Пловат и од 1824, па мува не ги лази.....ДОБРО ОДРЖУВАНИ и контролирани, со правилно користење....што постар брод..поголема туристичка атракција....Сочуство за семејствата на загинатите.
Брод од 1924 ? Тоа не можев да го повервуам
Значи,за тие што коментираат цело време дека воопшто ги немало појасите. Да,имаше појаси,само шо незнајме колку биле и не коментирајте или не си прајте филмој од на стол седење кога не знаете каква била ситуацијата таму и што всушност се случувало. Сите добро знаеме дека медиумите за да си го зголемат рејтингот кажуваат и информации кои не се точни. Зошто не ги пофалија луѓето што ги спасиле на давениците,туку веднаш се фаќаат само за бродот и капетанот им е крив?Некако добив сила и успеав да се дофатам на еден појас,на кој се држеа уште 5 луѓе
Спопственикот е крив што знаел дека треба нова сајла,ама не ја сменал. Крив е исто така што немал доволно појаси за спасување,а исто така зошто самиот тој дозволил на бродот да се качат луѓе над дозволеното.Но,во Охрид тоа го прават сите бродови, 10,20 или 30 луѓе плус се појќе пари. И јас и Рајко и Петко да бевме на местото на капетанот ќе ги пуштевме,реално ако гледаме на работава. До Св.Наум со тој брод беше 300 денари, 10 луѓе плус се 3000 денари.Никој не помислил дека ќе дојде до олкава трагедија.за несреќата преживеаните го обвинуваат бродот, но и самите себе.
првата сторија на А1 изгледаше овака!Oд изнајавата на една преживеана
Значи,за тие што коментираат цело време дека воопшто ги немало појасите. Да,имаше појаси,само шо незнајме колку биле и не коментирајте или не си прајте филмој од на стол седење кога не знаете каква била ситуацијата таму и што всушност се случувало. Сите добро знаеме дека медиумите за да си го зголемат рејтингот кажуваат и информации кои не се точни. Зошто не ги пофалија луѓето што ги спасиле на давениците,туку веднаш се фаќаат само за бродот и капетанот им е крив?
Спопственикот е крив што знаел дека треба нова сајла,ама не ја сменал. Крив е исто така што немал доволно појаси за спасување,а исто така зошто самиот тој дозволил на бродот да се качат луѓе над дозволеното.Но,во Охрид тоа го прават сите бродови, 10,20 или 30 луѓе плус се појќе пари. И јас и Рајко и Петко да бевме на местото на капетанот ќе ги пуштевме,реално ако гледаме на работава. До Св.Наум со тој брод беше 300 денари, 10 луѓе плус се 3000 денари.Никој не помислил дека ќе дојде до олкава трагедија.
Патниците на бродот се криви што го гледаат колкаво бродче е, го гледаат колку изгледа,благо кажано,мизерно, гледаат дека во бродот има повеќе патници,ама сепак се качија...додека имаше и такви шо сакаја да отидат,но кога погледнаа дека се отпоќе луѓе си се откажаја од тоа задоволство,кое можеше да ги коштат и живот.Значи,секој си е одговорен за својот живот.
Уште нешто, ниту еден брод шо плови во Охридсково езеро нема појаси за спасување под или до секое седиште, тоа го знаеме сите,но никој не го кажал тоа,зошто на никој не му сметаше,се додека не се случи оваа трагедија и сите наеднаш постанавте хуманисти,сите наеднаш почнавте да дрвите како охридскиве бродови биле тиња,како никој не се грижел за нив или како можеле да се спасат и тие 15 луѓе што загинаја(нека им е лесна земја),ама немало доволно луѓе или биле себични луѓето и гледале од страна.
Разберите, охридските бродови имаат сите импровизирани седишта,кои се за во двор,а не за на брод, освен еден. Ми се има случено со друг брод,навечер да патувам и од шо имаше многу бранови сите наденаш станаја,бродот убо се разниша и сите испопаѓаја и се разлетаја низ бродот. Навидум беше смешно да гледаш како сите летаат од еден крај на друг или прават салта,но тоа е уште еден голем минус колку охридските бродови се небезбедни.
Тоа што кај нас безбедноста е сведена на минимум од причина што не се има случено ваква трагедија, за тоа некој треба да сноси одговорност. Каде се надлежните да направат проверка на бродовите и да контролираат колку луѓе влегуваат во нив? Сега сите се кријат под маса,зошто вината започнува од нив,а не од капетанот.
Да бе, се прашувам зошто ти не најде порелевантни информации? Како што им кажале, така објавуваат. И сето тоа се знаеше дека беа претпоставки и рекла-казала бројки. Дури и Гордана Јанкуловска во изјавата за А1, згреши со бројките, па што останува за новинарите... И сеуште не се знае ништо. Ни колку биле на бродот, ни колку погинале, ни колку се живи. Се знае дека има жртви, дека е ова страшно, дека треба да има појаси за спасување и дека најверојатно ќе ги има за месец дена најдоцна и дека ќе се свестиме за друг пат. Не ми се веруева дека дискусијата овде се свела на ,,точност на медиумско информирање", отворете си таква тема, ако немате друга работа, овде за жртвите се говори, за трагедијава воопшто...првата сторија на А1 изгледаше овака!
трагедија во Охрид, се преврти брод 17 загинати а бројката се очекува да се искачи до 30.Неофицијално на бродот имало 3 пати повеќе патници од дозволеното.и новинарката испаѓа и кажува дека од дозволени 55 на бродот на него се качиле 120.
после кај 15.00 кај вторите ударни вести на сител излегоа со точни бројки и со проектиран клип во кој е прикажано дека бродот потонал од скината сајла која го поврзува воланот со задната перка.На А1 испаднаа само со видеото во кое се гледаат умрените и една новинарка Гетева мислам дека се викаше која од возбуда повеќе грешки правеше од југослав костовски кога коментира.девојката врска немаше што прави ама добро ги извести сите дека министерот поднел неотповиклива оставка.освен таа вест за која имаа право А1 цело време ја лажеше цела јавност со некакви бројки кои сигурно Дидар од шутка на кристална топка им ги гледала!за да испадне мизеријата од новинарство на крај бројката од загинати од 17 се намали на 15, исчезнатите 3ца не се ни качиле на бродот а наместо 3 пати повеќе народ на бродот имало само 10 души повеќе!
Тоа е финтата А1 секогаш лажат! цела ден успеваа да извадат некои мутави информации од гледачи што не го виделе настанот ама биле таму денеска 1 ден по несреќата нив на вебсајтот само видеото им стои другото се е тапа.Да бе, се прашувам зошто ти не најде порелевантни информации? Како што им кажале, така објавуваат. И сето тоа се знаеше дека беа претпоставки и рекла-казала бројки. Дури и Гордана Јанкуловска во изјавата за А1, згреши со бројките, па што останува за новинарите... И сеуште не се знае ништо. Ни колку биле на бродот, ни колку погинале, ни колку се живи. Се знае дека има жртви, дека е ова страшно, дека треба да има појаси за спасување и дека најверојатно ќе ги има за месец дена најдоцна и дека ќе се свестиме за друг пат. Не ми се веруева дека дискусијата овде се свела на ,,точност на медиумско информирање", отворете си таква тема, ако немате друга работа, овде за жртвите се говори, за трагедијава воопшто...
Eте и јас сум патувала, и секогаш сум имала елек, ме направивте будала при здрав памет сите ама нека ви биде. Ќе престанам да какам јас од што ете се сите отидовте да помогнете само јас се најдов да искоментирам дека ми е логично тоа.Сум патувал на многу бродови и тоа не бродови туку бродишта и можам да ти кажам дека никаде никој не облекува елеци, само во случај на несреќа.
Луѓето во Охрид ги фатило паника заради брзото тонење на бродот и затоа се издавиле а и да имале елеци мислиш ли дека стари луѓе ќе испливаат надвор така лесно?
Сите станавте стручњаци ама требало таму да одите и да помагате а не овде да какате дека требало вака или онака...
Мене кога пловев по Матка до пештерите ми ставија елек за спасување,така да зависи од човекот што превезува и од тоа како е организиран,тој и да имал елеци немал за сите зашто бил со повеќе од дозволено,но и Бугарите можеле да не се качуваат сите доколку знаеле дека се повеќе од дозволено,секој одговара за својот живот....и за сајлата,таа може била во дефект,ама преоптовареноста придонела да биде уште поранлива и затоа пукнала