Syn
https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 30.108
- Поени од реакции
- 46.044
Со оглед на фактот што истово се случило не така далеку од брегот, со оглед на фактот што не било многу длабоко и во близина имало други бродови, бројката на починати е огромна . Причина, бар според мене би била паниката која настанала во тој момент, знаете како е, постари луѓе, веднаш почнале да викаат, тензија голема се создава во тие моменти а Се се одвива во краток временски интервал и најверојатно ова се дел од причините за големата бројка загинати плус онаа за која ке говорам подоле .
Бродот дефакто се обраќал на голема релација, пловел секојдневно до Свети Наум, според некоја логика, во истиот би требало да има гуми за спасување, спасувачки елеци, спасувачи ( со оглед на дозволената бројка патници, бар 4-5 ), па и бар еден лекар зашто сепак, релацијата е голема, можно е постари лица да имаат проблеми поради топлото време и ред други ситуации кои бараат присуство да доктор ( ај, може за ова последново претерувам ).
Дали има инспекции кои ги проверувале овие работи, број на гуми во бродовите, спасувачки елеци, лица задолжени за безбедноста на оние кои се дел од овие релации ? Мене нелогично ми е на овие бродови кои се обраќаат на истата релација да нема вакви пропратни елементи кои според мене се задолжителни .
И сега се поставува прашањето, зашто очигледно е дека истиве пропратни елементи во случајов ги немало, како бродот имал дозвола да се обраќа на истата релација, или работите кои ги набројав не се дел од таа т.н. дозвола за пловидба со патници на големи релации ?