурување со каматите пресметани до крајот на 2008 година се ставија во мирување во следните четири години, до 31 декември 2012 година и во тој период не се пресметува камата.

Според Кире Наумов од Економскиот факултет во Скопје, на ваков начин предност добиваат неплаќачите.

- По ова, може да се случи тие, бидејќи досега чекале и не платиле, и понатаму да не плаќаат чекајќи да биде бесплатно државното градежно земјиште. Логиката на размислување би била: ако може за едно евро, може и без пари. Дури и ако не се испочитува рокот за приватизација на целото градежно државно земјиште, предвидената наплата на кирија што е најавена може да падне како неуставна мерка пред Уставниот суд - потенцира Наумов.

Професор Саво Климовски укажува дека во случајот, граѓаните што поскапо ги откупиле дворовите не можат да се повикаат на уставната одредба со која „законите и прописите не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случајот кога тоа е поповолно за граѓаните“.

- Таа одредба се однесува само на областа на кривичното право и не би можела да се примени на ваквата ситуација. Основно е овде тоа што иако мерката се претставува како економска, некои луѓе имаат чувство дека се изиграни - вели тој.

Градоначалникот на скопската општина Карпош Стевчо Јакимовски ја обвини Владата дека со намалените цени за откупот на дворовите ќе ги оштети буџетите на општините. Се работи за приходите што општините ги добиваат од Агенцијата за патишта во висина од 15 отсто од вредноста на продаденото земјиште.

- За годинава за овие намени беа планирани 13 милиони денари, а сега буџетските средства ќе се намалат на 5-6 милиони денари. Зошто ги чепкаат буџетите на општините, а не државниот буџет? Ќе биде нанесена катастрофална штета ако земјиштата под фабриките и другите инфраструктурни капацитети се продаваат исто така едно евро за квадрат - истакна Јакимовски.
(Г.Р - Б.Ѓ.)

Ставрески: Парите нема да се враќаат
Нема да им се враќаат пари на тие што земјиштето веќе го купиле по повисоки цени, изјави вчера вицепремиерот и министерот за финансии Зоран Ставрески.

Тој рече дека новата цена претставува еден од најправедните општествени процеси во овие 18 години.

- Мнозинството граѓани што го немаат откупено земјиштето се сиромашни и со ова им овозможуваме практично и тие да добијат еден дел од општественото богатство по цена што е пристапна за нив и на тој начин да почувствуваат придобивки од процесот на воведување пазарна економија. Тоа треба да им овозможи и на тие што беа губитници во транзицијата да добијат нешто во овој процес наспроти еден мал приватен клуб на капиталисти кои во 90-тите години стекнаа се' - рече Ставрески.
Мрч...дали заради потегот, дали заради...само да се биде контра се што оваа влада го презема?
Саво Климовски, хм...
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Паќањето на одредена “давачка“ кон државата се модифицира во зависност од условите и потребите на самата држава во даден момент.Доколку владата во овој момент одлучила дека 1 евро од квадрат е најприкладен износ за плаќање на земјиштето,таа цена останува се додека владата не одлучи дека потребите и условите за таа “давачка“ станале поинакви,па сходно на тоа треба да се смени износот или цената на самата “давачка“.
Инаку зошто не се бунтува некој или секој кој платил казна за одреден сообраќаен прекршок по стара цена,во износ од на пример 1000 денари,ако сега друг човек со одлука на владата треба за истиот прекршок да плати 18 000 денари?Има ли таков човек што ќе појде да доплати уште 17 000 денари,затоа што “давачката“ сега е прилично поскапа,а човекот го “гризе совест“ оти поминал толку ефтино?:toe:
 
Член од
8 септември 2009
Мислења
18
Поени од реакции
0
Паќањето на одредена “давачка“ кон државата се модифицира во зависност од условите и потребите на самата држава во даден момент.
Ова воопшто не е спорно. На крајот на краиштата може и да го подари заради што таа е сопственик.
Доколку владата во овој момент одлучила дека 1 евро од квадрат е најприкладен износ за плаќање на земјиштето,таа цена останува се додека владата не одлучи дека потребите и условите за таа “давачка“ станале поинакви,па сходно на тоа треба да се смени износот или цената на самата “давачка“.

Е тука има еден мал проблем, а тоа е дека согласно законот рокот за откуп беше одреден на 25.01.2009 година. На ден 05.02.2009 објавуваат дека рокот се продолжува за уште две години. Значи ли тоа дека граѓаните треба да гледаат на гравчиња, за да знаат што се ќе намисли Владата?


Инаку зошто не се бунтува некој или секој кој платил казна за одреден сообраќаен прекршок по стара цена,во износ од на пример 1000 денари,ако сега друг човек со одлука на владата треба за истиот прекршок да плати 18 000 денари?Има ли таков човек што ќе појде да доплати уште 17 000 денари,затоа што “давачката“ сега е прилично поскапа,а човекот го “гризе совест“ оти поминал толку ефтино?:toe:
Споредбата ти е малку лабава, затоа што овде се работи за недвижен имот (сети се на приказната за незначителни промени во пазарната цена на недвижнините во краток временски период) и затоа што овде се работи за давање, а не за земање. Уште повеќе што кога ќе се донесе закон за зголемени казни тоа се најавува месеци однапред, а не вака предпразнично, маркетиншки и популистички.

Мислам дека со ова Владата си направи контрауслуга а тоа е што им испрати порака на граѓаните дека неплаќањето на давачките кон неа може да биде наградено. Истото беше за Хасап-от, за фискалните... Некој инвестираше, некој не, на крај сите заедно во нови победи...:toe:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.810
Поени од реакции
12.299
Ние што чекавме, ризикувавме да добиеме повисока цена, укинување на секаков попуст или рати (имаше и такво нешто мислам), па и да ни воведат кирија. Секој си сноси одговорност за преземање на обврските за откуп или не. Сигурно дека со ова не се дава сигнал дека неплаќачите ќе победат :)
Ако не платам струја ме носат на суд, телефон исто...така и ова. Не гледам негативни ефекти за неплаќање на оваа давачка. Проблемот беше друг, што со купување на куќа, пресметка се вршеше и за двор, па за комуналии...инаку оваа давачка сигурно не може да се избегне и да се поттикнат граѓаните на непослушност само ради тоа што истата е намалена. Мислам, апсурд во самите реченици. Дајте факти за неплаќање на телефон само затоа што го намалија приклучокот и го укинаа...:tapp:

Фискалните...па тие воглавно се користат. Е сега што е во помалите места и во скопската периферија башибозук...:toe:
За Хасап системот...па скокнаа комора, експерти, големите олигарси, фирми...ќе ја линчуваа владата. Одеднаш се повлекуваат и пак владата е виновна...системот не се воведе можеби ради тајмингот -криза, проблем со ликвидност...а големи средстав се потребни за тој систем, сходно на големината и дејноста на фирмата.
Да не ги занемариме многуте експерти и нивните колумни преку кои до лани плукаа по овој систем, а затскриени зад економска и не знам каква неефктуирана неисплатливост.

glacier доколку живееш во куќа, знаеш дека е неможно за обичниот човек да ги избегне давачките, нели?
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Споредбата ти е малку лабава, затоа што овде се работи за недвижен имот (сети се на приказната за незначителни промени во пазарната цена на недвижнините во краток временски период) и затоа што овде се работи за давање, а не за земање. Уште повеќе што кога ќе се донесе закон за зголемени казни тоа се најавува месеци однапред, а не вака предпразнично, маркетиншки и популистички.

Мислам дека со ова Владата си направи контрауслуга а тоа е што им испрати порака на граѓаните дека неплаќањето на давачките кон неа може да биде наградено. Истото беше за Хасап-от, за фискалните... Некој инвестираше, некој не, на крај сите заедно во нови победи...:toe:
Што е битно за каков имот се работи кога се пари во прашање?Или мислиш дека со недвижниот имот,проблемот е и во навреда на личноста која платила повеќе пари за сопствениот двор одколку што би платила сега?Јас напоменав на овој форум дека знам луѓе кој оваа законска обврска ја платија само со 300 денари,или 5 евра и за цели 2 000 метри квадратни двор,пред 5-6 години.Зошто никој од нив не побара да доплати уште по 10 000 евра,одкако владата ја смени цената на 2-12 евра од квадрат,кога и таа одлука(со таа цена),беше донесена без предходно неколкумесечно предупредување?Или само да се мрчело нешто?:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom