Анри го кани Рибери во Барса
Фудбалерот на Баерн, Франк Рибери признава дека ќе биде приморан да ја напушти Германија во потрага по трофеи, а во разговорот за „РТЛ Радио“, Французинот откри дека неговиот сонародник Тиери Анри го повикува да му се придружи во Барселона.
Рибери налето би можел да си замине од Баерн, а до сега како негов нов клуб најмногу се споменуваше мадридски Реал. Меѓутоа, судбината на Французинто би можела да го одведе и на „Камп Ноу“.
„Во одлични односи сум со Анри. ЗНам дека сака да ме види во дресот на Барселона, но исто така знам дали луѓето сакаат да останам во Баерн. Одлуката дали ќе останам или ќе си заминам, нема да биде лесно да се донеси.“ - вели Рибери.
Французнот во 2008-та година беше прогласен за најдобар играч во Бундеслигата, но е загрижен поради фактот дека до сега со Баерн не освојувал трофеи.
„Сакам да освојувам трофеи и да уживам во фудбалот. Немам повеќе 20 години, сега сум поблиску до крајот него до почетокот на кариерата.“ - вели Рибери.
За крај, Рибери призна дека Баерн моментално не е од рангот на Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед или Челзи.
„Баерн сеуште е голем тим. Еден од најголемите на светот, но чуствувам дека нашата екипа не е така силна како некои други тимови како Барселона, Реал Мадрид, манчестер Јунајтед или Челзи.“ - заврши Рибери.