rossonerka
too good to be true
- Член од
- 8 октомври 2007
- Мислења
- 6.081
- Поени од реакции
- 889
Нашиот образовен систем е подложен на реформи кои траат веќе долго време. Се менуваат одредени работи постојано во образованието.
Едни правила се донесуваат, други се укинуваат, трети се донесуваат но се укинати од повисоки институции итн.
Она што ме иритира е што најчесто одлуките за измени во образованиот систем се донесуваат без претходно да се направи вистинска анализа дали може да се оствари таа промена. Прво треба да има пробен тест период во одредени училишта, па потоа конечно да се донесе.
Плус овие промени не се имплементирани комплетно. Може се менуваат правилата, ама професорите остануваат, а голем дел од нив се со застарен систем на работа, па џабе има промени кога тие не ги исполнуваат.
Или одредени проекти траат само некој период и потоа ќе увидат дека не е добро организиран и пропаѓа тоа, а веќе претходно се вложувало во тоа. (пример со проектот компјутер за секое дете, каде бројот на компјутери што нефункционираат сега е огромен, а и оваа година компјутерите служеа само за забава, не за образование)
Што мислите за овие постојани промени во образованиот систем?
Кои промени ви се допаѓаат, а кои сте против?