A1 TV Lite (ONE BoomTV/Vip TV Lite) безжична DVB-T телевизија - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата bballfan
  • Време на започнување Време на започнување
Decki kako da go otktrijam kodot za nekoj kanali mi bara kod plus samo 30 mi najde reciverot a treba da se 40 kako da go resetiram od novo da gi prelista da gi pobara kanalive probav da iskl sve odnovo da ukl ama zacuvani se kanalive tie 30
 
Ако има некој заинтересиран за Boom TV од Струмица и струмичко нека ми пише ПП, имам два пакети:smir:
 
Намести ја антената убаво прескенирај ги каналите и сејвувај ја новата листа штом заврши скенирањето горе десно има зачувај ја листата на канали а кодот на секој ресивер е 1234
 
Намести ја антената убаво прескенирај ги каналите и сејвувај ја новата листа штом заврши скенирањето горе десно има зачувај ја листата на канали а кодот на секој ресивер е 1234

не еднаш пробав миљон пати :S и не сака
 
не еднаш пробав миљон пати :S и не сака
Во тој случај ке ти треба надворешна антена зависи каде живееш ама ако викаш дека не сака набави надворешна антена и ке биде во ред
 
Во тој случај ке ти треба надворешна антена зависи каде живееш ама ако викаш дека не сака набави надворешна антена и ке биде во ред

охрид живеам утре ке идам ке купам надворешна антена и ке ја ставам надвор така се надевам ке фати :smir:
 
некој да знае зошто ја нема jungle tv и одамна веке и sci-fi каналот на боом
 
ке може едно прашање. сакам да земам ресивер од боом тв и сакам да го поврзам кабелот од кабелската за да ги фаќа дигиталните канали дали тоа е возможно. поздрав
 
BOOM TV VO MOMENTOV SI GI POKAZUVA SVOITE MANI(SECKA,SE GUBAT PROGRAMI)
PADNA VO VODA GENIJALNOSTA NA ONE
 
Da prasam nes. Zostot e usb otvorot na predniot del na resiverot? Probav nesto da najdam ama nikade ne pise nis za nego. Pozdrav
 
BOOM TV VO MOMENTOV SI GI POKAZUVA SVOITE MANI(SECKA,SE GUBAT PROGRAMI)
PADNA VO VODA GENIJALNOSTA NA ONE

лична твоја перцепција .јас таков проблем немам.не ми се десило откако го имам ,значи скоро 4 месеци , НИ ЕДНАШ , да ми засецка или да се изгуби програма
 
BOOM TV VO MOMENTOV SI GI POKAZUVA SVOITE MANI(SECKA,SE GUBAT PROGRAMI)
PADNA VO VODA GENIJALNOSTA NA ONE

Еден колега го имаше истиот проблем го реши со насочување на антената кон Водно пробај и ти истото ако си од Скопје ,доколку не си насочија твојата антена кон предавателот на Оне во твојот град
 
Експлодира незадоволството од „Бум ТВ“
2C45E722C3AE5F46BB27B7C6AFE67DBD.jpg

Четири национални телевизии деновиве ќе престанат да емитуваат сигнал за дигиталната телевизија „Бум ТВ“, најавија нивните менаџери. „Канал 5“, „Сител“, „Телма“ и „Алсат-М“ се револтирани од незаконско кодирање на нивните програми и сметаат дека има судир на интереси меѓу Телеком Словенија и ТВ „А1“.

Словенците, кои се сопственици на „Бум ТВ“ велат дека се изненадени од ваквите реакции.

Менаџерите на приватните национални телевизии велат дека го информирале директорот на дигиталната телевизија Јанез Маровт на заеднички состанок со извршниот директор Дарко Перушевски, поранешен директор на телевизијата „А1“.

На состанокот станало збор за незаконското кодирање на дигиталниот телевизиски сигнал на националните радиодифузери преку „Бум ТВ“, за „големите понуди“ за акционерско учество во сопственоста на „Бум ТВ“ и процентот од претплатата што „Бум ТВ“ им го ветувал на националните телевизии, барајќи поддршка за својот проект. Менаџерите велат дека поддршка за проектот дале и преку бесплатни реклами.

- Ако Телеком Словенија сака да продава дигитална телевизија само со „А1“ во понудата, нека повели. Ние ќе се исклучиме од овој проект, бидејќи не можеме да дозволиме да бидеме злоупотребени на овој начин - вели нашиот соговорник од една од незадоволните телевизии.

Тој вели дека по првичните кавги меѓу „Бум ТВ“ и газдата на „А1“, Велија Рамковски, по кои „А1“ воопшто ја немаше во понудата на „Бум ТВ“, во последните неколку месеци дошло до нагло затоплување на односите меѓу Словенците и Рамковски. Само неколку недели откако Дарко Перушевски станал извршен директор во „Бум ТВ“, „А1“ телевизијата била вклучена во понудата, а сето тоа било проследено со договор меѓу Словенците и Рамковски неговите маркети „Хедис“ да бидат главен дистрибутер на уредите за дигиталниот телевизиски пакет во земјава.

Менаџерите на националните телевизии тврдат дека „Бум ТВ“ без никаков надомест ја продава нивната програма. Велат дека газда Велија ќе заработува стотици илјади евра годишно од продажбата на пакетите на „Бум ТВ“ врз грбот на другите телевизии, а со тие пари „А1“ ќе им конкурира при набавките на програмите за да ја направи својата телевизија погледана.

- Ако Комисијата за конкурентност, Советот за радиодифузија и Телеком Словенија толерираат и овозможуваат таков класичен судир на интереси, ние сепак нема да им ги полниме џебовите на Велија и на Словенците, без никаков надомест, што потоа би го вложиле и во нашата програма. Фали само Велија да ни нареди нашите вработени да ги тераме задолжително да купуваат пакети од „Бум ТВ“ - вели нашиот соговорник.

Виктор Доневски, директор за односи со јавноста во ОНЕ, мобилниот провајдер што е во сопственост на Телеком Словенија и истовремено управува со „Бум ТВ“, вели дека има склучени договори со сите национални телевизии за емитување на нивните програми.

Во Комисијата за конкурентност тврдат дека имаат само првични информации за случајот.

- Ако сакаме да бидеме сериозна институција, би било добро да направиме детаљна анализа. Треба да утврдиме дали имаме надлежност за случајот и дали има повреда на ефективната конкуренција и злоупотреба на положбата - изјави Чедомир Краљевски, претседател на Комисијата за заштита на конкуренцијата.



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=40136CAA42546B4A9E00785E3479D8A2
 
Фала ви многу за појаснувањето како и каде треба да биде насочена антената и слично но јас повторно ќе кажам не се работи ни за антена ни за ништо друго него за моментален пад на системот на БУМ бидејки кога се јавив на 181 ми го кажаа истово.Така ценети преставници на бум нема потреба толку да се нервирате јас само кажав констатација која што е апсолутна вистина а немав никаква злонамера.Позз
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom