A1 TV Lite (ONE BoomTV/Vip TV Lite) безжична DVB-T телевизија - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

Член од
15 јули 2007
Мислења
15.671
Поени од реакции
8.100
Хаосот со дигиталната телевизија продолжува
Мишко Иванов
24.11.2009 17:45

Некомплетно средената регулатива во секторот дигитална телевизија за кои А1 одамна алармираше, ги исфрли на површина проблемите.
Веќе цела недела на две локации во Македонија има пречки во сигналот на А1, предизвикан од упад во нашата фреквенција од страна на новата дигитална телевизија „Бум“ од словенечки Телеком.
Вие доставивте допис, ние ќе ви одговориме - ова е краткиот одговор од агенцијата за електронски комуникации на прашањето на А1 што се случува и до каде е решавањето на проблемот.
Со сегашните нецелосни закони има голема опасност од ограничување на слободата на говор, блокади во медиумскиот простор, злоупотреби и манипулација од страна на дигиталните оператори.
„Оваа држава мора под итно да се зафати со носење на здрава регулатива, којашто сите можни понатамошни проблеми ќе ги отстрани, и сето тоа во интерес на медиумите и на слободата на изразувањето, бидејќи телевизиите ќе станат зависни од преносот на нивните сопствени сигнали од оператори.
-Тоа отвора огромни можности за нечесни заткулисни игри, доколку не се затвори законската регулатива како што треба“, изјави во септември Роберто Беличанец, центар за развој на медиуми.
Словенечки Телеком требаше да почне да нуди дигитална ТВ програма за 430 илјади семејства уште пред два месеци. Компанијата тогаш ги проби роковите, задоцни со комерцијалниот старт и грубо ги прекрши условите од одобрението со кое ја доби лиценцата.



Проблем со сигналот на А1 во повеќе градови
Мишко Иванов
26.11.2009 19:03

Наместо да се разреши, проблемот со упадот во сигналот на А1 од страна на БУМ ТВ на словенечки „Телеком“ се продлабочува.
Не се само Битола и кочанско, сега и граѓани од повеќе градови се жалат дека имаат пречки во програмата.
„Кога ќе ни дозволат во Кавадарци да гледаме телевизија. Откако ги пуштија предавателите на БУМ ТВ на А1 немаме никаква програма. Управата за електронски комуникации би требало да не ги издава тие фреквенции. А1 сигналот во Неготино е катастрофа. Не само во Битола и Кочани драги, мои туку и Скопје има проблеми со прием“.
Ова се само дел од стотиците реакции кои пристигнуваат на веб сајтот на А1 и на телефонските броеви.
Состојбата е идентична и на терен.
„Сликата беше расипана, нешто се појавуваше како снег и тонот не беше добар, шуштеше. Не можеш да ги разбереш што зборат, сакаме да ни е чиста програмата, а не е баш како што треба. Дали е намерно, немам поим. Во последно време кога е добар, кога е лош многу, се губи сликата, па треба да се јавуваш на овие од кабловската да проверат“, рекоа граѓаните на Кочани.
Агенцијата за електронски комуникации, која му ја додели лиценцата на словенечки Телеком за БУМ дигиталната телевизија, денеска писмено посочи оти проблем бил приемникот на А1.
„Дефектот не е кај А1, репетиторите се изградени по најсовремени, европски норми. Има директен упад во сигналот на А1 од страна на БУМ ТВ на словенечки Телеком“, одговори техничкиот тим на телевизијата.
Домашната експертска јавност одамна алармираше дела со сегашните нецелосни закони во секторот дигитална ТВ постои голема опасност од ограничување на слободата на говорот, блокади во медиумскиот простор, злоупотреби и манипулација од страна на дигиталните оператори.


Пријавувајте проблеми со сигналот на А1 на 2550317 и 2550318
27.11.2009 17:46

Нема крај на хаосот во дигиталната телевизија. БУМ ТВ на словенечки „Телеком“ и понатаму прави директен упад во сигналот на А1, оневозможувајќи ги нашите гледачи да добијат квалитетен сигнал.
Граѓаните кои постојано се јавуваат од повеќе градови во Македонија, бараат решавање на проблемот, но Агенцијата за електронски комуникации, која му ја додели лиценцата на словенечки „Телеком“ за дигитална телевизија, се уште не презема ништо.
А1 Телевизија ги повикува сите граѓани, гледачи на нејзината програма кои имаат проблеми со сигналот и пречки во програмата да се јавуваат на телефонските броеви, 02 2 550 317 и 02 2550 318, со цел техничките служби на телевизијата навреме да реагираат во отстранување на дефектите, или за пречките што ги создава БУМ ТВ на словенечки „Телеком“.


Државата молчи за хаосот во дигиталната телевизија
29.11.2009 17:46

Државата се уште молчи за хаосот во секторот дигитална телевизија. На самоволието на БУМ ТВ на словенечки „Телеком“ му нема крај.
Веќе втора недела оваа дигитална телевизија и натаму прави директен упад во сигналот на А1, ускратувајќи им ја можноста на гледачите на нашата телевизија да ја следат програмата со квалитетен сигнал.
Агенцијата за електронски комуникации се прогласи за ненадлежна во решавањето на проблемот и покрај тоа што токму таа му ја додели лиценцата на словенечки „Телеком“.
А1 Телевизија и натаму ги очекува сите граѓани, гледачи на нејзината програма кои имаат проблеми со сигналот и пречки во програмата да се јавуваат на телефонските броеви, 02 2 550 317 и 02 2550 318, со цел техничките служби на телевизијата навреме да реагираат во отстранување на дефектите, или за пречките што ги создава БУМ ТВ на словенечки „Телеком“.
Дел од поплаките од гледачите на А1 можете да ги чуете на видеото.


Државата стимулира хаос во телевизиската дејност
Мишко Иванов
30.11.2009 18:29

Се уште нема решение за хаосот во секторот дигитална телевизија. Нема крај, ниту на самоволието на БУМ ТВ на Словенечки Телеком, која веќе трета недела прави директен атак врз сигналот на А1 ТВ, оневозможувајќи ги гледачите, програмата на А1 телевизија да ја следат со квалитетен сигнал.
Итно решавање на проблемот бараат граѓаните, кои секојдневно пријавуваат пречки во следењето на програмата.
„Овие денови програмата на А1 Телевизија воопшто ја нема. Како во снег е. Му се меша нешто, незнам што е работата“.
„Не се гледа воопшто. Не може да се прати ништо“.
„Се губи одвреме-навреме сигналот. Незнаеме што е работата“.
„Скоро една недела не чини кај нас. Незнаеме што е проблемот“, велат битолчани.
Агенцијата за електронски комуникации се прогласи за ненадлежна во решавањето на овој сериозен проблем, а токму таа му ја додели лиценцата на Словенечки Телеком. Хаосот во дигитализацијата и беше очекуван, особено ако се имаат во предвид, предупредувањата на А1 уште од поодамна дека регулативата е несредена.
Домашната експертска јавност посочи дека со сегашните нецелосни закони постои голема опасност од ограничување на слободата на говор, блокади во медиумскиот простор, злоупотреби и манипулација од страна на дигиталните оператори.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Стари вести 5 месеци... :)
 
Член од
23 јуни 2007
Мислења
368
Поени од реакции
333
па нормално дека стари ,со ова сакав да кажам дека неколку месеци Бумтв си имаат проблеми
Какви проблеми, ова што си ставил беше дел од војната што ја водеше Велија со Бум, за жал по толку тупење успеа да си среди бизнисче, па сега покрај паштети и супи, шитка и дигитална телевизија. Но, тоа мене како корисник на Бум не ме засега, јас немам апсолутно никакви проблеми со Бум. Чудно е зошто ти имаш проблем со нив, кога не ги користиш.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
До толку ли е лоша? Не користам (иам екстрим кој си функционира регуларно), но од оние што користат не слушам некои критики...а проблеми се јавуваат секаде. Конкретно едни се откажаа од макс тв ради одредени услови.
Нека повели Велија кај нас да види каква каблеска имаме...ама дал му е тоа од интерес:toe:

Btw, вестиве се од А1 колку што видов према новинарот па заклучувам дека најверојатно проблемите (можда донекаде и ги има као кај секој обезбедувач) се преувеличуваат. Затоа за вакви информации му верувам на тие медиуми колку и за битолското млеко и за Свидмилк, т.е. скоро воопшто.
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
До толку ли е лоша? Не користам (иам екстрим кој си функционира регуларно), но од оние што користат не слушам некои критики...а проблеми се јавуваат секаде. Конкретно едни се откажаа од макс тв ради одредени услови.
Нека повели Велија кај нас да види каква каблеска имаме...ама дал му е тоа од интерес:toe:

Btw, вестиве се од А1 колку што видов према новинарот па заклучувам дека најверојатно проблемите (можда донекаде и ги има као кај секој обезбедувач) се преувеличуваат. Затоа за вакви информации му верувам на тие медиуми колку и за битолското млеко и за Свидмилк, т.е. скоро воопшто.
Тоа е се по наредба на Велија, сакаше паричка тоест директно да учествува во бизнисот. Го доби тоа што го сакаше, па еве ги другите почнаа да се бунат. До негде се во право, или не даваш на никој или даваш на сите.

Јас користев еден месец и го вратив. Немав некој проблем, некогаш закочуваше но ништо страшно. Го вратив поради тоа што не ми се допаѓа толку долг договор, плус за втор тв треба уште една претплата...
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Тоа е се по наредба на Велија, сакаше паричка тоест директно да учествува во бизнисот. Го доби тоа што го сакаше, па еве ги другите почнаа да се бунат. До негде се во право, или не даваш на никој или даваш на сите.

Јас користев еден месец и го вратив. Немав некој проблем, некогаш закочуваше но ништо страшно. Го вратив поради тоа што не ми се допаѓа толку долг договор, плус за втор тв треба уште една претплата...
Многу јасно, дека Велија игра некои игри. До пред некој месец секој ден систематски преку сите медиуми што му се на располагање се црни Бум ТВ. А денес се продава во Хедис и се вртат реклами со баба Ратка турбо. А пред да почне кампањата со баба Ратка на А1 исто така систематски се вршеше омаловажување и критика на кабелските телевизии па те нечинел сигналот, те се жалале гледачите, немало превод.
Ама ко му се можи...
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.671
Поени од реакции
8.100
сеа ме интересира дали ќе ги исклучат тие канали или не ??
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Мобилниот оператор „Оне“ воведе промоција за сите нови корисници на ТВ Бум. Корисниците кои во текот на промотивниот период ќе одлучат да станат претплатници на ТВ Бум ќе добијат промотивна „Оне“ при-пејд СИМ-картичка со вклучени 100 денари бесплатно време за разговор.

Промоцијата се однесува само на поединечните корисници на ТВ Бум, но не и за пакетите со две или три услуги и ќе важи ограничен временски период.

При-пејд корисниците на мобилната телефонија „Оне“ од вчера можат со испраќање СМС-порака да плаќаат за поединечната услуга на ТВ Бум.

Цената на СМС-пораката изнесува 5,9 денари, независно од тарифниот модел на корисникот.
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
31
Поени од реакции
0
до крајот на април на сите претплатници на DIGI TV ќе им бидат заменати картичките со Nagra3,значи ова опција отпаѓа..:toe:
April projde!Gledam se ušte!duri ima i poveće kanali:vozbud:
 
Член од
29 октомври 2008
Мислења
596
Поени од реакции
13
јас сакам да се приклучам на боом тв ама предходно сакам опција снимање на програма:nesum:
има некои новости кога од прилике ке го воведат тоа?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.671
Поени од реакции
8.100
јас сакам да се приклучам на боом тв ама предходно сакам опција снимање на програма:nesum:
има некои новости кога од прилике ке го воведат тоа?
Зе ми си Макс тв и ич не се секорај таму си имаш снимање,стопирање,премотување назат на програмата ,сега еве има и HD
 
Е

експерт

Гостин
neli vtoriot paket bese za 99 den, zosto sega dvata za 800?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom