Манчестер Јунајтед - Арсенал, 29.08.2009, 18:15

  • Креатор на темата Креатор на темата манутд
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи?

  • Вкупно гласачи
    113
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Само дане помини како Челзи лани на Олд Трафорд ми е мене:helou:
Венгер не е „шпанско село“ ко многупосакуваниот ширум Манчестер и Ливерпул Сколари шо беше. Со зборови на Венгер ретко се согласувам, но една реченица ми е впечатлива, како одмерените и џентлменски зборови на Фергусон за него ги има кога Арсенал не е во трка со Јунајтед за место на табелата, со што итекако се согласувам.:toe:

Резултат тргна со импресивни резултати, но видовме дека Евертон и Портсмут се во очајна состојба на почетоков на сезонава, па јас и не сум толку импресиониран. Највпечатлива е победата во Глазгов, иако Тони Мубреј е смешно решение за клуб како Селтик, не знам од која причина тој е изборот. Од друга страна, ни Јунајтед не е нешто мноу добар, макар шо победата во Виган можи да ги „крени на нозе“.

Тешко е да се прогнозира реално резултат и победник, а лесно е да се кажи шо ви лежи на душа, како лично сакате да заврши, Па, според второво, ја би за нерешено или гостинска победа. :tv:
 
во секој случај киксот со Барнли не е пресуден! Секој тим прави киксови, ако се гледа така арсенал лани загуби и од Хул и од Стоук мислам, а имаше подобра екипа од оваа годинава!
Поголемиот дел сметаат дека манчестер без роналдо нема да може да направи успех, за чиста информација манчестер не се оформил со доаѓањето на роналдо, а постоел ушто од многу поодамна и од секогаш претставувал тим со шампионски дух кој бил страв и трепет за другите. Што значи ни роналдо ни киксот со Барнли неможат да бидат пресудни за типот на натпреварот! Сметем дека манчестер има подобри напаѓачи а и подобра одбрана од арсенал и дека баш тоа моаже да го одлуши натпреварот! Моја претпоставка е конечен резултат 3-1....... па сега со среќа Фергусон:):):)
 
Натпреваров мислам дека ке излезе нерешено.
 
Овој натпревар ке разреши многу работи и ке им покаже вистинска слика на фановите на двата тима.
За Манчестер Јунајтед уште постојат сомнежи како ке се поднесе заминувањето на Рони од тимот бидејќи сеуште не сме виделе како ке се носи Руни како key player против јака екипа. Јунајтед е вратен на стариот добар систем 4-4-2 и малце ме потсеќа на начинот на игра кога го имавме Бексот во тимот. А Валенсија на неколку наврати покажа дека има и те како солиден центаршут, може не толку совршен како Бекам али во секој случај има подобар дриблинг од него и поголема продорност по десната страна. Ако настапиме со истиот тим како против Виган мислам дека ке забележиме победа.
Додека за Арсенал сеуште постои сомнеж дали конечно го имаат она шампионското во себе и дали ке можат да се носат со предизвиците на ПЛ. Системов на игра што го имплементира Венгер сезонава е засега непознат за сите бидејќи ако не се лажам ова е прва сезона каде што се игра 4-3-3 со тројца добри пасери во средниот ред и две феноменални крила( кога ке се врати Волкот) и еден шпиц кој ке се бира меѓу Бендтнер и Ван Перси. Морам да признааам дека Сонг многу пријатно ме изненадува последниве 5-6 месеци, како да се пронајде на таа позиција и заедно со Денилсон и Фабрегас имаат некаков совршен баланс кој лани и те како им фалеше. Само мислам дека немаат добра замена за Галас или Вермален оти Силвестре може да изигра две-три утакмици добри, а другите ке биде како швајцарско сирење. Голем бонус е враќањето на Клиши и тоа што сега имаат добра замена ако се повреди ради искуството кое го доби Гибс лани од играњето во првиот тим 4-5 месеци. Замена за Сања е Ебуе и вака кога ке се разгледаат работите Арсенал има доста солиден тим.
Конкретно за утакмицава се мислам дека ке решаваат нијанси, некоја брилијантност на Руни или Фабрегас ке одлучи кој ке биде победникот.
Очекувам Фергусон да извади ист тим како лани на Емиратите во ЛШ со Флечер, Керик и Андерсон во средината, Руни како лево крило и евентуално Нани/Валенсија десно со Бербата во шпицот. Па ако нешто не оди како што треба ке влезе Нани/Валенсија или Гигс со тоа што Рунката ке оди напред со Бербатов, а на клупата го имаме и Овен-играч кој гледам дека ке биде многу форсиран од Ферги со цел да се врати во таа форма од пред 5 години.
Како и да е знам дека ке има одличен фудбал полн со тензии, добри потези како што доликува на некогашното најважно дерби во Англија.
Предвидувам тесна победа на Јунајтед од 2-1, евентуално 3-1. :)

Добро кажано....
 
Нема страв, нема бранење ! идеме на победа :)

Кај Манчестер како минус ја гледам одбраната, па се надевам Арсенал ќе знае како да го искористи тоа . Во Арсенал пак моторот на тимот Фабрегас е неизвесен, замена исто нема... Ремзи се повреди вчера, а и Диаби има на официјална дека нема да настапи .

------------------- Алмуниа --------------------

-Сања-------Галас--------Вермален-------Клиши

----Ебуе ------- Сонг --- Фабрегас/Росицки ----

------ Ван Перси ------------------ Аршавин -----

------------------- Едуардо ---------------------

Моја прогноза на составот . Е сеа једино ако не се повреди некој од овие...:pos:
 
Минус одбраната?
Па одбраната ни е најсилно нешто во моментов. Не значи дека ако не игра Рио, дека неаме одбрана. Види само како играше Еванс на Џузепе Меаца против Ибрахимович и ке ти биде јасно.
 
мислам дека ке победи ман јунајтед ми изгледа за по квалитетна екипа, али ја ке навивам за арсенал на тој меч, оти овие од ман јунајтед неможам да ги замислам
 
мислам дека ке победи ман јунајтед ми изгледа за по квалитетна екипа, али ја ке навивам за арсенал на тој меч, оти овие од ман јунајтед неможам да ги замислам

немораше ова да го кажеш, ако ве сплескавме не треба да бидеш плачко...

Манчестер Јунајтед 1 - 0 Арсенал
Манчестер Јунајтед 1 - 1 Арсенал
или пак да паѓаат многу повеќе голови
 
немораше ова да го кажеш, ако ве сплескавме не треба да бидеш плачко...

Манчестер Јунајтед 1 - 0 Арсенал
Манчестер Јунајтед 1 - 1 Арсенал
или пак да паѓаат многу повеќе голови

брат и што ако сте не сплескале направивте нешто плус освоивте ЛШ ,ај да не ја тупам пак ногу,од секад сте ми биле антипатичен клуб , без разлика дали сте не сплескале или не, и арсенал не сплескал дома 5-1 па супер ми е тимот
 
Големо дерби,никогаш не се знае како ќе заврши.И да е некој од тимовите во лоша форма,пак не треба да се отпишува.Лани кога играа на Емирати,имаше многу повредени во Арсенал,имаа 2 порази по ред мислам и на крај пак победија.
Не очекувам многу голови,така да 1-0 или 2-0 за Манчестер е мој тип.
 
Deno^, знам дека одбраната ви е можеби најјако нешто во тимот, али сега сте без Фердинанд, не го потценувам Еванс ... ама сепак ... Рио е тој што има 10 пати повеќе изиграно од Еванс во Премиер Лигата и со Арсенал . Лидер на тимот заедно со Видич, плус искуството... незнам ќе видиме . Можеби Еванс ќе се покаже како адекватна замена за Фердинанд .
 
Мислам дека побрзата и попрецизната игра на Арсенал ќе биде пресудна за нивна победа.
 
Минус одбраната?
Па одбраната ни е најсилно нешто во моментов. Не значи дека ако не игра Рио, дека неаме одбрана. Види само како играше Еванс на Џузепе Меаца против Ибрахимович и ке ти биде јасно.
Mozebi si vo pravo, ama sepak mislam deka vo momentov odbranata ne vi e nisto posebno:)

Нема страв, нема бранење ! идеме на победа :)

Кај Манчестер како минус ја гледам одбраната, па се надевам Арсенал ќе знае како да го искористи тоа . Во Арсенал пак моторот на тимот Фабрегас е неизвесен, замена исто нема... Ремзи се повреди вчера, а и Диаби има на официјална дека нема да настапи .

------------------- Алмуниа --------------------

-Сања-------Галас--------Вермален-------Клиши

----Ебуе ------- Сонг --- Фабрегас/Росицки ----

------ Ван Перси ------------------ Аршавин -----

------------------- Едуардо ---------------------

Моја прогноза на составот . Е сеа једино ако не се повреди некој од овие...:pos:
Eve go timot koj ke izleze kako pobednik vo sabota:)
Moj tip e Man Utd-Arsenal 0:2!!!!!!!
Ova go mislam zatoa sto vo momentov arsenal e vo odlicna forma (da ne zarecam:)) i mislam deka ima pokvaliteten tim od man utd, samo da proraboti uste malku napadot pred se mislam na bentner i mesto po 5 Arsenal ke dava po 10 gola na mec:pos2:
 
Минус одбраната?
Па одбраната ни е најсилно нешто во моментов. Не значи дека ако не игра Рио, дека неаме одбрана. Види само како играше Еванс на Џузепе Меаца против Ибрахимович и ке ти биде јасно.
Видич нема казна (3-5 натпревари неиграње) ради удирањето на тој од Виган? Ај мајката, ја мислев само Челзи „диригира“ во F.A. ......:icon_mrgr
 
Видич нема казна (3-5 натпревари неиграње) ради удирањето на тој од Виган? Ај мајката, ја мислев само Челзи „диригира“ во F.A. ......:icon_mrgr

Нема казна за Видич...
Помина времето на Челзи, сега Јунајтед диригира и со ФА и со УЕФА и со ФИФА.(мала шала):helou:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom