Потона брод во Охридско езеро

  • Креатор на темата Креатор на темата da_be_man
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Лани кога одевме со брод од Лидо до Венеција никој не носеше елек.Ама бродот беше за 100 луѓе,а ние бевме 50-тина.:toe:
Истата случка, од Лидо до Венеција.А и во други држави и на поголеми бродови кога сум се возел нема врска ова , не даваат елеци.Но никаде го нема тоа како во Македонија , алчни за пари бе брате.:toe:
 
Но никаде го нема тоа како во Македонија , алчни за пари бе брате.:toe:

Секаде го има.Летово се возев во претоварен огромен брод без елеци низ острови.Не ми била среќата да загинам.Бродот беше стар и мислев дека во секој момент ќе се распадне.Но беше подобар од останатите кои беа полоши од него,овој имаше три рѓосани чамци за спасување,кој поим немам како ќе не спасеа:)
Затоа ова треба да се сфати како огромна несреќа,која може на секого и секаде да се случи.Бродови потонуваат секој ден,во подморници загинуваат луѓе,а не во бродче низ Охридското езеро.Капетанот треба да си плати за лакомоста и да живее со тие изгубени животи.
Нека им е лесна земја,огромна трагедија.
Но не сме ништо полоши од останатите земји,ова ни е прва бродска несреќа,се надевам никогаш нема да се повтори.И секоја чест за луѓето кои први пристигнаа да им помогнат,ако не беше хуманоста,ќе имаше дупло жртви во тој хаос кога секој влече секого за да се спаси.
Бог да ги прости.
 
Лани кога одевме со брод од Лидо до Венеција никој не носеше елек.Ама бродот беше за 100 луѓе,а ние бевме 50-тина.:toe:
Абе за елеци тешко дека даваат некаде, ама ете ја грешката се знае веќе. На брод за 100 души вие сте биле 50, а на овој на брод од 40 души влегле 70 души. Инаку сега слушнав дека против капетанот на бродот е поднесена кривична пријава.
 
Сурфав на интерент и не успеав да пронајдам некоја ваква несреќа на езеро на друго место да се случи на езеро.

Можно е Македонија пак да биде прва во нешто неубаво, ама тоа е кога не се почитуваат законите и правилата, па ќе се случуваат вакви работи.
 
Eте и јас сум патувала, и секогаш сум имала елек, ме направивте будала при здрав памет сите ама нека ви биде. Ќе престанам да какам јас од што ете се сите отидовте да помогнете само јас се најдов да искоментирам дека ми е логично тоа.
Да ја најдам сликата само последниот пат кога одев за Лондон па да видиш дали некој на бродот носи елек.
Изјасни се на кој брод си носела елек?
Бродовите што возат од Calais до Dover и обратно, од Dieppe до Newhaven и обратно, од Венеција-Анкона-Бари или Бриндизи бродовите што пловат за Грција или Албанија никаде не се носат елеци.:helou:
 
Да ја најдам сликата само последниот пат кога одев за Лондон па да видиш дали некој на бродот носи елек.
Изјасни се на кој брод си носела елек?
Бродовите што возат од Calais до Dover и обратно, од Dieppe до Newhaven и обратно, од Венеција-Анкона-Бари или Бриндизи бродовите што пловат за Грција или Албанија никаде не се носат елеци.:helou:



Не е воопшто важно кај јас и ти имаме носено елеци и муабетот е премногу субјективен за да придонесе за релевантна дискусија.


Инаку, во Турција скоро на сите бродови се носи елек, освен на трактор што немам носено.
 
Зашто упорно го вртите муабетов во круг и да, зашто упорно верувате дека МОРА да се става елек кога се влегува во брод . Да, ако претходно е најавено невреме, ако има големи бранови и ред други временски неприлики тогаш се ставаат превентивно елеци пред да се влезе во бродот, но, останува фактот дека во принцип секој брод треба да располага со таква опрема аналогна на бројот на дозволени патници . Проблемот е што на овој брод во Охрид немало елеци, а немало ни гуми што е апсурд со оглед на релацијата која секојдневно ја пловел .
Упорно го заборавате и тој податок, да, крив е оној кој дозволил пренатрупаност на бродот, иако истото е стандард за скоро сите бродови во Охрид, но, и крив е оној кој дал дозвола овој брод да плови без соодветна опрема за вакви случаји .
 
. Проблемот е што на овој брод во Охрид немало елеци, а немало ни гуми што е апсурд со оглед на релацијата која секојдневно ја пловел .
Упорно го заборавате и тој податок, да, крив е оној кој дозволил пренатрупаност на бродот, иако истото е стандард за скоро сите бродови во Охрид, но, и крив е оној кој дал дозвола овој брод да плови без соодветна опрема за вакви случаји .
Не сакам да контрам,ама јас разбрав од чоек шо бил на другиот брод дека имало неколку гуми и неколку елеци за спасување,а истото го прочитав и на интернет. Значи ги имало,ама не онолку колку што се потребни, но колку-толку успеале да се спасат некои од нив, а за другите веднаш пристигнале со чамци, глисери, двата брода и пливачи и секој спасувал колку шо можел и колку шо успеал..
А,да јас прво кривицата ја гледам во инспекторите кои си пијат кафе покрај езеро,наместо да проверат каква е состојбава со бродојве. Незнам за шо се вработени. Ова е исто ко со фискалнате сметки на пример, се дури не ги казнија и не им затворија дуќани не им текнуваше да издаваат сметка. Истото е и ова, додека нема казна,секој продолжува да си тера против законот, сакале или не.
 
Не е воопшто важно кај јас и ти имаме носено елеци и муабетот е премногу субјективен за да придонесе за релевантна дискусија.


Инаку, во Турција скоро на сите бродови се носи елек, освен на трактор што немам носено.

Во право си,субјективно е.Некаде може се оди по правила,но на повеќето места не се почитуваат.
И треба да си ја понесат одговорноста за трагедијата оној кој го пренатоварил,оној кој треба да ја даде дозволата и оној кој е одговорен за транспорт на вода.Сите имаат одговорност.Верувам тоа и ќе се случи:smir:
 
Ова е жално и срамно за Македонија!

Бог да ги прости мртвите,моите најдлабоки сочувства.Немам повеќе зборови.
 
Истраги и реконструкции на настани и сцени да се тераат сега е скроз безцелно,али ако стварно голем дел од погинатите биле во некоја затворена кабина што служела ко импровизиран кафич, никаква гума ни елек на светов немало да ги извади.
Нека им е лесна земја и сочуство до фамилиите, а нас се' ова за памет нека ни е.
 
Случајно или со намера, сега на радио ја пуштија песната од Титаник во инструментална варијанта
 
Случајно или со намера, сега на радио ја пуштија песната од Титаник во инструментална варијанта
Па денеска е ден на жалост.. само од Титаник не им требала..
друго, не биле само два брода шо спасувале Галеб и Александрија туку биле и Кристијан Ројал и тие помалите.. значи сите биле вклучени во спасувањето..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom