Да откупуваме или да почекаме уште малку.....белки за џабе ке ни го дадат?!?
Дворното земјиште ќе се продава по едно евро за метар квадратен, одлучи Владата
Македонските граѓани од денеска ќе можат да го откупуваат дворното земјиште на индивидуалните куќи и станбените згради по само едно евро или 61 денар за метар квадратен, соопшти премиерот Никола Груевски.
Досега, за еден метар квадратен дворно земјиште се плаќаше до 13 евра или 800 денари.
- За двор од 500 метри кавдратни до денес, во општините Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода или Чаир, требаше да се плати околу 5.500 до 6.000 евра. Со намалувањето на цената, за истиот двор граѓаните ќе треба да платат само 500 евра или за цели 5.000 до 6.000 евра помалку, односно 10 до 12 пати, рече Груевски на прес-конференција.
Според него, во Гевгелија, Кичево, Охрид, Тетово, Гостивар, Битола и Куманово, за 500 метри квадратни дворно земјиште досега беа потребни околу 4.000 евра. Отсега ќе бидат потребни само 500 евра или 3.500 евра помалку, а слични се пресметките и за сите други места во Македонија.
Груевски информира дека по едно евро ќе се продава и земјиштето кое се наоѓа под или околу постоечките објекти за спорт и рекреација (спортски игралишта, терени, спортски сали...), инфраструктурните објекти (патишта, електрични и термоцентрали, водоводи..), објектите за јавни институции.
- Предностите и користа од оваа најнова мерка на Владата се очигледни. Стотици илјади македонски граѓани еднаш засекогаш ќе ја обезбедат сопственоста на дворното земјиште за себе и за своите поколенија. Тоа е праведен општествен процес во кој и тие конечно ќе почувствуваат придобивки од транзицијата, од преминот кон приватна сопственост и изградба на пазарна економија, ќе се забрза и заокружи историскиот процес на приватизацијата на земјиштето со што граѓаните конечно ќе стекнат сопственост на земјиштето под нивните куќи и во дворовите, ќе можат да го стават во функција ова земјиште, при земање кредит во банка, при продажба..., ќе се интензивираат активностите во градежништвото, изградбата и доградбата на куќи и други индивудуални станбени објекти, како и доградбата на станбените згради, инфраструктурните и спортските објекти, потенцира премиерот.
Согласно владината одлука, станарите на зградите пропорционално би го откупиле дворот на зградата што ќе им даде можност за доградба.
http://www.time.mk/read/adef7dff4e/c931342a35/index.html