По разводот со пила го делеле и мебелот

  • Креатор на темата Креатор на темата TeotiX
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 декември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
22
Возраст
29
Француската полиција неодамна интервенираше во еден дом во градчето Рокро североисточно во земјата, да смират маж вооружен со електрична пила, кој го сечел мебелот кој требало да го поделат со сопругата во бракоразводната парница.
Иако сопругата барала поделба на целокупниот имот на еднакви делови повредениот сопруг одлучил буквално да и го исполни барањето, па зел пила и почнал да го сече целиот мебел во куќата.
Пред да го сопре полицијата тој го исекол троседот, трпезариската маса и компјутерот.
Полицијата успеала некако да го фати и смири мажот и да се погрижат за неговата поранешна сопруга, која ја најдоа во состојба на шок.
Локалниот весник Унионн кој ја пренесе случката ја споредил со црнохумористичната холивудска комедија Војна на ружии од 1990 година со Мајкл Даглас, Кетлин Тарнер и Дени де Вито во кој брачниот пар се разведува со омраза користејќи најекстремни методи.


Луда работа :vozbud:
 
Е добро де... да не требало со лажица да го дели мебелот... се знае пила за шо е :nenene:

Најпосле доследен си е на традицијата... како беше она францусконо... фратерните, егалите, либерте
 
Waaaaaaa..дури и компјутерот еејјј..:pos2::pos2::pos2::pos2:
 
го делеле со пила за да не се караат кој колку земал:pos2::pos2::pos2:
 
Сета среќа што сме напредни и пили имаме па лесно оди тоа сега.Замисли да требало со секира да го дели...
ехеееее тоа труд време и напор е бе,па ако сакаш да останеш без ништо ангажирај адвокат.
 
Хм, не пишува дали имале деца, ако имале, како побогу нив ќе ги делат?
 
и нив со пилата што се чудиш :хаха:
Прав си, ако имале син и ќерка, пак ќе си имат, само по половинки хехеехе. А ти бегај на спање, утре си на школо :wink: освен ако не си втора смена :)
 
Бог да чува и да брани. Луѓево скренуваат. Мене овие работи не да не ми се смешни, трагични ми се. Да делиш со некој кревет, да бидеш во брак и потоа ваков однос... :toe:
 
Боже сачувај е работава. Значи светов е дефинитивно ненормален. Абе компјутерот бре еееееј. Поарно мене да ми го дал и онака е канта мојов, бар ќе се служев јас со него:vozbud:
 
Бог да чува и да брани. Луѓево скренуваат. Мене овие работи не да не ми се смешни, трагични ми се. Да делиш со некој кревет, да бидеш во брак и потоа ваков однос... :toe:
тој однос на крај зависи од тоа зашто се разведуаа.
Да,смешно,трагично,болно,ненормално е сето тоа.Но би го оправдала овој само доколку она сакала да го остае и да му земе се и да замине со негов другар(ај тепам сеа филмои) ама сепак не може од проста причина овој вака да прави.
 
Бог да чува и да брани. Луѓево скренуваат. Мене овие работи не да не ми се смешни, трагични ми се. Да делиш со некој кревет, да бидеш во брак и потоа ваков однос... :toe:

Па и сеа си го делеле креветот, ама со Пила. :)))))))
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom