Значи вака:идната (школска) година планирам да се запишувам во Корчагин.И логично, би требале да ми се паднат професорите што сега им предаваат на 4та година.Ај ве молам, ако може некој од 4та, да ми каже што професори има и дали се строги, праведни...или нешто трето?
Сите ми викаат дека било тешко, дека нема да ја дигнам главата од учење, итн итн.Ама јас сум одлична(просек 5,00) и сакам да одам во Корчагин, иако ме разубедуваат.Имате некој совет за справување со професорите?
За најјака гимназија дека е тоа е точно,али дека е Алкатраз или нешто нема врска.Убаво ти кажа Драчево,веруј луѓе си поминуваат и со 3 саати учење цела година(тие 3 саати се на 8 јуни кога поправаш кецовите).
На сите професори таму им е заедничко што можеш уште првите 1-2 недели да извадиш добри оцени на лесен материјал.Ќе одговараш на 2 лекции,а после кога ќе испрашуваат не те чепкаат.Среди си се така на време после ти е лесно не ти се собира.Иначе еден совет....најлошо нешто што можеш да добиеш е 2ка.Кец ако ти стават кај сите можеш да го поправаш,а 2ка не.Од кец можеш на 3ка или па 4ка да ти го дигнат,али 2ката ќе ти остане.
Професорите.....па може Поповиќ матаматика да ти се падне.Жената знае матаматика,али го тупи со тоа доста.Добра е,не остава никогаш на полагање,па макар и да не знаеш 2 + 2 да зброиш,али ќе те натера да седнеш една 2ка да извадиш.Мисли дека матаматиката е најбитната ствар на светот и ако мразиш математика ќе ја мразиш и нејзе.Тестовите се тешки,најмногу кецови паѓаат таму.Ќе ти даде 5-6 задачи и нема некои препрости глупоти во нив и нема простор да згрешиш.Ти спремај се за 5ка,утепај се од учење,знај се згрешиш еден знак отиде задачата.А ако отиде задачата нема бодови одзимање крај е,отиде и оцената.Или цела точна или ништо.Уствари ради тоа и се заебани тестовите кај нејзе.
Македонски сака да се расправа со учениците,но сака кога и ги читаш лектирите и дискутираш на час.Биди колку толку активна на часови и многу полесно ќе ти биде на писмени.Ако не ја есапиш на час,а напишеш ремек дело не ти става повеќе од 3ка.Ако си активна 4ка на писмена не ти бега.Плус што добиваш плусеви и не те испрашува усно ако раскажеш за некоја од лектирите на час.За другите не знам кои би ти биле,а и можам тука цели реферати да ти пишувам за нив.
Уствари не ти е сигурно кои професори ќе ти бидат,а плус често ги менуваат од година во година.Ќе ти биде еден во прва,друго во 2 и 3та и сл.Башка има еден куп печени за во пензија.Уствари сите што ја направија репутацијата на Корчагин како затвор се во пензија или пред пензија.Од постарите што предаваат сега на 4та година скоро сите ќе отидат во пензија додека да завршиш.Многу млади доѓаат во последно време,а може една година еден друга година друг да ти стават професор.
П.С Тоа што си одлична во основно ништо не значи.Цела моја генерација со вишок запишани влезе со 5.00.Сега одлични во цела генерација дали се само 60-80 од 250 души.