Како соседите се справуваат со економската криза?

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Леандра,ке ме извиниш,но БГ за прав пат от 1998 година има буджетен дефицит.Затова по буджетниот дефицит не можеш да судиш за криминал.Трговскиот дефицит или дефицита по текуштата сметка-ДА,но буджетниот дефицит е много комплексна величина,а и ние сега за прав пат от 1998 година има дефицит.
Навистина ке се радвам ако реално во темата се разгледа как соседните држави се борат со кризата.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Навистина ке се радвам ако реално во темата се разгледа как соседните држави се борат со кризата.
Ќе те удостојам утре со одговор :smir: Реален.

Дознаките ги потполнуваат дупките од тековната сметка.А зошто и како немавте буџетски дефицит радо би разгледала утре,да видам како собиравте приходи со таа економија што ја имате.
Вака од ракав за Бугарија,некои податоци :
http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=65&EditionID=309&ArticleID=4890
Ова од 2003 година
Ова од 2009
http://www.emportal.rs/en/news/region/95325.html
или вака
http://mkfondovi.com/news-en/region/economy/2053-2009-04-30-07-41-57

fmi напиша:
ние сега за прав пат от 1998 година има дефицит.
Го најдов одговорот како криминалните пари ви го полнат буџетскиот дефицит кој не ви се појавува.Трошоците за отварање бизнис во Бугарија изнесуваат 10% од БДП :) И кога криманалот ќе отвори бизнис легално ќе ги префрли парите на сметка на држава.10% од бдп е огромна сума на пари која ви се влева,среќа што имате криминал:)
http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=65&EditionID=433&ArticleID=8379

„Она што исто така е карактеристично за Бугарија е што правењето бизнис има многу странични трошоци, кои изнесуваат околу 10% од БДП“ да не го барате делот :)
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Интересно е што Црна Гора воопшто не се бори за да се справи со кризата,таа едоставно остава кризата сама да си замине како што дошла.
Пакетче Стоби Флипс од Витаминака таму е 5 денари додека истото е 10 денари во Прилеп.Цигари Бос(Скопски) кај нив се 35 денари,додека кај нас се 65 денари,литар коњак од Тиквеш во Црна Гора е 320 денари,додека кај нас истиот е 350-370 денари во продавница,литар јогурт кај нив е 20 денари,додека кај нас е минимум 40 денари.Автомобил Голф-5ка таму е 6 000 евра,истиот кај нас е 10 000 евра.Просечната плата во Црна Гора е 500 евра,додека кај нас е 350 евра.
Значи на Црна Гора,најмалку од сите има потреба од ЕУ,барем според мини-ценовниов барометар кој го презентирав овде.:toe:
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18

АБЦ, без навреда, ама податоциве за просечна плата во Црна Гора, некој нивни Грујо ја правел изгледа. :)
 
N

n/a

Гостин

Хахаха :) :pos2:
ABC бе...
па ти бе батка од Мило (Џукановиќ-офтика го фатила да Бог да)
направи Моамер Ел Гадафи.
(прашај ако треба да објаснуем зошто).
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
АБЦ, без навреда, ама податоциве за просечна плата во Црна Гора, некој нивни Грујо ја правел изгледа. :)
Хахаха :) :pos2:
ABC бе...
па ти бе батка од Мило (Џукановиќ-офтика го фатила да Бог да)
направи Моамер Ел Гадафи.
(прашај ако треба да објаснуем зошто).
Не бе другарчиња,јас само читам извештаи од нивните заводи за статистика,слични како овој:smir::

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=60645&kategorija=5
 
N

n/a

Гостин
Пакетче Стоби Флипс од Витаминака таму е 5 денари додека истото е 10 денари во Прилеп.Цигари Бос(Скопски) кај нив се 35 денари,додека кај нас се 65 денари,литар коњак од Тиквеш во Црна Гора е 320 денари,додека кај нас истиот е 350-370 денари во продавница,литар јогурт кај нив е 20 денари,додека кај нас е минимум 40 денари.Автомобил Голф-5ка таму е 6 000 евра,истиот кај нас е 10 000 евра.Просечната плата во Црна Гора е 500 евра,додека кај нас е 350 евра.
Значи на Црна Гора,најмалку од сите има потреба од ЕУ,барем според мини-ценовниов барометар кој го презентирав овде.:toe:
Моамер игра на тој принцип на ценовна контрола на производите и државен увоз за сите потреби на граѓаните.
Само што он... продава нафта. :)
И од тие пари,увезува од вода, до месо,млеко,житарици итн итн
и сите основни продукти (а графата основни е прилично богата и голема :) ) се по бам-бадава цени. (државата плаќа повеќе од 80% од реалната цена).
Така да,за јадење и пиење имаат сите.
Е сега,
заебанцијата на овој тип на економија е у тоа што ти не добиваш плата него некој вид на џепарац,кој што ти треба за заебанции и провод (у склад со правилата пошто ако не дебне сатар :) ),
дур државата ти овозможува се останато - од спомнатата прехрана до куќа или апартман,стан - у зависност од заслугите и работата која што ја вршиш.
Дели и коли,
или пак за луксуз добиваш кредит без камати на голем рок на отплата.
Затоа,цените на производите у Либија се можда најниски у цел свет,ама немаш право да изнесуваш ништо!
За извоз кон таа земја...
клучот лежи у `батките` од партија и нивното министерство за економија.
Не `аминувана` стока не проаѓа.

Е сега...
Мило јес да извезуе други скапи акцизни стоки :vozbud::pos2:
ама не е социјално праведен како Моамер.
(сакам да ти кажам го боли ... за сиромасите). :wink:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Сепак помалку е интересно што Црна Гора не е толку одамна независна колку Македонија,ама има повисок просек на плата и поефтини производи за широка потрошувачка.Интересен е и податокот што за увоз на автомобили не се плаќа акциза па така и издатоците на населението во тој дел се навистина помали.Најчудно од се е зошто производите на Македонската Витаминка се со 50% пониски цени одколку во Македонија,можеби само затоа што ние сме будали да купуваме Македонски производи.:toe:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Моамер игра на тој принцип на ценовна контрола на производите и државен увоз за сите потреби на граѓаните.
Само што он... продава нафта. :)
И од тие пари,увезува од вода, до месо,млеко,житарици итн итн
и сите основни продукти (а графата основни е прилично богата и голема :) ) се по бам-бадава цени. (државата плаќа повеќе од 80% од реалната цена).
Така да,за јадење и пиење имаат сите.
Е сега,
заебанцијата на овој тип на економија е у тоа што ти не добиваш плата него некој вид на џепарац,кој што ти треба за заебанции и провод (у склад со правилата пошто ако не дебне сатар :) ),
дур државата ти овозможува се останато - од спомнатата прехрана до куќа или апартман,стан - у зависност од заслугите и работата која што ја вршиш.
Дели и коли,
или пак за луксуз добиваш кредит без камати на голем рок на отплата.
Затоа,цените на производите у Либија се можда најниски у цел свет,ама немаш право да изнесуваш ништо!
За извоз кон таа земја...
клучот лежи у `батките` од партија и нивното министерство за економија.
Не `аминувана` стока не проаѓа.

Е сега...
Мило јес да извезуе други скапи акцизни стоки :vozbud::pos2:
ама не е социјално праведен како Моамер.
(сакам да ти кажам го боли ... за сиромасите). :wink:
Постов ти е полн со завист.

Значи како што те разбрав, народот удобно живее, ама сепак Ѓукановиќ е за никаде?!?

Реално, како што го гледам Ѓукановиќ сепак прави добро за државата, и тоа многу повеќе од колку другиве лидери на балканов, кои едно евро неќат да поделат од тоа што украле.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Фми знам дека ти должам објаснување како Бугарија дојде до криза и како е сега,но ужасно ме мрзи да влегувам во детали,вака накусо..До 97 не се знаеше кој јаде а кој пие,Централната Банка беше печатач на пари и покривање дефицити.така дојдовте до голема инфлација и ние за две чрвени се шетавме.После како стратегија воведовте валутен одбор со кој го изгубивте монетарното владеење.Тоа е екстремна стратегија на фиксен девизен курс кој се врзува за друга валута и цела монетарна власт и ја дава на таа заедница,т.е. неможе да делува на показатели во својата земја.Колку е паричната маса во земјата толку се и државните резерви.Затоа станавте ефтини и се приватизиравте и дојде капитал во земјата,а стандардот рипна.Земји кој имаат валутен одбор се земји со дебело криминално досие и апсолутно безредие во економија проследено со хиперинфлација.Така друштво ви правеше Аргентина и Хонг Конг,Литванија,Естонија и толку на цел свет.
Незнам како воопшто економски влеговте во Еу,кога ммф ви беа на врат,а немавте ни м од мастрихт,но да не навлегувам во детали.Затоа во европската зона ќе влезете 2013 што е многу далеку за членка,но неможат да ве пуштат во монетарниот систем со валутен одбор,ќе мора да го менувате.Среќа на криминалот кој претходно кажав како го полнеше буџетот и дознаките од перење пари,вие имавте доста позитивни бројки во последните години.Ако добро ме држи сеќавањето најголем бум имавте 2003/2004.Дефицит немавте,невработеност висока немавте,но имавте убиства на бизнисмени (меѓу кој и македонски сопственици на рудник,бивш градоначалник на Велес),киднапирања и уцени.
И така дојде кризата во светот,вие преку еврото си ја земавте кај вас,не дека нешто драстично се измени во економијата.стратегијата автоматски ви ја пренесе кризата и автоматски ќе ви ја изнесе со дигањето на Германија и Франција.
Се на се,брзо ќе излезете,веројатно најбргу на Балканов:smir:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Балканските земји си најдоа и друг начин за зајакнување на економиите.......за „жал’’ Бугарија тука не фигурира!

Влегување во jугосферата

Поранешна Југославија се "закрпува": Борис Тадиќ и Стипе Месиќ сега подобро се разбираат

Врските меѓу компаниите и поединците од поранешна Југославија тивко се обновуваат

На неодамнешен самит за остатоците од Студената војна, наречен Движење на неврзаните, српскиот претседател Борис Тадиќ забележа дека компаниите од поранешните југословенски републики треба да ги здружат силите за да конкурираат на градежни проекти или договори за специјализирана воена опрема. Неговиот хрватски колега Стипе Месиќ одговори одобрувачки. Компаниите од „нашите земји“, рече тој, се премногу мали за да конкурираат сами на други пазари.

Очигледно, коментарите беа и јасни и неважни. Фирмите, навистина, се мали според глобалните стандарди. Сепак, употребата на терминот „нашите земји“ од лидерот на една поранешна југословенска република, што се однесува на сите во групата, како на непријатели така и на пријатели, укажува на една поголема промена. Од Словенија до македонската граница со Грција, повеќето луѓе во регионот се' уште имаат многу заеднички нешта, дури и ако не зборуваат многу за тоа. Секој ден врските меѓу нив, прекинати во 90-тите години, тивко се обновуваат. Југославија одамна ја нема; на нејзино место се јавува Југосфера.

Таа огромна промена во секојдневниот живот на Западен Балкан се случува без фанфари. Малку луѓе ја забележале. Оние во сферата ја сметаат здраво за готово. Оние надвор од неа безгрижно ја игнорираат. Можеби тоа не е изненадување. Добрите вести не се никакви вести: подготвителниот состанок за формирање противпожарен центар за Југоисточна Европа, како дел од Советот за регионална соработка, едвај вреди да се спомене дури и во Сараево (каде што се одржа), а не пак на некое друго место.

Сепак, токму фактот дека војниците кои не толку одамна се бореа еден против друг сега заедно вежбаат, или дека пожарникарите соработуваат на рутинска основа, или дека сите - од ветеринари до централни банкари се состануваат со речиси здодевна редовност, ги сочинува добрите вести. Советот за регионална соработка во Сараево трпеливо „копаше“ низ многу здодевна, непотребна работа. Тоа е процес, не настан.

Југосферата има свои корени во заедничкото искуство, во трговијата и бизнисот. Повеќето поранешни Југословени - Босанци, Срби, Црногорци и Хрвати - го зборуваат истиот јазик со мали варијации. Многу Македонци и Словенци се' уште го зборуваат или го разбираат она што се нарекуваше српско-хрватски јазик како втор јазик. Во поголем дел од регионот, луѓето можат слободно да патуваат користејќи ги само нивните лични карти. Ним им се допаѓа истата музика и истата храна.

Секако, постојат политички, верски и етнички разлики. Но, секое лето илјадници млади луѓе се собираат заедно на музичкиот фестивал „Егзит“ во Нови Сад, Србија, а големи ѕвезди од регионот без проблем собираат публика каде и да настапат. На голема иритираност кај хрватските музички претставници, мобилните телефони на многу млади Хрвати ѕвонат со најновите српски мелодии. Панбалканските анкети за јавното мислење покажуваат одредено заедништво во изгледот: луѓето имаат слични стравувања, грижи и надежи. Галуповиот „Балкан монитор“, на пример, објави анкета во јули која покажа намалување на бројот на оние што сакаат да имигрираат во некоја земја на Западен Балкан.

Речиси една третина од трговијата на Црна Гора се одвива со Србија. Босна е најголемиот извозен пазар на Србија, а Хрватска вториот најголем пазар. Србија е најголемиот трговски партнер на Македонија. Кај малите економии, проширувањето генерално значи повеќе бизнис со соседите. „Делта“ од Србија, „Меркатор“ од Словенија и „Конзум“ од Хрватска имаат супермаркети и меѓусебно отвораат нови продавници во нивните простори. Како и повеќето компании од поранешна Југославија, тие го третираат регионот како еден. Српскиот водечки дневен весник „Политика“ има домашно издание и малку поразлично „екс ју“ издание. Во типичен српски наслов неодамна беше најавено планираното „освојување“ на Хрватска, не со вооружени сили, туку со српското чоколадо „ципирипи“.

Некои луѓе отсекогаш знаеја дека ќе биде така. За време на најтешките денови од југословенските војни, криминалците тргуваа со секакви производи, од оружје до цигари, преку линиите на фронтот. Познатата турбофолк-музика беше популарна насекаде, дури и со чести националистички конотации. Сега сите ги стигнуваат криминалците и нивните придружнички кои пеат турбофолк. Најголемиот притисок на Србија за Хрватска денес нема никаква врска со територијата или бегалците, туку неформалните бариери за кои, велат тие, повеќе им олеснуваат на хрватските компании да работат во Србија отколку обратно. Хрватите се со студен израз ако ги прашате за Југосферата. Но, не бидејќи тие не го сакаат тоа. Нив, едноставно, не им се допаѓа името, бидејќи ги потсетува на државата од која се отцепија. На никој друг се чини дека не им пречи тоа. Дури и Албанците од поранешна Југославија, кои живеат главно на Косово и во Македонија (и кои се чудни во многу нешта), не се исклучени од влијанието на Југосферата. Рекламен агент од Албанија вели дека никогаш не може успешно да го продава италијанското млеко во Косово, бидејќи за Косовците словенечкото млеко е златен стандард.

Во секојдневниот живот, се разбира, многу луѓе живеат среќно во повеќе од една сфера. Косовците гледаат телевизија на албански, но влегуваат во Југосферата кога тргуваат со Србија или одат на одмор во Црна Гора. Босанците од сите видови ги јадат истите работи и соработуваат во многу бизниси. Но, фудбалот носи разлика, како и во многу земји. Босанските Срби го поддржуваат националниот фудбалски тим на Србија, босанските Хрвати на Хрватска, а единствено Бошњаците (босански Муслимани) ја поддржуваат Босна.

Трикот во следните неколку години ќе биде да се консолидира она што е заедничко за луѓето, да ги одржат нивните влади фокусирани на тоа, и да се обидат повеќе да ги приближат политиката и бизнисот од регионот и низ Југосферата и, идеално, со преостанатиот дел од Европа. Европската унија беше основана да се цементира мирот на континентот, а во Југосферата таа задача се' уште не е завршена. (Економист)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=EB617BF630ECA942B241915E34BFBC93
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Балканските земји си најдоа и друг начин за зајакнување на економиите.......за „жал’’ Бугарија тука не фигурира!

Влегување во jугосферата

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=EB617BF630ECA942B241915E34BFBC93
Значи сума-сумарум,федерацијата и не била така лоша работа,барем кога економијата е во прашање.Испаѓа дека единствени “придобивки“ од независноста се националните фудбалски тимови и богатењето на неколкумина политичари со нивните “дудлачи“.За народот оној обичниот,кој беше наместен да биде двигател на стекнувањето независност,нема никакви придобивки,само бескорисно чукање во гради и децениска борба за сопственото име,кое пред тоа гордо си го носеше,а богами и достојно го употребуваше.:toe:
 
badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Од горе понуденово...ипак не би ми сметало либиец да се пишам.:toe:
 
И што е најважно не бевме гето........а тој мочаниот бугарски пасош ни бугарите не го сакаа......:toe:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Од горе понуденово...ипак не би ми сметало либиец да се пишам.:toe:
Инаку Триполи е град каде можат да се видат најмногу мажи во светот како се држат за рака,разменувајќи нежни погледи,можеби затоа не би ти сметало?:jaj:

И што е најважно не бевме гето........а тој мочаниот бугарски пасош ни бугарите не го сакаа......:toe:
Абе види,политичарите пак не го чувствуваат ГЕТОТО со своите дипломатски пасоши,значи и тоа е наменето за народот,всушност федерацијата се распадна најмногу за таа цел,да се создаде еден нов вид на модерно ГЕТО во срцето на Европа.А Бугарите дури и бојата на пасошите ја одбраа од Југоносталгични причини.:smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom