Еве ме мене после мнооогу долго време, неможев да го следам форумот имав некои приватни проблеми па затоа.
Додека ме немаше се случија многу работи, најважната е тоа што испаднавме од Интер во ЛШ. Некој ќе рече имаше низа неодговорени прашања за тоа дали третиот гол во Милано бил од офсајд или дали имало пенал врз Алвес и ред други. Реалноста е таа, немавме среќа да постигнеме уште еден гол на Кампот и испаднавме. Повеќе среќа ќе имаме наредната година. Освоивме три титули оваа сезона, одиме по четвртата. Играме на највисоко ниво, тоа ме радува. После 6 те трофеја во 2009 и да бевме 5 години без титула немаше да жалам, затоа што тоа што го направија момците во 2009 беше перфектно.
Можеби некој ќе освои 6 трофеи во скоро време, можеби нема, но знам дека нема никој да ги освои со таков стил како што ги освоивме ние. Едноставно нема копија на таквата игра.
Ни остана уште лигата до која се приближивме претерано многу вчера. 2-3 на еден од најтешките терени во Шпанија не е мала работа, иако можевме да победиме со многу поголема разлика, можевме да не ги примиме 2та гола што ги примивме, но тоа е веќе завршена работа.
Сума сумарум горд сум на овој тим... горд сум што имаме такви играчи, горд сум што имаме таков тренер, горд сум на FC Barcelona. Ако можам, би му понудил доживотен договор на Пеп.
Премногу сме блиску до Лигата, ја заслуживме, да се надеваме дека ќе славимe во недела. :smir:
Visca el Barca:barca: