Манчестер Јунајтед - Арсенал, 29.08.2009, 18:15

  • Креатор на темата Креатор на темата манутд
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи?


  • Вкупно гласачи
    113
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Очекувам победа на Јунајтед.Ми се допаѓа играта оваа година и така затоа они сакам да победат.:back:
 
Очекувам да заврши нерешено Манутд го има победено Виган со 5-0 но изгуби од Бранли, Топџиите го прегазија евертон со 6-1 и портсмунт со 4-1 така да мојот тип е нерешено..:pivo:
 
Ќе победи Манчестер се знае. Поздрав и напред манчестер
 
Арсенал оваа сезона ја почна супер играат одлично и очекувам победа над манчестер:toe:
манчтестер оваа сезона не ја почна баш најдобро ќе се поправат понатаму ама ќе го папаат сеа од Арсенал:smir:
 
Манчестер Jунајтед-Арсенал..натпревар кој е секогаш интересен и во кој ништо не се знае..
Навивачки гласав за Јунајтед,но сепак мислам дека ќе биде тешко..Арсенал брилијантно стартуваа,па сега полни со самодоверба ќе излезат на Театарот на Соништата,но Јунајтед на домашен терен играат посебно..Шампионот киксна во второто коло,но на DW Stadium покажа дека не треба да се отпишува предвреме.

Така да мислам дека ќе има добар,офанзивен фудбал,со неколку голови..

Со среќа на двата тима и нека победи подобриот!

GLORY GLORY MAN UNITED!
 
Арсенал ќе го столчи Манчестер,ќе го столчи....како што го столчи ливерпул лани...
 
1-1 и 4-4

Што е тука истолчено?

Mислам дека членов се збуни, поточно не напиша убаво, верувам дека сакаше да каже Ливерпул кога го столчи Манчестер со 4-1 :smir:

Во врска со натпреваров..

Уф, секогаш кога играле Манчестер и Арсенал било жестоко и интересно, никогаш натпреварот не завршувал како што верувале многумина, секогаш полн со жар и искри во играта. Малку ми недостигаат времињата кога за овие тимови играа Виера, Пирес, Нистелрој, Леман. Тепачките што настануваа обично при крајот на натпреварот, па одбранетите пенали на Нистелрој од Леман...

Арсенал тргна доста офанзивно оваа сезона, ги полни мрежите на противниците, додека Манчестер киксна против Барнли а се истури на Виган. Навистина не знам што да типувам на овој натпревар, секогаш завршувал непредвидливо. Според мене ова дерби е многу поинтересно отколку она со Ливерпул. Како што спомна некој погоре, ќе биде битка помеѓу двајцата најдобри менаџери во Премиер лигата.
Е сега дали ќе гледаме војна на теренот или па гол шоу, тоа ќе оставиме на 22цата кои ќе истрчаат на теренот.
 
Гледајќи од мој аспект тимот на ман.ј е помалку и смешен оваа година најслабиот манчестер до сега со таа смешна средина што ја имаат мислам дека треба да бидат среќни оваа година ако фанат ЛШ(без навреда и не сваќајте го овоа како провокација)додека пак тимот на АРСЕНАЛ конечно после долга пауза е еден од главните конкуренти за титулата а тоа го покажа и на предходните 4 натпревари(2 во ПЛ и 2 во ЛШ) на кои постигна 15 погодоци а прими само 3...па затоа очекувам малку навивачки но лесна и сигурна победа на АРСЕНАЛ остварена со 2 или 3 гола разлика...позз и со нестрпление го очекувам натпреварот :helou:
 
Мислам дека Арсенал не е толку јак како што изгледа. Ги победиле Евертон, Портсмут и двапати Селтик. Евертон секоја година си почнува мизерно, Портсмут и не е некој квалитетен тим, а Селтик е силен колку и еден просечен премиерлигаш. Манчестер Јунајтед, пак, не беше убедлив против Бирмингем, киксна со Барнли, и го наполни Виган. Многумина мислат дека без К.Р. Јунајтед не го бива, а тоа и не е така, можеби се ослабени но не до толку. Мислам дека Јунајтед може да го победи Арсенал. Него, на Ѕинготел ќе ја има?
 
Јас мислам дека ке заврши нерешено натпреваров а можи и победа на Арсенал..ги згазија Евертон и Портсмунт и во ЛШ Селтик го згазија на двата дуели,во страшна форма се и најмалце очекувам нерешен резултат на Арсенал.:tv:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom