A1 TV Lite (ONE BoomTV/Vip TV Lite) безжична DVB-T телевизија - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
А нели рекоа ќе имало и HD канали :tapp:
смири се со тие HD канали,ете во Германија како една од најразвиените држави во европа има едвај 5-6 ТВ што емитуваат во HD квалитет
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.205
Поени од реакции
34.441
Го сменив насловот на темава, сега кога веќе го знаеме и името на телевизијата :)

Скопје, 11 ноември, 2009
Од денеска, 11 ноември, 2009г. македонските граѓани ја имаат можноста да уживаат во придобивките од првата дигитална безжична телевизија - BoomTV.
Основниот пакет на BoomTV е супериорен микс од најатрактивните домашни и странски канали од сите тв жанрови при што поголемиот дел од странската програма интензивно се локализира на македонски и албански јазик - ексклузивно за гледачите на BoomTV.
За вкупно 499 денари месечна претплата, граѓаните добиваат на користење бесплатен дигитален приемник, кој ќе им овозможи уште истиот ден со јасна слика и звук да уживаат во повеќе од 40 тв канали и тоа:
- Осумте бесплатни национални ТВ програми
- Триесетина најгледани светски и балкански канали со филмови, спорт, документарци, музика, забава, вести и детска програма
- Бесплатен пакет содржини за возрасни со родителска контрола
-
Доколку граѓанинот го купи дигиталниот приемник, уживањето чини 349 денари со вклучен ДДВ за 30 дена.
До 1. март 2010. година, гледањето BoomTV чини само 1 денар.
За разлика од останатите начини на гледање телевизија, BoomTV не е физички ограничен на една локација. Бидејќи не е потребен интернет, кабелски приклучок, сателитска антена ниту телефон, во програмите на BoomTV може да се ужива секаде во Македонија каде што ќе се однесе приемникот.
Сигналот на BoomTV е достапен на 80% од домаќинствата, а до крајот на годината ќе биде обезбедена 95% покриеност.
Услугата е достапна преку продажните места на ОНЕ и Германос за што е потребна само лична карта или пасош. Корисниците сами го инсталираат приемникот за помалку од 15 минути.
DVB-T е кратенка од Digital Video Broadcasting и е европски стандард за емитување и пренос на компримиран дигитален звук, видео и друг тип на податоци , а квалитетот на сликата и звукот е секаде ист каде што има доволно високо ниво на сигнал.
Со лансирањето на BoomTV Македонија се вклучува во редот на европски земји кои започнаа дигитализација на етерот што ќе резултира со целосно заменување на аналогниот со дигитален пренос.

http://one.mk/default.aspx?SectionID=41
 
Член од
8 октомври 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
20
Имаат одлична понуда на спортски канали: Еуроспорт 1, Еуроспорт 2 и Екстрим Спортс. :tapp:

За ова 500 денари? :nesvest:

Само Дримбокс, друго решение нема.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.205
Поени од реакции
34.441
Незнам што сте запнале толку со тоа со дримбоксот, зошто и сами знаете (или можеби не знаете) дека за него е потребен интернет и сателитска антена. Таква инвестиција не би правел. Дримбокс не би ставил, па да е единствена понуда на пазарот. Попрво би ставил кабловска. Башка, со дигиталнава ТВ добиваш преведена програма (аудио и титлови), можност за снимање, video on demand и тн... А можеш и да си ја шеташ со себе. Од град у село, на викендичка...

И на крајот на краиштата, ставете дримбокс и готово. Зар ја чекавте дигиталната телевизија за да го откриете дримбоксот?
Ајде, чекам рецензија :)

Јас ко што ги разгледав каналите, има се' што треба.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Незнам што сте запнале толку со тоа со дримбоксот, зошто и сами знаете (или можеби не знаете) дека за него е потребен интернет и сателитска антена. Таква инвестиција не би правел. Дримбокс не би ставил, па да е единствена понуда на пазарот. Попрво би ставил кабловска. Башка, тука имаш преведена програма (аудио и титлови), можност за снимање, video on demand и тн...
Предноста на дигиталнава е што е...лесно пренослива. Толку. Во моментов колку што гледам на boom нема опција за VoD, ниту пак за снимање.

На дримбокс имаш многу преводи (српски, хрватски, бугарски) меѓу кои и Македонски. Опциите кои ги имаш во менито на приемникот, не се ни упола од оние што ги има во дримбоксот.

Мојот дримбокс има опција за снимање на програми, со 80 гига меморија(внатрешен ХДД во кој можам да снимам филмови па после независно од сателитската да ги гледам како да е плеер).

На дримбокс ги имаш сите оние канали кои ги скинаа од кабелските, а нема да се емитуваат ни преку boomtv.

У секој случај, парите се исти, дримбоксот е бољи. И тоа е муабетот.
 
Член од
2 јануари 2008
Мислења
21
Поени од реакции
3
Резолуција 576и не е ништо посебно на LCD или плазма , да не речам дека е очајно. Квалитетот е ист ко и дигиталните кабловски. Ако имате аналогна кабелска дома и ЦРТ нема да се разочарате воопшто. Субјективно јас сум за Дримбокс во секој случај , 7000 канали, поквалитетна слика и најнови филмови серии и останато формат 16:9 фино за очи а за преводи , додека гледам програма на англиски не ми ни треба превод.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.205
Поени од реакции
34.441
Предноста на дигиталнава е што е...лесно пренослива. Толку. Во моментов колку што гледам на boom нема опција за VoD, ниту пак за снимање.
Има бе, проверено. Нормално, за Video On Demand мора да го имаш рисиверот, ама ти го немаш.
На дримбокс имаш многу преводи (српски, хрватски, бугарски) меѓу кои и Македонски. Опциите кои ги имаш во менито на приемникот, не се ни упола од оние што ги има во дримбоксот.
Ајде бе... Кој ги врши преводите, дечките што ти го шитнале дримбоксот? :)

Не заебавај, можеби имало некој исклучок на некоја телевизија (што е за поздрав, затоа што самата телевизија ангажирала преведувачи), ама тоа не е ни од далеку преведена програма.
Мојот дримбокс има опција за снимање на програми, со 80 гига меморија(внатрешен ХДД во кој можам да снимам филмови па после независно од сателитската да ги гледам како да е плеер).
Добро де, пошто парите се исти (а пошто реално - не се), ајде една математика да удриме (без намалување сеа, биди искрен :)) колку пари те чинеше иницијалниот трошок (интернет, дримбокс, сателитска, монтажа и сл...) и колку плаќаш месечно. А после ќе направиме математика колку ќе го чини некого BoomTV :)
 
Член од
8 октомври 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
20
Незнам што сте запнале толку со тоа со дримбоксот, зошто и сами знаете (или можеби не знаете) дека за него е потребен интернет и сателитска антена. Таква инвестиција не би правел. Дримбокс не би ставил, па да е единствена понуда на пазарот. Попрво би ставил кабловска. Башка, тука имаш преведена програма (аудио и титлови), можност за снимање, video on demand и тн...

И на крајот на краиштата, ставете дримбокс и готово. Зар ја чекавте дигиталната телевизија за да го откриете дримбоксот?
Ајде, чекам рецензија :)
Зависно од потребата. Кога Макс ТВ и овие не ставаат акцент на спортските канали мене како корисник неможат да ме примамат.

Нивните педестина канали се минорни во споредба со она што може да понуди Дримбоксот. За титловите не е проблем, Дискавери, АХН, Фокс и останатите канали кои се со македонски превод се емитуваат преку сателит, а има доста и локализирано на србски, хрватски...

Приемникот им е 6000 денари, малце поскап е Дримбоксот но тоа е долгорочна инвестиција преку која се добиваат илјадници канали.

Очекував повеќе од нив, но ме разочараа. Така да ќе морам да ја одберам другата алтернатива.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.205
Поени од реакции
34.441
Океј е тоа, ама јас никогаш не би дал толку пари за приемник. Иако, ние сме фрикови по технологија и знаеме да фрснеме по толку кеш, но колку и да е супериорен, толку пари само за приемник е лудост. А месечните трошоци башка. Па и интернет уште... И да ми снема интернет - автоматски снемувам и телевизија. Фала, али дримбокс не е за мене :)

А дигиталнава ќе чекаме да видиме како ќе се покаже. Само мене ми изгледа доста по примамлива и поедноставна отколку друмбокс, тоа ми беше муабетот.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Добро де, пошто парите се исти (а пошто реално - не се), ајде една математика да удриме (без намалување сеа, биди искрен :)) колку пари те чинеше иницијалниот трошок (интернет, дримбокс, сателитска, монтажа и сл...) и колку плаќаш месечно. А после ќе направиме математика колку ќе го чини некого BoomTV :)
Сателитска опрема(тањир, мотор, LNB) за 130 евра.
Дримбокс 500s - 50 евра.

Иницијална инвестиција - 180 евра.
Месечна претплата = 500 денари.

За тоа добиваш цирка 5000 канали.

Јас имам поскап модел на Дримбокс(800 PVR HD), 400 евра го платив, така ми одговара, пошто поранешните Premiere(сегашни Sky) и HBO имаат и ХД опција за емитување, финесите од тоа ти се познати :)

-----------------

Да видиме за boomTV.

Иницијален трошок, 100 евра.

Со него добиваш дигитален ресивер и картица.
Месечна претплата 500 денари(исто како што би плаќал за сат. со дримбокс)

За тоа добиваш - 45 канали од кои ти ќе ми кажеш колку се македонски (без НоваТВ, без Премиер каналите[кои што се 24/7 најнови филмови], без ХРТ2...со потенцијално исклучување на каналите кога би се емитувало нешто за што нашиве телевизии имаат откупено лиценца за емитување)


Сега, знам дека ќе ми спомнеш и трошок за интернет кога станува збор за дримбоксот, ама е несрачунливо затоа што скоро секое домаќинство има интернет дома. Независно од телевизијата.
 

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.082
Поени од реакции
1.347
Како што видов од мапа на покривање само Скопје Тетово и Битола сега имаат ТВ?Има покривање за Штип?
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.617
Поени од реакции
7.431
Како што видов од мапа на покривање само Скопје Тетово и Битола сега имаат ТВ?Има покривање за Штип?
I ja taka se zaebav ama toa Скопје Тетово и Битола im se pod prodazna mreza...mapa na pokrivanje imas tuka
 
Член од
7 септември 2008
Мислења
371
Поени од реакции
109
Се тресеше земјата се роди глушец:toe:сепак нека им е со срека почетокот и успешна работа за жал ние сме периферија за емитување на добри и квалитетни канали,ИСКРЕНО ОЧЕКУВАВ МНОГУ ПОВЕЌЕ ама и ова за почеток нека биде конкуренција на кабловските телевизии кој збеснаа од реемитување и исклучување на канали со нерегулирани права. ХБО Синемаx и останато може само да сонуваме сепак се потребни повеке инвенстиции за такви канали да реемитуваш не мислам како основна понуда туку како пакет плус, не ми е јасно зашто во понудата ги нема СЛО 1 и 2 кога Телеком Словенија е сопственик на boom tv, од Македонските канали недостасува А2. Чекав ама не дочекав сепак сателитска е подобра опција може за почеток повеке кошта но со тек на време повеке кратно ке се исплати. И спортскиот пакет за кој најмногу бев заинтересиран е средно жалосен до кога со тој :drk:EXTREME.
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Смешна понуда. Со овие канали толку се фураа? На скапанава кабловска добивам повеќе канали за помалце пари. Башка договор на 2 години ? Помина тоа време кога се даваа толку долги договори.

@Acid
Дримбокс е далеку подобра и поисплатлива опција на долгорочен план. Сега ќе дадеш некој денар повеќе, али ќе ти се вратат парите за неколку години. Башка тоа што го добиваш е неспоредливо со ова што овие го нудат.


Разочаран сум, чекав да видам што ќе понудат пред да ставам макс тв...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom