Играта не беше толку лоша, но слаба реализација и по којзнае кој пат во овие 2 - 3 сезони противникот освојува 1 бод со 2 шута цел натпревар.
Не сакам да го критикувам Гвардиола, ама некогаш ми оди на нерви со неговото чекање да направи замена се до 80та минута, а често му се случува тоа при нерешен резултат.
Не ја сфатив замената на Чави на крајот. Ај сака да го одмори за Интер, ама тогаш што не го извади порано, а не во 85 минута.
Како и да е останува да се оди на победа против Интер и секако да се добие Класикото.