Сега да кажам нешто за играчите. Секој на теренот беше супер (посебно Пујол без сомневање најдобар денес) освен Анри и Бускетс. Кога ги видов во составот, знаев дека тука ќе биде најтенко. Бускетс е класа под Јаја, неискусен и приглуп. Анри е веќе потрошен, па дури и шпиц беше...знам дека ќе звучи грдо, но време е да се ослободиме од Анри и да купиме некој на таа позиција или пак да се даде шанса на Педро. Првото полувреме беше хорор, ја немаше играта, премногу беа несигурни и Реал дојдоа до добри шанси кои за среќа Валдес и Пујол ги спречија. Второто полувреме сосема друга приказна, се врати препознатливата Барса се до глупоста на Бускетс. Тогаш мислев дека ќе се затвориме но дури и со 10 играчи ја контролиравме играта и го имавме поседот, а и повеќе шанси во второто полувреме. За оние од Мадрид кои зборуваат за шанси, БЕЗ ШУТ ВО ГОЛ НЕМА ШАНСА. Пред шансите на Абидал и посебно на Меси, односот во шанси прикажан од режисерот беше 5-2 за Барса. Се на се, изедначен натпревар, неизвесен, кој на крај го добивме. Тоа е од мене за денес:helou: