Па момци како се чувствувате утрово по победата во класикото? Најбоље чувство ми е тоа. Се будам и сваќам дека уствари не било сон газењето...
Без разлика колку добро изиграа момците вчера единствениот што ме импресионираше вчера беше Пеп.
Човекот е или генијалец и наркоман. Кога ја видов првата постава мислев дека некој му нарендал печурки у јадењето па истрипал човекот...
Уште не можам да сватам што точно направи тактички ама знам дека успеа во првите 20 минути да ги натера играчите на Реал да трчаат ко кокошки без глава и да се изморат, а после Чави и компанија преземаа контрола и не ја изгубија до крај на утакмицата.
Меси беше полн со енергија затоа што не мораше да трча толку во првиот дел од утакмицата, а и играчите на реал го подзаборавија малку па не го тепаа толку многу.
Одбраната беше феноменална. Пике не му дозволи на Роналдо ни еднаш да го помине, а Игуаин не беше толку катастрофален колку што Милито беше добар. Едноставно не му даде да допре топка.
Марсело некако беше многу слободен ама со оглед на тоа дека немаше муда да трча накај гол туку цело време подаваше кога му беше отворен патот кон гол не е беше страшно.
А и ротацијата во второто полувреме беше класика. Алвес се враќа позади, а Пујол оди да игра како лев бек. Со тоа што Максвел оди да игра како крило, а кога влезе Гути и почна да презема контрола во средината го стави Ињеста место Максвел и... извини Гути ама средината е пак наша.
Вакви ротации некои тренери не можат да направат во тек не цела сезона, а Пеп успеа да ги направи за време на утакмица. Гениј!