Koнркетно, можам да ти кажам за Архитектонски. Беа планирани дисперзирани студии во Охрид за 80 студенти и во Гостивар за 60 луѓе.
Просечно, од Охрид, Струга, Битола, Кичево, Дебар, Ресен и Гостивар на Архитектонски во Скопје секоја година се пријавуваат 30-тина луѓе. Потреба од отворање на дисперзирани (без намалување на местата во Скопје) навистина нема. Покрај тоа, нема ни услови (доволно кадар, соодветни простории).
Меѓутоа, за да стои во едно китапче таму дека се зголемил бројот на студенти, под оправдание дека што повеќе високо образовани луѓе има во земјава, се даде наредба за отворање на истите.
Не е спорно дека треба да има повеќе високо-образовани кадри. Меѓутоа, треба смислување на повеќегодишна стратегија за псотигнување на истото, а не само одлука за трошење народни пари преку „присилно“ отворање на дисперзирани студии.
Да не одам оф-топик, како пример кажав да се дообјаснам за Манга.