До кога со лошо осмислени реформи во образованието?

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Така е. За жал кај нас, кај и да се свртиш владее политиката (бизнис, администрација, болница, образование...). Катастрофа жива. Никој не гледа што е најдобро за учениците туку што е најдобро за актуелната влада. Финтава е ко на К-15 види ме што направив- "А ти можеш ова?".

На пример, мене најмногу нешто што не ми се свиѓа е компјутер за секое дете. Ако сакаат позитивни промени прво треба да се едуцираат наставниците за работа со компјутери, а дури потоа да им се донесат на децата. А, не они директно компјутер за секое дете па после зашто сите дремеле на facebook? Епа да се чудиш зошто.
Баш така политиката е вмешана секаде многу повеќе отколку што треба. Кога е на власт една партија има одредени цели и планира едни проекти и колку толку ај ги остварува (повеќето ги заборава јасно нели :icon_lol:) и потоа доаѓа за 4 години нова партија на власт и таа има па нови цели и нови проекти и оние на старата власт ги затвара и ги прекратува и почнува со нови.
Мора да се практикува еден проект да е долготраен а не додека е интересен за власта и додека привлекува внимание кај народот. Откако ќе спласне и ќе се навикнат луѓето тие прекратуваат и донесуваат нов проект и ново woooow види што направиле, а не ги гледаат лошите последиците од прекратениот проект.
Едно нешто се прекратува само ако е лошо, а не ако е успешно.

И да за она компјутер за секое дете ... сестра ми колку што памтам од 15 предмети само кај 2 користат компјутер за научни цели. Останатите ги користат за мсн и ФБ. Секој ден од утре веројатно пак ќе читам статуси на ФБ лелелеееее досаден чааас, леле да не ме види професорката, само да не ме испраша историја ...
 

Jordan Rudess

Tonight's the night.
Член од
3 декември 2008
Мислења
412
Поени од реакции
53
Државната матура е најдоброто нешто во нашето образование, тука доаѓа до израз кој колку навистина знае :) Но стварно е беспотребно тоа што на некои факултети студентите полагаат и приемни испити :kesa:
Е многу е добро.. Баш ништо не помогна државната матура оваа година.. Сестрами полагаше оваа година и по преднетот Македонски Јазик кажа дека се препишувало како никогаш.. сите на една клупа и кажа дека на крајот и паднало криво зошто толку многу учела кога и другите од кои некои воопшто не пипнале да учат извадиле исти резултати како неа.
А за компјутерите сакам да кажам дека идеата за компјутер за секое дете ми се допадна многу. Но реализацијата на таа идеа беше нула. Најголемиот проблем со штетата што се направи на компјутерите е тоа што не почнаа да се користат во наставата уште на почетокот, а уште поголема грешка што не беа воопшто вклучени прво полугодие а тоа овозможи едноставно од досада да се прават штети врз хардверскиот дел на компјутерите. Ретки беа професорите кои внимаваа на компјутерите и од ден на ден се повеќе се правеше лом.
Друга грешка со компјутерите беше кабинетската настава (барем во моето училиште така беше).. Доколку секој ученик(односно секои двајца во двете смени) имаше компјутер за кој да се грижи штетата ќе беше значително помала.
Останува да видиме што ќе се случи со учебниците, баш е супер што ќе ни даваат нови учебници на секому и нема потреба да се замарам да барам како секоја година. Да се надеваме дека и ова нема да биде само добра идеа со уште „подобра“ реализација..

Секој ден од утре веројатно пак ќе читам статуси на ФБ лелелеееее досаден чааас, леле да не ме види професорката, само да не ме испраша историја ...
Не се секирај... Им текна да го блокираат ФБ.. и така и така го мразам ФБ, а уште повеќе го замразив во училиште, малку им беше дома што дремат по цели денови па и на одморите и часовите не се тргаа од него.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom