Решен проблемот со паркинг во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Vnuce
  • Време на започнување Време на започнување

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Возраст
41
Веб-сајт
abix.mk
Од денеска стартува зонското паркирање во Скопје

Паркирањето во центарот на главниот град од денеска е поделено во три зони. Прва или црвена зона, втора или жолта и трета или зелена зона. Цената и времетраењето на паркирањето е различно во секој од зоните, а ќе постојат и неколку начини на кои граѓаните ќе можат да го платат паркингот. Така во првата зона за еден час ќе чини 45 денари, а едно возило ќе може да се паркира најдолго два часа, во втората зона цената е 35 денари, а времетраењето на паркинг е до четири часа. Најевтино е во третата зона каде за еден час ќе се плаќа 25 денари.


Цела статија: http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=60873&kategorija=1


Значи, го решија проблемот со паркингот во Скопје со тоа што решија да наплаќаат за ионака премалкуте паркинг места.
И, шлагот, решија да наплаќаат за паркинг кој што до вчера, кога не се наплаќаше, беше нелегален (да паркираш на улица).
Генијално... Коце, се гордеам со тебе... Штотуку го оправда моето поништено ливче на локалните избори!

Едно прашање... дали на работодавците со канцеларии во првата зона им е наложено да им обезбедат паузи на вработените на секои 2 часа, за да можат да препаркираат?

Е, да.. за темава... морав да ја стаам во Сеир и игри... не гледам поприкладен форум.
 
Одлично. : )

Сега со додатните трошоци, не мора да си прерачунуваш дали ти е поефтино да палиш кола за до Центар (пример) и назад или пак да фатиш такси.

А има и една огромна предност. Ако сега ти фали колата, нема шанси пајак да ја дигнал, бар знаеш ти ја украл некој... :devil3:
 
"Паркирањето на улиците опфатени со зонското паркирање ќе биде од седум часот наутро до 21 часот од понеделник до петок, додека во сабота од седум до 14 часот."

Значи, враќање дома у петнаес за 9. :vozbud:

"Зонското паркирање засега ќе функционира само во првата и втората зона, а се најавува наскоро тоа да почне и во трета зона,а во иднина и на територијата на цело Скопје."

Значи колите да се пикнат у гаражи, и да не мрднат оттаму. Као неподвижни предмети, луксузни украси за вашите гаражи.

Значи, живо умарање. Бар нека ги поправат автобусиве.
 
Она што досега беше недозволено паркирање и се пишуваа казни, истото сега е дозволено што тоа легално си паркираш и им плакаш.
Колку големи магариња прават од нас секојдневно, само нека не ми кажува дека го решил проблемот со паркирање зошто ништо нерешил туку постоечките улици ги направил место за перење пари.



:nesvest:
 
Заборавивте и дека талоните за паркингот ќе се купуваат во трафиките во близина и ќе се гребат како лото ливчиња, во зависност која зона си и колку време седиш. :pos:
 
какво срање. ако сакам да идам кај другар у центар, ќе треба 100 денари за 2 саата. и тоа, МЕ ОГРАНИЧУВА КОЛКУ ДА СЕДАМ. леле какво срање у пичку матер...
i <3 khotze
 
Глупости. Пак ќе има метеж по улиците само што овој пат ќе биде "легално" (платено). Бог да чува вака ли се решаваат проблеми? А што ќе биде со луѓето што живеат таму? Ќе им направат паркинг ?:toe:
 
какво срање. ако сакам да идам кај другар у центар, ќе треба 100 денари за 2 саата. и тоа, МЕ ОГРАНИЧУВА КОЛКУ ДА СЕДАМ. леле какво срање у пичку матер...
i <3 khotze

Аи аи, ене кај живееш, ќе си отидеш со точак.

Ова е дискриминирачко, сега никој нема да сака да има другари во Центар...што ќе прават тие луѓе? :(
 
Аи аи, ене кај живееш, ќе си отидеш со точак.

Ова е дискриминирачко, сега никој нема да сака да има другари во Центар...што ќе прават тие луѓе? :(
а кога ќе има снеК? ем, не сме сите богаташи ко тебе точак да имаме.
ем, центарците се осудени. штета.
 
а кога ќе има снеК? ем, не сме сите богаташи ко тебе точак да имаме.
ем, центарците се осудени. штета.

Снегот не е проблем, ќе си земеш ланецот од кучето/мачето, кврц на гумата и решен проблем.

Е сега, ќе треба да чуваш две кучиња, за да имаш ланец и за предна и за задна гума. Дем, законов искомплицира се...
 
dobro be luge mene pak ne mi e jasno kako ke naplakaat parking na ulica ili trotoari kade sto se parkiraat 90 posto od lugeto .ke ima li nekakvi avtomati kako na zapad ke stoi li covek na trotoar i ke naplaka kako ke bide znae li nekoj konkretno da kaze
BAS ME INTERESIRA
 
овој коце значи ако не се покака не го бива...
 
Глупости!Само тоа е зборот со кој би го дефинирала ова решение.
Уште кога почнаа да ги прават тие наплатниците во кои ќе се ставало картици за да влезеш на "паркингот" знаев дека ништо нема да испадне.Па како ти можеш на толкицка улица кај Пијаца и онаа карши Соборен храм да ставаш автомат и рампа за поминување на колите.Таму едвај може да се пикне еден џип, а да не зборам за оние што доаѓаат навечер да ги празнат контењерите.Лично, кај мене пред зграда, тоа што го нарекуваат паркинг всушност и не е паркинг, туку е тротоар каде што порано луѓето пешачеа а сега е се` завземено од коли било од околните згради или сосем други.Плаќаш за нешто што порано го прогласуваа за нелегално, абе свашта.Да не градеа толку многу згради на диво, можеби и ќе имаше простор да се изградат асални паркинзи, па тогаш ќе беше разумно да се наплаќа.Вака само се посрамотуваат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom