Потона брод во Охридско езеро

  • Креатор на темата Креатор на темата da_be_man
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Абе овие А1 салам ли се или не. Што к*р снимале, наместо да се даде прва помош и бидат што побргу извадени, па да бидат на реанимација. Леле комунистичка работа, комуњари гнасни:tapp:.
 
Абе овие А1 салам ли се или не. Што к*р снимале, наместо да се даде прва помош и бидат што побргу извадени, па да бидат на реанимација. Леле комунистичка работа, комуњари гнасни:tapp:.

Ало комуњари гнасни, 1 саат после лежење во вода (а кога личноста не се одмара на душек) може да ја спаси само Свети Петар (ако и тој не дигне раце). Така да пред да кажеш нешто во иднина, помисли 2 секунди, ако не можеш повеќе.

Страшно.
 
Сеа гледав снимките...ги извадија од езеро и ни прва помош ни ништо...зарем никој не знае шо е тоа прва помош????? или пак дошле после 1-2 саати...дали некој знае повеќе
 
Ете го и томислав...

Зарем никој не знае дека кога мозокот 5 минути не ќе ти прима воздух, без оглед колку и да сакаш, или на колку и филмови да имаш видено некакви чуда, дека УМИРАШ БЕ?!
 
1 саат после лежење во вода (а кога личноста не се одмара на душек) може да ја спаси само Свети Петар (ако и тој не дигне раце)

Сеа гледав снимките...ги извадија од езеро и ни прва помош ни ништо...зарем никој не знае шо е тоа прва помош?????

Пост под пост. Стварно патетично.
 
Фала му на Господ што бројката остана само на 15.
Уште еднаш сакам да изразам длабоко сочуство до семејствата на погинатите.
А во врска со снимките, не знам зошто се буните. Новинари како новинари јасно е дека сè сакаат да снимат. А и убаво рече Серпико, редно е да видиме што навистина се случува поради неодговорност. Сите оние кои ќе го гледаат видеото, пред качување на брод ќе прашаат дали има елеци за спасување. На некој начин видеата доаѓаат како превенција за во иднина.
Она што било - поминало. Сега треба да се пази на она што доаѓа и да не се дозволи пак ваква несреќа.
Жално, во секој случај.
 
Ало комуњари гнасни, 1 саат после лежење во вода (а кога личноста не се одмара на душек) може да ја спаси само Свети Петар (ако и тој не дигне раце). Така да пред да кажеш нешто во иднина, помисли 2 секунди, ако не можеш повеќе.

Страшно.
Абе не е важно колку биле, се случуваат чуда...како и да е треба да се потрудат прво да се извадат, а не снимаат. А ова што го пишуваш не знам дали да плачам или да се смеам...не е место тука каде да ги изкажуваме своите поетски можности ...
 
Се случуваат чуда ако Силвестер Сталоне е во гро план, под вода, а од вода го вади Брус Вилис. Во секој друг случај, после 5 минути под вода се случуваат - погреби. И сакаш смеј се, сакаш плачи, јас ти ја зборувам вистината.
 
Личноста што снимала не е новинар.

Серпико, тебе природно ти делува ова седење во чамец и снимање на мртви тела околу себе како тонат или лебдат околу себе? Дали е природна човечка реакција ме интересира?
 
Веројатно во опсегот на моменталното дејствување не, бидејќи претпоставувам состојба на шок која подразбира „парализирање“ или состојба на шок која подразбира несвесна желба да се промени биолошкиот начин на функционирање на луѓето макар по цена на саможртва.

Е, докторите - и полицајците, на пример - се оперирани од тоа. Не дека сакаат, туку дека мораат. Како и психијатрите, кои мора да се научат проблемите од работа да не ги носат подалеку од надворешната страна на вратата од канцеларијата во која работаат, за да се зачуваат себеси, а да не полудат.

Ете, ти си замислуваш „да бев на нивно место ќе ги вадев луѓето од вода, ќе ги реанимирав, ќе се обидував до максимум за да им помогнам“. И јас го мислам тоа. Ама некој, кој да речеме дошол на лице место после саат време и не бегал од часови по биологија во шесто, а до сега бил на 10 погреби, знаел дека тие долу се - готови.

Делот со снимање е во доменот на човековата потреба за сензација, но можеби и во нужноста од инофмирање на таквите како тебе и мене, за...тоа што се случило.

Во секој случај, природната човекова реакција зависи - од единката.

И не го правдам тој кој снимал, туку сакам да ти кажам дека тој е нужна алка во нашиот синџир на битисување, како род. Се надевам ме сфати в.
 
Абе за спасување,немат шанси...Тоа е што е..Не можат да направат ништо тие што снимиле во однос со тоа прашање...
Ама пак зар им требеше пуштањето во јавност на тие снимки..?Па треба малку да се има почит спрема семејствата...Греота..За поголем публицитет се се прајт..Је**га....
Жално.....
 
Не е страшно тоа што снимале, секој новинар живее за тоа да снима нешто ексклузивно без разлика дали е добро или лошо, се поставува друго прашање, како странските агенции ќе ги искористат тие снимки?
Дали ќе има наслови од типот: Потона Ноевата Арка во Охрид или слични глупости, во капитализмот такви се работите, важна е веста а не зошто се однесува таа вест.
Кој бил малце во ЕУ веднаш знае што сакам да кажам.
П.С. Уште еднаш да кажам, нека почиваат во мир загинатите во оваа несреќа!
 
Ебате македонците, ебате. Едвај вода имаме, па и бродови потонуваат кај нас. Ептен малери сме. Колку жртви има и дали има наши (македонци) удавени?
 
Личноста што снимала не е новинар.
Серпико, тебе природно ти делува ова седење во чамец и снимање на мртви тела околу себе како тонат или лебдат околу себе? Дали е природна човечка реакција ме интересира?

Да а ти да беше на местото би нуркала 10/20 метри да ги извадиш делата и да им пружиш прва помош, разберете дека бродот пристигнал 2-3 минути откако се случило ова.. најверојатно ова е снимано од еден од поголемите бродови кои стигнале таму ги имаше на предходните слики, и зар стварно навистина некој би се нурнал 10/20 метри под вода без никаква опрема да извади некое тело, треба да си ептен професионалец за тоа.
 
Според снимките што ги гледам дел од бродод е над вода??? Пошто ако длабочината била 6 метра бродот сигурно има 4-5 метра висина, не можеле да застанат на тие највисоките делови да се задржат...чисто онака си правиме муабет не ми скокајте...

ekskl-fotografija-od-potonat-brod.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom