- Член од
- 5 мај 2005
- Мислења
- 4.454
- Поени од реакции
- 178
Ама во Шведска и Норвешка официјални се само Шведски (Норвешки). Се употребуваат и другите малцински јазици ама не како официјални и се функционира одлично. Овде Албанците можат да си го користат Албанскиот , имаат основно, средно и високо образование на Албански и многу други места. Официјален Албански значи наметнување на волјата на малцинството преку употреба на сила и закани.Кога сите соседни држави , вклучувајќи ја и Албанија ќе дозволат да има официјални јазици и други освен матичните , тогаш ќе може и официјален Албански во Македонија.
Епа кај нив функционира одлично, а кај нас мораше да има војна за да функционира одлично. Тоа не ти кажува нешто за нашиот балкански менталитет?
Инаку во Финска покрај финскиот јазик официјален е и шведскиот.
Во Сојузна држава Флорида се официјализира полека и шпанскиот јазик.
Мајами Хит на дресовите си додадоа EL Heat, за да ги привлешат и хиспаносите...
Кај нас проблемот е што во такво нешто ние гледаме наметнување...
Другите пак во тоа гледаат предност, ги добиваат симпатиите на помалите заедници, така ја придобиваат нивната лојалност.
Е сега не знам кој ќе да е во право, ние или другине.
И да, се сложувам потполно со тебе. Треба и во Албанија македонскиот јазик да стане официјален. Истиот тој момент кога ќе добијат 30 пратеници во собрание.