Колку вреди факултетската диплома?

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Не сакам настрана... сакам тука, каде што сум роден, зошто да неможе?
Razberi deka nekoi sektori seushte ne se dovolno razvieni kaj nas i nema seushte dovolno jaka ekonomija koja bi gi finansisrala tie sektori, taka da dodeka ne se sozdade mozhnost kaj nas ne bi ti bilo losho i na strana da pochnesh radi iskustvo.

А може да ми одговориш зошто бега во Германија со така висок просек?
Za da mozhe da go iskoristi svojot potencijal, ne deka i vo makedonija nema da najde rabota, ama mozhnostite za napreduvanje vo strukata vo pogornite nivoa kaj nas e nevozmozhno dodeka vo germanija ima povekje nivoa na koi ako ima nekoj potencijal mozhe da se iskachi i da go iskoristi svojot potencijal. Kaj nas nema ednostavno mozhnost da se iskoristi kapacitetot nazhalost.

Ако беше работата да излезам за 6 месеци и пак да се вратам...можев.
Инаку за просек имав над 9. Ама завршив право. Сеа сум на магистериум на економски....и пак не можам да најдам пристојна работа.
Секоја чест за брат ти....ама не ги изедначувај сите луѓе со еден случај. И кај брат ти верувај дека не е само знаењето туку и друг сплет на околности кои биле добри за него. Генерализираш, не го прави тоа.
На страна реееееееееееееетко се успева со наша диплома. Само како физикалец, ама и за тоа ти треба работна дозвола за да си ставиш основа за живот...а не да бегаш како циган.:toe:
Mnogu zavisi od strukata, ako si imash diploma od inzhenjerskite ili prirodno-nauchnite struki mnogu se golemi shansite da uspeesh. So ekonomski ne e sekogash do tolku lesno a so opshtestveni nauki ako ne si specijalist vo neshto epten retko i mnogu nezastapeno na strana se naogja rabota, ako si opshto opshtestveni nauki togash pak e mnogu poteshko.
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Во оваа наша држава ваква каква што е,ништо не вреди ако немаш во моментов членска на ДПМНЕ.Тоа сите го знаеме и нема потреба да се залажуваме.Имај ти каква сакаш диплома и било каков просек и конкурираш на место каде што ќе конкурира друг со различна струка а да има членска немај надеж.Сите конкурси кои се пуштени се наместени.Додека ти носиш CV и ред други срања некој веќе работи.Дипломата вреди само за да се удираш у гради дека си високообразован.Ако немаш луѓе и среќа џабе ти е!Секогаш има исклучоци ама тие се ретки.Каде што работам јас(работам на место каде што не ти е потребен факс)имам неколку колеги од кои еден со Градежен,двајца со Правен и еден со Електро.Не дека платата и работата се лоши ама да имам Електро ќе ме боли многу!

Мене ми е супер,знам дека кога ќе завршам факс ќе имам супер работа баш заради фактите од горе.Не сум од тие со членска ама едноставно ми одговара оваа ситуација.Имам огромна корист од тоа и за мое добро би сакал вака и да остане.Може звучи лошо малце,ама сепак тоа е тоа.Прво и основно си гледаш за себе:smir:
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
па секако дека многу вреди. друго е да имаш диплома друго е со средно овчарско да си.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
па секако дека многу вреди. друго е да имаш диплома друго е со средно овчарско да си.
Во држава... барем досега, средно и факултет е исто, другари со средно работат и заработуваат пари за кои засега можам да сонувам дека би ги заработил :S
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Потешко е некој да те вработи ако си без диплома и полесно е да те заебава.
Исклучоци има, ама генерално е тоа.
Не верувам дека некоја посаглам компанија во Македонија би вработила некој без факс.
Зборам за банки, Телеком и слично.
Во помали приватни има место за секого, особено со врски.
Исто не знам како може некој да си дозволи некој ропак со диплома да му јаде трици дека е повреден од него.
Седни заврши, бар денес грото факултети се лесни.
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Во држава... барем досега, средно и факултет е исто, другари со средно работат и заработуваат пари за кои засега можам да сонувам дека би ги заработил :S
епа тогаш сигурно треба повеќе врски да имаш и да бидеш поупорен друго чаре нема:toe: и јас познавам со диплома, а дома седат ама таквите се поретки од оние средно што имаат
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.572
Поени од реакции
6.701
Не е парче хартија додека студираш,,но какви што се условиве во државава дека тешко се вработуваат млади луге по тоа што го студирале,,,муабетот ми е одкога ке се вработиш 90% ги користиш твојте способности и квалитети а останатото е дипломата со која всушност си се вработил. ЈБГ
 
С

Сатори

Гостин
Ако се оди на факултет само за дипломата тогаш навистина нема вредност.Зошто ли мислев дека на луѓето им е до знаење и себе-надградување. :бебуш:
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.545
Поени од реакции
2.732
Убаво рекоа некој погоре со дипломата да се фалат само моите демек еве синот им завршил факс правник економист што и да е.Ке завршиш и после земи сликај се.Јас како иден правник сум бил на може од више 10 интервјуа ама дали двајца ги интересираше многу многу на кој факс студирам.Они си бараат искуство минимум година дена и друго услови кој врска немаат со факултетот.Сега нека се живи и здрави само врските и да имаш навистина среќа во гз.Додека ние студиравме еден наш другар што студира на економски си ја проба среќата отиде да конкурира во ВИП.Сега работи како телефонски оператор (се вработил значи со средно).Може не е нешто ама едно 20 000ден си зима и не му чуе полека полека го чисти факсот има повеќе ентузијазам во него си направи дечкото 2 години искуство и утре задутре кај и да чукне на врата кога ке видат дека си има искуство дечкото више ке го ценат него некој што факсот го завршил за непуни 3 години.Другарите негови сами му викаат блазе си ти се вработи како средниста си зима пари и плус полека полека си завршува а другарите негови што завршија на време седат дома немајќи работа.Тука да успееш треба многу многу среќа и многу многу врски.А за работа праксата ке си го направи своето само што не може да се влезе никаде тоа е.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Сега работи како телефонски оператор (се вработил значи со средно).Може не е нешто ама едно 20 000ден си зима и не му чуе полека полека го чисти факсот има повеќе ентузијазам во него си направи дечкото 2 години искуство и утре задутре кај и да чукне на врата кога ке видат дека си има искуство дечкото више ке го ценат него некој што факсот го завршил за непуни 3 години.
Добар пример.
Греота за вас што не сакате да работите.
За оној кој сака да работи има работа.
Јас додека студирав, програмирав, местев антени, кабли за нет, работев едно време и како шофер, што се не, не ми кажувајте дека нема работа .
Демек ако не е во канцеларија, ќе ви биде под ниво.
Лоша поука од социјализмот, никако да се научат луѓето на работа.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Не вреди ако не си ја заслужил и си идел со намера само да ја добиеш. Факултетот е место на кое се добива знаење а дипломата е само доказ дека си научил се што треба во таа област. За жал кај нас дипломите незначат тоа и затоа се губи од вредност. Но ако си учел и со учење вредно си стигнал до диплома ни партии ни врски нема да ти пречат до успехот во работата за која си учел на факултет. Незнам зашто луѓево толку брзо се разочаруваат и откажуваат во потрагата за работа која ја учеле (вистински) на факултет. Едноставно мала земја сме и работа нема многу а како тебе со ист факултет има многу. Избори се. Докажи се. Пробај од помала позиција (поврзана со тоа што си го учел) па напредувај низ кариерата. Не доаѓа директорска фотеља од старт. Тие што завршиле факултет а велат дека не се исплати или се мрзи или се дел од тие што завршиле али не научиле.

Барем така мислам јас...
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.545
Поени од реакции
2.732
Не вреди ако не си ја заслужил и си идел со намера само да ја добиеш. Факултетот е место на кое се добива знаење а дипломата е само доказ дека си научил се што треба во таа област. За жал кај нас дипломите незначат тоа и затоа се губи од вредност. Но ако си учел и со учење вредно си стигнал до диплома ни партии ни врски нема да ти пречат до успехот во работата за која си учел на факултет. Незнам зашто луѓево толку брзо се разочаруваат и откажуваат во потрагата за работа која ја учеле (вистински) на факултет. Едноставно мала земја сме и работа нема многу а како тебе со ист факултет има многу. Избори се. Докажи се. Пробај од помала позиција (поврзана со тоа што си го учел) па напредувај низ кариерата. Не доаѓа директорска фотеља од старт. Тие што завршиле факултет а велат дека не се исплати или се мрзи или се дел од тие што завршиле али не научиле.

Барем така мислам јас...

И јас на твои години мислев како ти што викаш сега.На 20 години се запишав на факс со таа идеја дека утре задутре кога ке завршам и со знаењето кое ке го добијам знам ке успеам и ке си најдам пристојна работа во мојата професија.Али како што идат годините се повеќе и подобро ја гледам за жал лошата реалност во нашата држава.Баш ради тие што се со врски и со партии на големо и тоа ги фатиле тие места на кои ти си планирал да конкурираш за вработување после завршување на факултетот.Додека ти студираш додека си ја пукаш главата со учење по дома,интернати кај било,тие луѓе не седат раат.Фрлаат пари бараат врски што било да се вработат.Негова примарна цел е вработувањето и ке стигне до тоа на кој било начин.Не ги кривам убаво ни викаа во војска - Снајди се па живи.Е сега додека завршиш ти факултет тие работни места на кој си се надал дека ке се вработиш еден ден ке бидат пополнети.И да се испразни некое пак имаш колку сакаш луѓе со врски и партии што чекаат да бидат примени.За жал мислам дека е така.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
И јас на твои години мислев како ти што викаш сега.На 20 години се запишав на факс со таа идеја дека утре задутре кога ке завршам и со знаењето кое ке го добијам знам ке успеам и ке си најдам пристојна работа во мојата професија.Али како што идат годините се повеќе и подобро ја гледам за жал лошата реалност во нашата држава.Баш ради тие што се со врски и со партии на големо и тоа ги фатиле тие места на кои ти си планирал да конкурираш за вработување после завржување на факултетот.Додека ти студираш додека си ја пукаш главата со учење по дома,интернати кај било,тие луѓе не седат раат.Фрлаат пари бараат врски што било да се вработат.Негова примарна цел е вработувањето и ке стигне до тоа на кој било начин.Не ги кривам убаво ни викаа во војска - Снајди се па живи.Е сега додека завршиш ти факултет тие работни места на кој си се надал дека ке се вработиш еден ден ке бидат пополнети.И да се испразни некое пак имаш колку сакаш луѓе со врски и партии што чекаат да бидат примени.За жал мислам дека е така.
Нормално. Али реков нема да те спречат. Али не реков дека одма ке те вработат на тоа место. Јебига таква земја сме. Врскарите ке имаат јаки работи одма. Али боље е да пробаш од ниско да стигнеш до високо него да не пробаш и да си седиш дома. Ке ти биде криво над тебе да биде некој со врски али животот е таков. Заебан. Посебно во Македонија на места на кои се земаат јаки пари...
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Не сум, уше сум средно.
Сакам да одам на право.
Нема да одам.
Зошто? Зашо правници има со лопата да ги ринеш.
Машински? Можеби, семеен бизнис.
Медицина, 10 години да учам, па ако не најдам тука работа да останам со цефката у раце? Не фала.
Ако иднината си ја гледаш тука, си требала уше при запишување на факултет да размислуваш трезно, дека ако тука не се гурнеш у фамилијарен бизнис, шансите да успееш без занает се страшно мали.
Само шо, никако тоа да го прифатите, сите сте исфрустрирани пошо работа неможе да се најде. Работа може да се најде, никој не те стиска у државава, излези на страна, вработи се, ко ќе се вратиш ќе имаш и пракса и диплома, верувам дека тебе попрво ќе те вработат него некој без едното од нив.
Сите ја знаете состојбата у државава и пак упорно кукате, и не, не искачате од неа..

Ај ондак молим те, просветли ме за што станува збор? И како тој успеал да се вработи пред некој со факс? Ако не е татина и мамина маза?
Абе дечко многу си ми интересен вака кога си полн со ентузијазам, ама не се секирај, ти млад си има време да ти го убијат и ентузијазмот. И викаш брат ти на машински бил со 10 просек, и ги спомнуваш машински и електро како порационални факултети. Ај да ти објаснам дека помеѓу машински и електро разликата се мери во светлосни години. Јас сум бил на електро и знам што се дешава таму, ама да го срамниш со машински Господ грев ќе ти пише. Второ брат ти многу добро направил што си аплицирал во странство и што сега има шанса да се вработи таму, затоа што тука брат ти со машински ама нема баш никаква можност да работи нешто по струката. Трето, викаш фамилијарен бизнис? Точно и јас се сложувам со тебе дека најдобро е да инвестираш во некоја твоја идеја, без разлика дали е тоа производство на стоки или услуги, трговија, хартии од вредност или недвижнини. Само за да создадеш семеен бизнис потребно е да имаш некој капитал, а денес не секој има толку капитал за отпочнување на бизнис, напротив јас познавам луѓе кои што подигаат кредит за да можат да ја платат ратата на факултет за своите деца. Па ете кажи им на нив да си отворат семеен бизнис. И сега по твое искача дека само тие што имаат 10 просек изгледа дека можат да најдат работа, другиве комотно можат да се убијат пошто се глупи и мрзливи, ќе дојдеш и ти на факултет и тогаш ќе видам дали и ти ќе бидеш ко брат ти, не ме сваќај погрешно секоја чест за брат ти. Единствено што се согласувам со тебе е одењето во странство, ако веќе не можеш да најдеш работа тука нема логика да останеш, затоа што за да најдеш работа треба или да имаш врски или да дадеш пари за да те вработат. Ама и ако отидеш во странство сам, и немаш најдено работа веднаш како што е случајот со брат ти кој што аплицирал и успеал, ќе ти требаат исто така доста средства за првите месеци дури се снајдеш и најдеш работа
 

*Slash*

Comfortably Numb
Член од
31 јули 2008
Мислења
760
Поени од реакции
1.209
Добра тема на размислување.Мислам дека GoD.HateUSaLL има тотално право и се сложувам со него.:smir:

@rossonerka-На кој факс имаш дипломирано?:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom