....... по едно евро ќе се продава и земјиштето кое се наоѓа под или околу постоечките објекти за спорт и рекреација (спортски игралишта, терени, спортски сали...), инфраструктурните објекти (патишта, електрични и термоцентрали, водоводи..), објектите за јавни институции.
- Предностите и користа од оваа најнова мерка на Владата се очигледни. Стотици илјади македонски граѓани еднаш засекогаш ќе ја обезбедат сопственоста на дворното земјиште за себе и за своите поколенија. Тоа е праведен општествен процес во кој и тие конечно ќе почувствуваат придобивки од транзицијата, од преминот кон приватна сопственост и изградба на пазарна економија, ќе се забрза и заокружи историскиот процес на приватизацијата на земјиштето со што граѓаните конечно ќе стекнат сопственост на земјиштето под нивните куќи и во дворовите, ќе можат да го стават во функција ова земјиште, при земање кредит во банка, при продажба..., ќе се интензивираат активностите во градежништвото, изградбата и доградбата на куќи и други индивудуални станбени објекти, како и доградбата на станбените згради, инфраструктурните и спортските објекти, потенцира премиерот.