Личноста што снимала не е новинар.
Серпико, тебе природно ти делува ова седење во чамец и снимање на мртви тела околу себе како тонат или лебдат околу себе? Дали е природна човечка реакција ме интересира?
Веројатно во опсегот на моменталното дејствување не, бидејќи претпоставувам состојба на шок која подразбира „парализирање“ или состојба на шок која подразбира несвесна желба да се промени биолошкиот начин на функционирање на луѓето макар по цена на саможртва.
Е, докторите - и полицајците, на пример - се оперирани од тоа. Не дека сакаат, туку дека мораат. Како и психијатрите, кои мора да се научат проблемите од работа да не ги носат подалеку од надворешната страна на вратата од канцеларијата во која работаат, за да се зачуваат себеси, а да не полудат.
Ете, ти си замислуваш „да бев на нивно место ќе ги вадев луѓето од вода, ќе ги реанимирав, ќе се обидував до максимум за да им помогнам“. И јас го мислам тоа. Ама некој, кој да речеме дошол на лице место после саат време и не бегал од часови по биологија во шесто, а до сега бил на 10 погреби, знаел дека тие долу се - готови.
Делот со снимање е во доменот на човековата потреба за сензација, но можеби и во нужноста од инофмирање на таквите како тебе и мене, за...тоа што се случило.
Во секој случај, природната човекова реакција зависи - од единката.
И не го правдам тој кој снимал, туку сакам да ти кажам дека тој е нужна алка во нашиот синџир на битисување, како род. Се надевам ме сфати в.