Уф ама не се сложувам со тебе.............................................
Прво: тотално го заслуживме 4-тото место. Зошто?
Среќата е секогаш потребна, таа е составен дел од спортот. Ти имаш чудна дефиниција за „среќа“. Примерот што го кажа со Барселона е „среќа“. Да дадеш гол во продолжение во тотално изгубен меч и да се провлечеш. И за тоа треба знаење и упорност, ама имаа среќа.
Кога нас ни фалеше среќа? Ни фалеше со Хрватска кога прво ни исклучија играч и примивме гол минута-две пред крај. Ни фалеше против Романија кога прво добија поклон слободен удар а после Муту ни даде гол во 88-ма. Тука ни фалеше среќа.
Не е „среќа“, или „несреќа“, кога не можеш да упатиш удар во рамките на голот. Кога создаваш шанси, како со Исланд, ама нема кој да погоди. Не ни фалеше среќа со Исланд и со Норвешка, знаење ни фалеше. Рутина, искуство. Не ни фали среќа кога играч што има празен простор да шутне се обидува да додаде низ 4-ца одбранбени. Знаење е тоа. (Не)Квалитет. Што имаме голман кој не знае да излезе на нафрлена топка и прима голови низ раце....
Тотално го заслуживме 4-тото место. Што дека ја надигравме Шкотска едно полувреме кога доживеавме распад на системот во 2-ро? Среќа ли ни требаше, да дадеме гол во прво? Ни требаше. Ама факт е дека има уште 45 минути за играње. Кои ние не можевме да ги одиграме.
И последниот натпревар: блиску сме биле? 45 минути не шутнавме на гол. Не го ни видовме голот каде е. Тоа ли е менталитет? Менталитетот ни се менува полека...ама мнооооогу полека. Сега се к*рчиме со изјави, за разлика од порано. На терен, пак не пеглаат.
Шкотска и Норвешка покажаа дека се поискусни од нас. И едните и другите не победија на наши грешки, за разлика од нас кои не можеме да победиме и кога по 10 грешки ќе ни направи противникот. Дури и вакви какви што се, полоши никогаш не биле, пак се подобри од нас. Имаме вкупно 1 гол на гости во цел квалификациски циклус. Тоа е реалноста. Сакаме да ја прифатиме, или не. Среќата нема врска со тоа...
Ова не е критика за нашата репрезентација. Какви се - такви, наши се. Само сакам да потенцирам една од најважните причини зошто немаме напредок: после секои квалификации, после секој натпревар, излегуваме со истата „самокритика“: немавме среќа. Следниот пат ќе биде подобро. И дел од јавноста го прифаќа ова. Ако не е среќата, криви се судиите. Затоа 20 години не можеме да промениме ништо.
Треба работа. Треба организација. Треба знаење и квалитет. И треба среќа. Да дадеме гол во 90'та, или да ни промашат пенал, во некој клучен натпревар. Но прво треба да дојдеме до него.
ок тоа е твое мислење, јас како што реков мислам дека не го заслуживме. пак ќе кажам зошто. сите бодови (7, или колку и да беа) ги заслуживме. немаме бодови од утакмица со израмнета игра. уште полошо за нас немаме бодови во утакмица каде не сме заслужиле ни бод. затоа велам немаме спортска среќа. со незаслужени бодови се освојува и титула, и ЛШ и квалификации. не можеме да очекуваме од македонија да биде барселона и да меле секоја утакмица како би освојувале поени.
селекторот на шкотска после натпреварот изјави, ок можеби не заслуживме со оглед на играта во сите 90 мин, но сега се важни само бодовите.
два пати реков во мојот пост, дека тоа што го напишав важи само за овие квалификации. можеби некој друг се жалел дека ни требало среќа и во минатото, не сум бил јас
зборам во мое име. репрезентацијата ја сакам од срце, и ја следан нон-стоп од нејзиното формирање. тврдам дека никогаш не сме биле подобри. никогаш.
лесно е да се манипулира со факторот среќа, ама ајде еве велиш со хрватска ни требало среќа дека ни дале гол во 88ма минута. а ти текнува каков гол ние уствари дадовме? со други зборови кажано ние не дадовме гол, хрватскиот голман сам си даде. еден млитав шут на седловски, топката влезе во гол. јас не би рекол дека таа утакмица нешто сме заслужиле, а не сме освоиле.
и гледам цело време се потенцира како никогаш нема да ни падне полесна група, т.е. демек и норвешка и шкотска (со исклучок на холандија) се ок, ама никогаш не биле полоши.
е добро бе кои се добри во еропа, а со кои не сме играле?
од втор-трет барабан? кои? турција? швајцарија? белгија? ирска? србија? украина? полска? бугарија? романија? шведска? еве грција? .... или да не не` сме играле со англија? шпанија?! еве во група сме со холандија, која според мене во моментов е најдобра европска репзентација, заедно со шпанија, па дома изигравме малтене рамноправно. таму не згазија, ама имаше друг фактор, катенец, тактитака... така да не гледам логига во критиката дека сме имале слаба група како никогаш. јас не знам кои се непобедливи. италија која никогаш не е убедлива? или франицја која со куп звезди секогаш се мачи, да не зборам за англија, или португалија.
секогаш гледам на позитивните страни. останвме во игра до крај за место во баражот. играта конечно ни личи на нешто, макар 60 мин. нема веќе пимплање и гол давање само од случајност. ок, тешко даваме гол во гости, ама тоа ќе се смени, не затоа што јас така велам, затоа што играта тоа го ветува. со една федерација онаква каква што е лоповска, со една лига пред распаѓање, со а-репрезентативци кои не играле по пола година, да учествуваш рамноправно со репрезентации во кои земји фудбалот живот значи е, за мене лично, успех. ако некој друг има други очекувања, тогаш нормално ќе биде разочаран.