Потона брод во Охридско езеро

Статус
Затворена за нови мислења.

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.001
Поени од реакции
12.604
1. Па види, доколку имало спасувачи на бродот, луѓе обучени за такви работи, доколку имало спасувачки гуми, елеци и слично, веројатноста да преживееш во една ваква ситуација би била огромна односно далеку поголема од онаа во која биле туристите, без луѓе обучени за ваква ситуција во бродот, без спасувачки гуми и елеци . . . извини, ова и човек со амеба наместо мозок во главата би го уочил .
Друга работа за која говорам, брод кој се упатува на ваква релација мора, значи МОРА да ги има сите пропратни елементи кои би биле од огромна корист во евентуална ситуација бродот да тоне . Сега ти ми удираш оноа апла ретардиран муабет, демек, и да имало спасувачки елеци пак немале да се спасат, значи според твојава глупа логика, ваквиот пропуст треба да биде занемарен зашто и онака немале да се спасат, а ?
Извини, али никој не може да претпостави за колку време еден брод би потонал, или сигурно капетанот на истиот, заедно со оној скромниот за кој ти говориш погоре си рекле, ај бе, бродов и онака за минут време тоне, а мор, шо ке ни се појаси, а? :wink:

Како пишувам така се повеќе и повеќе ја учоува ретардираноста на твојата логика ( извини ако претерувам со начинов на кој дискутирам, немам никаква намера да те навредам ) .

2. За ова второво, одиме офтопик али ај, со оглед на машините кои се присутни на лунапаркот во Скопје, истата заштита т.е. '' заштита '' е присутна и на останатите такви машини во други земји, односно, ја нема .
Не располага нашиот лунапарк со такви машини за кои е потребна соодветна заштита, универзални се истите насекаде во светот, пример, т.н. Панорама е иста на 1000 места кои ги имам приметено, дал од места кои лично ги имам посетено, или лунапаркови кои ги имам гледано на телевизија или по филмови .
За спасувачите, незнам јас ни дали се полагат Охрид за то. Пошо реално, да прајме муабет, колкави се шансите да потонит брод во езеро? Заради то имало доктор на бродот, доктор кој со реанимација спасил 5 лица.
Ајде сега, да напишам на кинески можда ке ме разбериш, по трет пат. Лицата шо загинале биле во внатрешноста на бродот. Никој шо бил надвор не е загинат. Никој. Реков во минатиот пост, ќе речам пак. Одговорноста за елеците некој морат да ја сносит. Незнам дали ова не го прочита во минатиот пост, или се напрај дека не го прочита. Не е битно.
А незнам шо е работава, како не сфати досега дека капетанот и тој скромниот се уствари, една иста личност!
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.001
Поени од реакции
12.604
1. Па види, доколку имало спасувачи на бродот, луѓе обучени за такви работи, доколку имало спасувачки гуми, елеци и слично, веројатноста да преживееш во една ваква ситуација би била огромна односно далеку поголема од онаа во која биле туристите, без луѓе обучени за ваква ситуција во бродот, без спасувачки гуми и елеци . . . извини, ова и човек со амеба наместо мозок во главата би го уочил .
Друга работа за која говорам, брод кој се упатува на ваква релација мора, значи МОРА да ги има сите пропратни елементи кои би биле од огромна корист во евентуална ситуација бродот да тоне . Сега ти ми удираш оноа апла ретардиран муабет, демек, и да имало спасувачки елеци пак немале да се спасат, значи според твојава глупа логика, ваквиот пропуст треба да биде занемарен зашто и онака немале да се спасат, а ?
Извини, али никој не може да претпостави за колку време еден брод би потонал, или сигурно капетанот на истиот, заедно со оној скромниот за кој ти говориш погоре си рекле, ај бе, бродов и онака за минут време тоне, а мор, шо ке ни се појаси, а? :wink:

Како пишувам така се повеќе и повеќе ја учоува ретардираноста на твојата логика ( извини ако претерувам со начинов на кој дискутирам, немам никаква намера да те навредам ) .

2. За ова второво, одиме офтопик али ај, со оглед на машините кои се присутни на лунапаркот во Скопје, истата заштита т.е. '' заштита '' е присутна и на останатите такви машини во други земји, односно, ја нема .
Не располага нашиот лунапарк со такви машини за кои е потребна соодветна заштита, универзални се истите насекаде во светот, пример, т.н. Панорама е иста на 1000 места кои ги имам приметено, дал од места кои лично ги имам посетено, или лунапаркови кои ги имам гледано на телевизија или по филмови .


А дали Рок Кејт кажа колкав бил бројот на елеци и спасувачки гуми со кои располагал бродот . Извини, али никаде во светот не практикуваат давање на спасувачки елек по влегување во брод, незнам дали си знаела, али не, немаат таква практика . Истите ги даваат или доколку се насети некој проблем, или доколку има невреме, зар ти мислеше дека морално е давање на елек по влегување во брод ?
Тоа ти е ко да влагаш у Боинг и веднаш да ти стават боца со кислород и други пропратни елементи у случај авионот да паѓа . . . нема логика, нели ?
Па да, кажи и го то на другарката погоре, зошо очигледно не го сфаќат то.
 
M

marsovka

Гостин
А бе доџе ми да вриснем
се напињате за глупости како е што било како требало
Работите се вакви:
1.Бродот бил стаурдија за у музеј не за пловење
2.Сите знаеме колку ни се "некорумпирани" институциите и да било нешто како што не треба со 50 еврулиња цајкани се потпишувале како сведоци у тепачка каде тврдат дека жртвата е крива и сведочат пред суд па камо ли за дозволи ихаа овде што сакаш добиваш за неколку стотини евра.
3.Морате ли секоај тема која е breaking news да ја отупете со детали ?
Face it крив е сопственикот кој е алчен,криви се и институциите кои се надлежни за давање дозволи за пловидба и инспекција на бродови

И слободно сеа можете да се напнете понатаму дали елеци треба да има за спасување и дали бојата на бродот требала да биде бела или сина,пошто ја и онака си дробам ,ненаспана
А бе дајте кажете ми што да јадам патлиџан салата или јајца?
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.108
Поени од реакции
46.044
Муабетов е, и да носиш каиш и да не носиш, пак умираш.
А врска нема фала богу. Имаат мозгано многу попаметни луѓе од нас, и пресметале дека на пропишана брзина од 80 км/час ако си со каиш, поминуваш со лесни повреди. Ако не носиш каиш, ќе те погребаат. Толку едноставно.
Има овде за сносување одговорност. Од владини институции (инспекција, капетанија, полиција), преку сопственикот на бродот (сајла туку-така не се кине, затоа и е сајла), па се до крајните патници. Амеба да си (Syn :)), нема да се качиш на брод во кој што по слободна проценка гледаш дека едноставно сте ГУЖВА.
Нема везе, пренатрупаноста е карактеристика за бродовите во Охрид, али стандард, за да на истата и се обрне внимание, треба да се случи за жал, вакво нешто .

п.с. Емке, извини што погрешно те сватив за скромниот :), ондак има друга карактеристика соодветна во моментов за него, алчност ! :wink:
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Нема везе, пренатрупаноста е карактеристика за бродовите во Охрид, али стандард, за да на истата и се обрне внимание, треба да се случи за жал, вакво нешто .

п.с. Емке, извини што погрешно те сватив за скромниот :), ондак има друга карактеристика соодветна во моментов за него, алчност ! :wink:
Епа сега иде сезона и повеќе од јасно е дека ќе има пренатрупаност на бродовите. Тоа е многу јасно, лужето гледаат како да стават повеќе пари во џеб. Ама сега се случи нешто вакво, па ќе им се крене совеста на сите да пуштаат народ на бродовите, онолку колку што е дозволено.
Секогаш е така, секогаш мора да се случи олема трагедија, за да се увидат какви грешки се прават:nesvest:
 

f91

Член од
12 мај 2008
Мислења
338
Поени од реакции
27
Бродот е конструиран според стандарди за речна пловидба од пред еден век.Од тогаш до денес стандардите се многукратно подобрени во однос на конструкцијата и безбедноста.Но таквите пловила се со суми кој бар за наши стандарди се астрономски.
Кога би се употребувале такви високи стандарди во Охрид не би имало ниту еден пловен објект,освен ако владата не купи и одржува такви бродови не знам кој тоа би можел затоа што економски тоа не е воопшто исплатливо.Во авионите во случај на несреќа има резервни излези во случај на итност,има на секое седиште
спасувачки појаси.Такви нешта ги немал овој брод,и тоа посебно во долниот дел.
Втор елемент е што овие неколку бродови беа оставени на рѓосување во неколку периоди до 2006 година во каналот кај Билјанини извори.Трет елемент е смешноста на годините на капетанот.Не ми е јасно како тоа може капетан на брод да има 23 години?Охридското езеро не е играчка.Капетан на брод треба да има искуство,не само спрема бродот и состојбата на бродот која треба да ја следи со најголема прецизност туку и спрема Охридското езеро кое има свој правила и на кое понекогаш е потешко да се плови отколку на отворен океан.Треба искуство кога се плови кога дува Југот,низ течението на Дрим низ Охридското езеро,покрај вртлозите кој се јавуваат одвреме навреме и ненадејно...Капетанот во никој случај не можел да го има тоа искуство само според годините кој беа наведени во медиумите.
Четврто и многу важно е градот Охрид да направи нешто во врска со балансот меѓу убавините на Охридското езеро и опасностите кој демнеат и да издадат брошури кој ќе бидат давани бесплатно на сите туристи.Колку луѓе имаат умрено само заради тоа скокање во водите од срчев удар, заради изворите кој ги има и под вода грчевите се редовна појава и колку и да си добар пливач можеш да се удавиш.Во најтоплиот дел од денот мозочниот удар е можен и во вода затоа не треба влегување од 12 до 14 часот.Охридската вода има големоколичество на бикарбонат и ја прави тешка така да не е исто да си под вода 3 метри во езеро и во море...Лично воопшто не мислам дека претоварувањето на бродот била причина за потонување,а најмалку за големиот број на жртви.Всушност тие што биле одвишок се спасиле,а загинале тие што биле во внатрешниот дел кој најверојатно не можеле навремено да излезат.Се работи за секунди.Ако неможеле да излезат за 65 секунди од поплавената кабина нормално е дека ќе се удават.
Што да се прави...
Владата да си земе одговорност како што зеде за владиниот авион така и за пловен објект опремен со целосна безбедносна опрема со висок стандард на Охридското езеро.Да ги забрани сите пловни објекти кој немаат висок стандард.Пловењето по Охридското езеро не може да биде одделна исплатлива економска категорија одделна од вкупната туристичка понуда.Под хитно да се одземат сите лиценци за Капетани и да се уреди тоа со потребно практично искуство на пловење од години покрај полагањето на испити.
Што се однесува на Охриѓани.Со туризам се бават едно 2-3000 луѓе во Охрид и тоа од чистачки до капетани.Охрид не живее од туризам.Тоа е една од гранките на економијата.Ова нема врска ниту со Охрид ниту со Охриѓани колку што има со Гевгеличани или Тетовчани.Ова има врска со Балканскиот стандард на сиромаштија,кој ги прави економски неисплатливи инвестициите а е директно поврзан со блокадите на Европската унија во однос на земјите од Балканското полуострово.Како може слепо црево да функционира?
 
P

Princ

Гостин
Епа сега иде сезона и повеќе од јасно е дека ќе има пренатрупаност на бродовите. Тоа е многу јасно, лужето гледаат како да стават повеќе пари во џеб.
Ако де, убаво од нивна страна. Се надевам собрале доволно, бидејќи догодина се обложувам дека бројот на крстарења ќе се сведе на минус нула. Јас не се качувам повеќе на брод. Во Охрид, не. Истото го кажа и еден од преживеаните Бугари, само таа додаде дека и повеќе никогаш нема да го посети градот, ко бакшиш онака.
Да не почнам да зборам колку странски туристи (дека нели скопјани за ништо не ги бива, и Охрид живее од странците) ќе се загубат поради ваквите, се почести инциденти. На кои рака на срце, не им се гледа крајот.
За 15 души збориме.
 

f91

Член од
12 мај 2008
Мислења
338
Поени од реакции
27
Што се однесува на телевизиските куќи и нивната ЕТИКА!
ПОД ХИТНО ДА СЕ ДОНЕСЕ ЗАКОН ЗА ЕТИКА ПРИ ШТО ДА ИМА КАЗНА
ОДЗЕМАЊЕ НА ДОЗВОЛАТА ЗА ЕМИТУВАЊЕ НА ПРОГРАМА ЗАРАДИ ДРАСТИЧНО ПРЕКРШУВАЊЕ НА ЕТИЧКИТЕ НОРМИ.
Кој има проблем со една ваква констатација после она што го прикажаа,
нека се прегледа кај невропсихијатар па било да е и новинар зашто нешто
навистина не е во ред со луѓе кој немаат базични основи на човечко однесување.
 

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Ај доста го дрвевте овде... починаа луѓето лесна им земја и готово!
Постирате постови како цел состав шо фајде :nesum:
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.108
Поени од реакции
46.044
Што се однесува на телевизиските куќи и нивната ЕТИКА!
ПОД ХИТНО ДА СЕ ДОНЕСЕ ЗАКОН ЗА ЕТИКА ПРИ ШТО ДА ИМА КАЗНА
ОДЗЕМАЊЕ НА ДОЗВОЛАТА ЗА ЕМИТУВАЊЕ НА ПРОГРАМА ЗАРАДИ ДРАСТИЧНО ПРЕКРШУВАЊЕ НА ЕТИЧКИТЕ НОРМИ.
Кој има проблем со една ваква констатација после она што го прикажаа,
нека се прегледа кај невропсихијатар па било да е и новинар зашто нешто
навистина не е во ред со луѓе кој немаат базични основи на човечко однесување.
CNN, BBC, и сите останати светски медиумски агенции пренесоа снимка на која видовме како умира девојка во Иран, истата беше погодена од куршум, искрваре пред камера, преврте очи пред камера и умре пред камера, сцената која беше прикажана низ цел Свет беше застрашувачка :toe: . Јас не гледам што тоа А1 прекршиле, предупредија пред емитувањето на снимката дека сцените не се пријатни и тоа е тоа .
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Ужас е тоа што се случи!
Но за да се реши јас би им ги одзел и другите Бродови !
незнаат што е нормално , Алчноста одзеде многу невини животи :nesum:
Можност за 50 души они со години и години го преполнуваат а бродот кутар од 24та.... или можда не 24 али дваесет и некоја година бил како што кажаа.... значи размислете што имаме какви алчни луѓе во земјава и да се засрамиме можеме :tapp:
Толку од мене ....
 

f91

Член од
12 мај 2008
Мислења
338
Поени од реакции
27
CNN, BBC, и сите останати светски медиумски агенции со самото тоа што го пренесуваа бесењето на Садам Хусеин ја покажаа неетиката и нивото на некултура.Таков репер
за човековото достоинство како човечко битие е далеку од она што ние сме!
Ние не сме како нив и ако треба можеме во ова и да ги водиме.Да им покажеме култура и етика во пракса.За џабе не сме МАКЕДОНИЈА!
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
25
Поени од реакции
0
.. за туризмов.. Еееее кј е Италија, далеку поразвиена од нашава земја, каде каде.. мислам то не се споредвит. аарно ама пошо некој(ств незнам кој ) пиши претходно дека морало ко ќе влезиш да ти дает спасувачки елек.. во рок од 15 дена, се возев 6-7 пати со различни бродој, и ниту еднаш ни венеција ни римини ни нигде, не ми дадоја да облечам такво чудо.. и баш се сеќавам, и иам слика ми се чинит.. цела група собрани од 80 души во бродов да се сликаме, и после ко ја анализиравме со домашниве сликава, читаме над нас знак: 65 people max.. пак ќе речам.. дошол денот..
Toчно така....

Лично јас се имам возено со повеке од 30-40 различни пловила низ Европава и низ Америка. Никаде, ама баш никаде не е практика пред тргнување да се носат појаси, освен ако временските услови не налагаат. Али практика е да не се носат Overload, макар и за едно дете, цела фамилија ке почека наредна тура...
Грешка на бродот, е таа некоја глупава сајла, која била дотрајана, немање на минимум појаси или гуми за спасување, една на 3-4 што е пракса.
Асален брод не се потопува со плус 5-10-15 луге, што во случајов, јасно се гледа дека е техничка неисправност!
Секоја чест за спасувачите, што успеале да спасат или да помогнат во истото! :(
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Зошто бре деца ко магаре на мост само инает терате? Елекот се става на себе пред да тргне бродот, а не кога веќе е тргнат ... кој ве учел вас дека веќе човек што се дави треба да става елек?

Ама кој би ставел во тие 2 минути елек на себе, нели?:tapp:
Сум патувал на многу бродови и тоа не бродови туку бродишта и можам да ти кажам дека никаде никој не облекува елеци, само во случај на несреќа.
Луѓето во Охрид ги фатило паника заради брзото тонење на бродот и затоа се издавиле а и да имале елеци мислиш ли дека стари луѓе ќе испливаат надвор така лесно?
Сите станавте стручњаци ама требало таму да одите и да помагате а не овде да какате дека требало вака или онака...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom