Нема бесплатен паркинг во општина Центар - ќе плаќаат сите

Член од
14 ноември 2008
Мислења
151
Поени од реакции
12
А зонсково паркирање ќе важи 24 часа дневно или во одреден период?
 
B

Borg_Drone

Гостин
Инфраструктурата е посебен проблем насекаде низ Македонија,можам да речам најмалку низ Скопје.Затоа треба да се поддржи оваа акција за плаќање паркинг низ Скопје,само и да се бара цената да се зголеми,зошто стана очигледно дека на одредени повисоко рангирани твои сограѓани им одговара да не може секој “лешпер“(според нив) да им го завземе ефтиното или бесплатното (досега) паркинг место.Затоа кога веќе се плаќа,тогаш навистина нека се плаќа малку повисока цена,за да ја осетат разликата и оние на кој досега им беше сеедно кога за мали пари буквално паркираа на плоштад.
Ама проблем е и во Скопје инфраструктурата.Зошто ова што го предлага Коце, можеби ќе ги погоди и тие што ги наведе ти, ама дефинитивно ќе ги погоди многу повеќе тие што не се повисоко рангирани.Затоа јас сум за тоа да се градат паркинзи и да се подобри инфраструктурата.Самиот Груевски (шефот на Коце) велеше дека ете, времето на комунистите поминало, поминало времето на крадење и.т.н. дека треба веќе да не остават на мира еднаш за секогаш, ова ќе испадне на крај дека и Груевски ги имплементира нивните методи (додуша кога ќе ми текне, доста луѓе од партијата на Груевски се поранешни комунисти).Според мене ќе се случи следново.Сите знаеме од тука дека со воведувањето на ова дека нема да се расчистат тротоарите од коли кои седат по секој ден и.т.н. туку дека ќе продолжат да паркираат луѓето, а ова го знае и Коце.Во првите неколку месеци, градот ќе си го наполни џебот со казни и.т.н., бројот на казнетите ќе се зголемува, ќе бидат приморани да плаќаат, а меѓу казнетите сигурно дека ќе има и од тие кои дневно заработуваат по 300 денари.Ако му го спомнеме на Коце она што го кажав во претходните мои коментари, Коце ќе се вади на тоа дека касата е празна, дека владата во моментов не може да помогне зошто има светска криза, бла,бла,бла и дека на таа криза нема рок и дека мора вака да направат, демек ако го воведат ова тие пари ќе ги искористат за подобрување на инфраструктурата и градење на паркинг места, ама од тоа топки ништо нема да видиме, некој само ќе си го полни џебот, изградба ќе нема, на Коце ќе му заврши мандатот и толку, од сето тоа ќе придобијат само партијата, Коце Трајановски, и газдата на оваа фирмава што ќе го имплементира системот.Но еве дури и да се изградат тие паркинг места со тие пари што ќе ги земат од овој систем, зарем овој народ веќе не плаќаше доволно овие 18 години??И што добивме од тоа ништо, само некои луѓе станаа побогати на наш грб.Нели Груевски и неговиот тим ја разбира маката на народот, нели он не е од тие комунисти кои го јадосуваа овој народ на секој можен начин.Епа ако не е, ќе плати да се среди тој проблем, проблемот со инфраструктурата и паркинг местата, а тоа ќе биде добро за секого во оваа држава, а и самиот треба да знае дека ако сака економија и инвестиции дека тие проблеми ќе мора да ги среди.Народот веќе доволно плаќал и плаќа, зарем уште повеќе треба да плаќа???
Ова е лично мое мислење, јас вака ја гледам поголемата слика тука.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Ама проблем е и во Скопје инфраструктурата.Зошто ова што го предлага Коце, можеби ќе ги погоди и тие што ги наведе ти, ама дефинитивно ќе ги погоди многу повеќе тие што не се повисоко рангирани.Затоа јас сум за тоа да се градат паркинзи и да се подобри инфраструктурата.Самиот Груевски (шефот на Коце) велеше дека ете, времето на комунистите поминало, поминало времето на крадење и.т.н. дека треба веќе да не остават на мира еднаш за секогаш, ова ќе испадне на крај дека и Груевски ги имплементира нивните методи (додуша кога ќе ми текне, доста луѓе од партијата на Груевски се поранешни комунисти).Според мене ќе се случи следново:Сите знаеме од тука дека со воведувањето на ова дека нема да се расчистат тротоарите од коли кои седат по секој ден и.т.н. туку дека ќе продолжат да паркираат луѓето, а ова го знае и Коце.Во првите неколку месеци, градот ќе си го наполни џебот со казни и.т.н., бројот на казнетите ќе се зголемува, ќе бидат приморани да плаќаат, а меѓу казнетите сигурно дека ќе има и од тие кои дневно заработуваат по 300 денари.Ако му го спомнеме на Коце она што го кажав во претходните мои коментари, Коце ќе се вади на тоа дека касата е празна, дека владата во моментов не може да помогне зошто има светска криза, бла,бла,бла и дека на таа криза нема рок и дека мора вака да направат, демек ако го воведат ова тие пари ќе ги искористат за подобрување на инфраструктурата и градење на паркинг места, ама од тоа топки ништо нема да видиме, некој само ќе си го полни џебот, изградба ќе нема, на Коце ќе му заврши мандатот и толку, од сето тоа ќе придобијат само партијата, Коце Трајановски, и газдата на оваа фирмава што ќе го имплементира системот.Но еве дури и да се изградат тие паркинг места со тие пари што ќе ги земат од овој систем, зарем овој народ веќе не плаќаше доволно овие 18 години??И што добивме од тоа ништо, само некои луѓе станаа побогати на наш грб.Нели Груевски и неговиот тим ја разбира маката на народот, нели он не е од тие комунисти кои го јадосуваа овој народ на секој можен начин.Епа ако е, ќе плати да се среди тој проблем, проблемот со инфраструктурата и паркинг местата, а тоа ќе биде добро за секого во оваа држава, а и самиот треба да знае дека ако сака економија и инвестиции дека тие проблеми ќе мора да ги среди.Народот веќе доволно плаќал и плаќа, зарем уште треба да плаќа???
Ова е лично мое мислење, јас вака ја гледам поголемата слика тука.
Абе пријателе,најмногу сакам времето на “комунистите“ да помине,ама кога тоа ти го велат нивни припадници,немој да веруваш премногу во тоа.Всушност јадосувањево на народот токму сега почнува со зголемен интензитет.Да бидеме реални дека таксите за оџачарина,па и 10 пати зголемена фирмарина,казните за пликарина и мрсуларина по улиците,фасадарина за куќите,бунарина за приватните бунари,плаќањето на еднаш веќе платениот и купен двор,мочарина на јавно место без изградени јавни клозети за таа намена,па и за паркирање возила како оваа,се само мал дел од “придобивките“ на неокомунизмот што ја опфати нашава земја,прикриен под плаштот на некои наводно “десно“ ориентирани партии.Економијата другарче се создава со јакнење на БДП кој за жал како да исчезна од оваа земја,не само што драстично почна да се намалува,за сметка на МЕГА испроектираниот буџет од 3 милјарди евра,кој не може поинаку да се собере освен со вакви “казни“ и наметнати давачки за сешто што ќе им дојде на ум на новопримените партијски војници во МЕГА администрацијата кој грчевито ќе се борат,и со сите сили само да се стекнат со решени за административното столче со кое се стекнаа последниве години без некоја поголема потреба од тоа.Па ние сме заробеници ебаго,на мала армија од 100 000 административни пиуни кој се сигурни гласови за ваква власт.Од што ќе заработат пари за плата ако јас,ти,тој,или било кој,ја затвори фирмата поради огромните наметнати давачки.Од спортска во кладилниците,или од кредити по банките кој и не ги даваат повеќе затоа што не се сигурни дека ќе им ги вратат?Не бе брат,токму затоа допрва ќе се измислуваат вакви или слични давачки за народот додека државата колабрира од сите економски аспекти и параметри.Човек нема да смее ни пеш по улица да се движи ако не платил некаква свежо измислена такса,казна или било каква друга наметната давачка.Факт е дека најбезболно ќе се соберат пари од оние кој ги имаат,а таквите живеат во центарот на Скопје,плаќаат за кафе по 100 денари,а не сакаат да платат паркинг на мерцедесот од 100 000 евра,во центарот на Скопје.:toe:
 
B

Borg_Drone

Гостин
Факт е дека најбезболно ќе се соберат пари од оние кој ги имаат,а таквите живеат во центарот на Скопје,плаќаат за кафе по 100 денари,а не сакаат да платат паркинг на мерцедесот од 100 000 евра,во центарот на Скопје.:toe:

Само на овој дел ќе посветам внимание зошто со останатиот дел од твојот коментар ми кажа дека горе-доле со многу работи се согласуваш со мене, т.ест со оние работи кои сум ги напишал во претходниот мој коментар.Овдека ќе речам дека имаш право до некаде, но како и да е мене поентата ми е дека во центарот не паркираат само тие што имаат, туку има и такви кои немаат тоа е проблемот.Во секој случај за ова овде донекаде си во право.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.216
Поени од реакции
34.485
Ама чекај, кои се уствари бенифициите за граѓаните?
Има такво нешто? Не. Епа кој кур тогаш да плаќаме? За што плаќаме?
 
Член од
24 ноември 2008
Мислења
1.035
Поени од реакции
44
Ама чекај, кои се уствари бенифициите за граѓаните?
Има такво нешто? Не. Епа кој кур тогаш да плаќаме? За што плаќаме?
чекај бе малку шо се леташ шо се нервираш, ти за АРАЧ си чул ли некогаш ???? немаш никаква бенефиција од него немаш никаква добивка само чиста загуба и полнење на туѓи џебови
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Само на овој дел ќе посветам внимание зошто со останатиот дел од твојот коментар ми кажа дека горе-доле со многу работи се согласуваш со мене, т.ест со оние работи кои сум ги напишал во претходниот мој коментар.Овдека ќе речам дека имаш право до некаде, но како и да е мене поентата ми е дека во центарот не паркираат само тие што имаат, туку има и такви кои немаат тоа е проблемот.Во секој случај за ова овде донекаде си во право.
таквите живеат на водно, не во центар :smir:
абц, од прилеп си ти, така? или од скопје?
ако си дошол во центар во работно време и си ги видел тие испаркирани по тротоари, на сред улица и кај ќе стигнат, тоа сигурно не се жителите на центар. они си паркираат по малите улички и онаму кај што има паркинг. напиканите коли се најчесто од вработените во фирмите во центар. тие што се од одамна "центарски луѓе" имаат доволно култура за цивилизирано да паркираат и да не се буткаат насекаде.
а иначе еве јас живеам во центар, ама немам мерцедес, имам поло. комшиските коли се цитроен, пежо, тојота, има еден 101, тој ни е знаменитост на улицата :) ако почнале да делат мерцедеси на адреса што не кажавте порано, јас будала со полото се возам.
дедо ми живее на рузвелтова, тоа би дошло во втората зона, живее таму веќе 52 години, има 101 (сто-кец, не 101 година) и не дава по 100 денари за кафе :)
а Acid е комплетно во право, ќе платам за паркинг кога ќе имам сигурно место за паркирање (со мое име на него) и кога ќе има соодветни безбедносни мерки на паркинзите (ака улиците). и зарем сега да земам да им платам (колку и да е, па и 20 денари месечно да е) за да паркирам во уличката пред зграда?
 
B

Borg_Drone

Гостин
Ама чекај, кои се уствари бенифициите за граѓаните?
Има такво нешто? Не. Епа кој кур тогаш да плаќаме? За што плаќаме?
Сега ќе нема никакви бенефиции, а нема ни да имаме во иднина од тоа реков јас каде ќе завршат тие пари.Коце според мене за неколку дена ќе излезе пред јавноста и ќе каже дека со овој проект ние вложуваме во нашата инфраструктура, паркинг места и.т.н. но како што спомнав да се самоцитирам:

Според мене ќе се случи следново.Сите знаеме од тука дека со воведувањето на ова дека нема да се расчистат тротоарите од коли кои седат по секој ден и.т.н. туку дека ќе продолжат да паркираат луѓето, а ова го знае и Коце.Во првите неколку месеци, градот ќе си го наполни џебот со казни и.т.н., бројот на казнетите ќе се зголемува, ќе бидат приморани да плаќаат, а меѓу казнетите сигурно дека ќе има и од тие кои дневно заработуваат по 300 денари.Ако му го спомнеме на Коце она што го кажав во претходните мои коментари, Коце ќе се вади на тоа дека касата е празна, дека владата во моментов не може да помогне зошто има светска криза, бла,бла,бла и дека на таа криза нема рок и дека мора вака да направат, демек ако го воведат ова тие пари ќе ги искористат за подобрување на инфраструктурата и градење на паркинг места, ама од тоа топки ништо нема да видиме, некој само ќе си го полни џебот, изградба ќе нема, на Коце ќе му заврши мандатот и толку, од сето тоа ќе придобијат само партијата, Коце Трајановски............
Нели Груевски и неговиот тим ја разбира маката на народот, нели он не е од тие комунисти кои го јадосуваа овој народ на секој можен начин.Епа ако е, ќе плати да се среди тој проблем, проблемот со инфраструктурата и паркинг местата, а тоа ќе биде добро за секого во оваа држава, а и самиот треба да знае дека ако сака економија и инвестиции дека тие проблеми ќе мора да ги среди.Народот веќе доволно плаќал и плаќа, зарем уште треба да плаќа???
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Бенифициите за граѓаните на оваа земја се одамна само мислена именка на хартија,никако не во реалниот живот.:toe:
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
метро во Скопје е тешко изводливо заради непланското градење години наназад
И Солун е граден неплански, уште од антика, па ете, до 2013 треба да биде готово метрото.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
И Солун е граден неплански, уште од антика, па ете, до 2013 треба да биде готово метрото.

не реков дека не е изводливо, но дека е тешко, ќе треба повеќе време, богами и финансии, а и по некој објект паднат
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
151
Поени од реакции
12
Абе никој не ми одговори на прашањето! :(
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Колку членови ќе вработат сега, како контролори на паркирањето, немате претстава...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom