Фан Клуб: Барселона

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.769
Поени од реакции
9.952
Се извинувам што се сомневав во Барса пред натпреварот поради составот. Секоја чест, и после најмалку 10 години гледање на секој нивен натпревар, успеваат да ме изненадат. Педро ми докажа и мене и на сите останати, дека заслужува шанса во овој тим на Барса. Иниеста ни докажа дека е оној истиот од лани, формата е тука, само чека вистински меч за експлозија. Чави...немам коментар за човеков...подобар плејмејкер во моментов не може да постои. Човеков е совршенство на средината. Одбраната денес на највисоко ниво, среќен сум што Пике се врати. Капитенот капитенски, Валдес немаше работа. Бековите на високо ниво, Бускетс ме изненади. Едноставно, се беше перфектно. Следни се мадриѓаните, се надевам го гледаа натпреваров.
 
Член од
12 октомври 2008
Мислења
1.945
Поени од реакции
89
Ако беше ова понижување , тогаш вие со Рубин - дома гости ???
Што беше тоа...
Понижување беше играта, а не резултот, 2-0 не е баш некој голем пораз. Додека Барса против Рубин...,беше исто како и со Интер, само што Рубин два пати ја помина половината на теренот и два гола ставија. Не е понижување кога губиш напаѓајќи, понижување е да не направиш ни една асолна акција за 90 минути. Интер, еееј, ко со ФК Пелистер Б тимот да игравме.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Ако беше ова понижување , тогаш вие со Рубин - дома гости ???
Што беше тоа...
Хе, хе, абе не биди смешен, абе сите што ги гледале утакмиците со Рубин знаат дека ни валеше среќата, и на двете утакмици имавме тотална доминација, првата ни брцнаа 2 гола од 2 шута и тоа од контра, ние имавме 2 стативи таа утакмица и над 10 шута во рамките од голот, а втората утакмица, Ибра сам на сам со голманот на Рубин, ја погоди стативата и уште една статива во 2 полувреме.

И да те прашам нешто ?? Ја помина ли Интер, шампионот на Италија, половината во 1 полувреме ?? А во второ тотално спуштање на топката без некои поголеми шанси освен онаа на Чави со глава каде Цезар со крајни напори одбрани.
И друго...имавте ли шанса за гол ?? :pos2::pos2:
 
Член од
9 март 2009
Мислења
999
Поени од реакции
392
Се извинувам што се сомневав во Барса пред натпреварот поради составот. Секоја чест, и после најмалку 10 години гледање на секој нивен натпревар, успеваат да ме изненадат. Педро ми докажа и мене и на сите останати, дека заслужува шанса во овој тим на Барса. Иниеста ни докажа дека е оној истиот од лани, формата е тука, само чека вистински меч за експлозија. Чави...немам коментар за човеков...подобар плејмејкер во моментов не може да постои. Човеков е совршенство на средината. Одбраната денес на највисоко ниво, среќен сум што Пике се врати. Капитенот капитенски, Валдес немаше работа. Бековите на високо ниво, Бускетс ме изненади. Едноставно, се беше перфектно. Следни се мадриѓаните, се надевам го гледаа натпреваров.
така е,на овој меч цел тим изигра фантастично посебно иниеста кој изигра еден извонреден натпревар,и мене лично ме изненади педро,и ме радува тоа што пике изигра добро,што се враќа во форма,зашто на последните мечеви и не беше баш на некое ниво,а мадриѓаните уште еднаш видоа што ги чека во недела:smir:
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Ole.

Кој ќе ми даде видео доказ дека Интер додале топка меѓу себе повеќе од 3 пати, добива награда од мене. И ќе признаам дека има лице да пишува овде, што сака, макар и делузии дека Интер играл добро итн итн.. :)

А за бесконечните додавања, едно ќе кажам: нека ја земе бе некој топката ако може :)

Ако вака продолжи Барса очекувам ФИФА да воведе правило за користење на две топки на натпреварите на Барселона, да поиграат малку и другите :)

Инаку, Филе ве поздрави сите, да ви кажам.
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
1.382
Поени од реакции
248
Вака сеа,ние игравме без Меси,Ибра и без Туре , они играа без Шнајдер,ние дадовме 2 гола они немаа шут на голот :) Незнам зошто само им враќате на тоа они што коментираат па нека ви текне бе народе кој губи има право да плаче :helou:а кој немал ниедна шанса има право да липа колку му душа сака :helou:Едноставно денеска ги срушивме неможеа да сврзат 2 подавања,Педро едноставно се прероди денеска што само им направи на Маикон,Занети и каков ефектен гол едно големо БРАВО! Друго за оваа утакмица нема што да коментирам додека они јаде гомна пред утакмицава не им се гледало како губиме едно друго А У ние им покажавме на терен,сега сите видоа дека Барса не е Меси и дека Барса не е Ибрахимович! Поздрав сеа морам да излезам да се прослави победаа :vozbud:
 
V

Viktoranius

Гостин
Ако беше ова понижување , тогаш вие со Рубин - дома гости ???
Што беше тоа...
Не сери бе, 2 додавања не сврзавте. Премија е што си отидовте со само 2 гола у мрежа, а можеа да бидат 5.

Момци нека ни е честито победата во која не ни сумњав. Покажаа карактер момците и без најглавните играчи Ибра и Меси пак победивме. Тоа е екипа, колектив, тимски дух !!!

Visca El Barca !!! Во недела ќе го поновиме истото, само со дупло голови у мрежата на Мадрид.:)
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.493
Поени од реакции
29.922
Искрени честитки за победата.
Не бев во можност да ја гледам цела, но гледав 20 мин и стварно добро играа Барса, овие од Интер како статисти на сцена беа.
 
Член од
27 септември 2009
Мислења
2.175
Поени од реакции
1.041
Честито нека ни е победата, одлична игра прикажавме со овој состав.Докажавме дека не зависиме од индивидуалци и тоа во еден од нај важните натпревари за нас.

P.S Сепак пак ќе испадне подебелиот крај да го јаде реал:smir: :helou: MES QUE UN CLUB
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom