Цеск не игра. Голем минус јебем му матер. Опнал некоја широкогрудна џет-сетерица и сеа не може да моча на лево. Нејсе.
Порано многу ги сакав Арсенал, ама Венгер кога почна со освежување на тимов со деца, и упорно да ги игра цело време, ми идеше на нерви. Но, сега е малку поинаку. Тие деца се уиграа меѓу себе, брзи се имаат елан и желба за победа. Цеск и те како прави разлика, ама се може и без него.
Манчестер пак од друга страна, се видно ослабени. Кој што сака, и колку сака нека зборува за 5-0 резултати, ама тоа се муабети за деца. Овој натпревар не е типичен натпревар. ОВА Е ДЕРБИ! Тука ако паднат 2 гола бидете среќни. Ќе има гурање, тепање надмудрување и триста чуда.
Манчестер може да ги победат Арсенал без око да им трепне, ама оној паметнион не го игра Бербатов бе, го чува до крај на утакмица, мисли ѓоа Тевез финти ќе праи, ќе спасува утакмици во 90та минута. Не може он тоа, алооо, бугарин е! Стај го први 50 минути да трча после спакувај го за по дома.
Се зависи како ќе почне натпреварот и играчите кои што Ферги ќе ги одбере. Ако игра само со Руни, без Бербатов, дечки извинете, ама наебавте.