Струмичките студенти

  • Креатор на темата Креатор на темата DimceY
  • Време на започнување Време на започнување
Во почетокот на 90-тите, многумина од наредбодавците и извршителите на убиството беа живи, и МОРАШЕ да им се суди, ама такво нешто немаше...
А, замислте, во Струмица сеуште постои улица која го носи името Мара Минанова...
 
Вечна им слава !!!

Но жално е што и ден денес постојат исто такви подли, шпиунски, предавнички копилиња кои на секој начин сакаат да наштетат на државава... Од главата си патиме :tapp:
 
А јас, како наследник на еден од стреланите, можам да кажам, и тоа гарантирам со факти и докази, дека тоа што го зборуваш се измислици и конструкции, уште од времето на УДБА.
Здравје, доказите ќе ги видите во музејот на македонската револуционерна борба.
Нивната цел била самостојна и обединета Македонија, под покровителство на САД и Велика Британија.
Да си жив и здрав исто така сум и јас внук на стреланиот Ѓорѓи Јармов и мајка ми го носеше истото презиме се додека не стапи во брак со татко ми!

Фамилијата на Јармов колку за информација, мислам на неговите предци, е избркана од егејот (Кукуш) поради тоа што не сакала да се покори на грчката власт или да се пише како бугари!

ГАРАНТИРАМ дека не работеле за Бугарија и ќе ве молам да престанете со такво изобличување на работата!

Позз
 

После 3 години случајно ја најдов темава на форумот и гледам дека никој не ти одговорил на прашањето.

Мара Минанова е судиката - комунист која ги осудила 5те Студенти на смрт. По нејзина наредба се однесени на Беласица и стрелани.
 
Денес се навршуваат 62 години од убиството на 5-те Струмички стденти.
Бог да ги прости!
 
Каква бугарија тие биле убиени поради несогласување со режимот инаку Вечна им Памјат на хероите народот се потпира
 
Бог да ги прости,петте наши деца-студенти-македонски херои.
Да се каже нешто повеќе за М.М. и нејзината понатамошна кариера (која ја градела и со вакви срамни дела)
-------------------
Инаку вакви убиства почнуваат уште во 1945 година на Божиќ,по бунтот на војниците од Артилериските бригади,сместени во касарните на скопско Кале,а потоа и бунт во Штип.
Но и во текот на НОБ,имало вакви „режирани убиства на наши борци и партизани“
некои и без судење,а само со обвинение за дезертерство или неморал, и тие стрелања обично се вршеле пред стројот на бригдата, за да другите се опаметат и не тргаат по такви патишта.(Случајот во Крушево каде се стрелани партизаните,сопрузи маж и жена и кој оставаат едногодишно болно дете сирак) кои се уште не е до крај расветлен.
Има стрелања и при борбите за ослободување на Скопје кај село Шишево-Матка.
Но имало стрелања и на патот за Срем,во почеток на 1945 година,некаде пред Куманово стрелан е партизан,но неговите другари одбиле да ја извршат егзекуцијата,но се јавиле три храбри хероини доброволки кој пукале во борецот.
Се се думам да отворам тема за сите овие случувања од тие години.
 
Сум била на местото во Беласица каде што се убиени. Има поставено мермерен споменик на кој пишува дека на ова место на 13 август 1951 година ѕверски биле убиени петте струмички студенти Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Ѓорги Костуранов, Борис Белев и Стево Топчев. Се наежив... Вечна им слава! :cuc:
 
После 3 години случајно ја најдов темава на форумот и гледам дека никој не ти одговорил на прашањето.

Мара Минанова е судиката - комунист која ги осудила 5те Студенти на смрт. По нејзина наредба се однесени на Беласица и стрелани.


Нема врска, студентите се стрелани без никакво судење и пресуда, туку со партиска наредба од Мара Минанова-секретар на градскиот комитет на КПМ во Струмица, а потпишана од Ристо Пиличев-извршен секретар на комитетот, кој подоцна сам писмено во едно негово барање признал дека ја потпишал смртната пресуда.

Прочитајте овде подетално
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9C6F1E3E8329D249B336301CF2CAA7DD

Споменикот во Струмица
i3bgif.jpg

Местото каде што се стрелани, имам одено таму, изолирано место длабоко во Беласица
2e2koi9.jpg


Инаку, до 2005 година, на чествувањата и панихидите во Струмица СДСМ не учествуваше, но откако Заев стана градоначалник во 2005 година ја прекинаа оваа "традиција"...
 
Нема врска, студентите се стрелани без никакво судење и пресуда, туку со партиска наредба од Мара Минанова-секретар на градскиот комитет на КПМ во Струмица, а потпишана од Ристо Пиличев-извршен секретар на комитетот, кој подоцна сам писмено во едно негово барање признал дека ја потпишал смртната пресуда.

Прочитајте овде подетално
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9C6F1E3E8329D249B336301CF2CAA7DD

Споменикот во Струмица
i3bgif.jpg

Местото каде што се стрелани, имам одено таму, изолирано место длабоко во Беласица
2e2koi9.jpg


Инаку, до 2005 година, на чествувањата и панихидите во Струмица СДСМ не учествуваше, но откако Заев стана градоначалник во 2005 година ја прекинаа оваа "традиција"...


Не мислев во буквална смисла на зборот Судија, тоа ми беше само како израз...Ама не е толку битно, фактот е непобунлив дека таа е една од многуте одговорни за убиството на петте студенти а и на многу други слични вакви случаи кои биле организирани во тоа време од комунистите. Она што најмногу ме чуди до ден денес е тоа што во Струмица сеуште постои улица именувана по Мара Минанова, а мислам дека и фамилијата Минанови сеуште живеат тука во Струмица.
 
Она што најмногу ме чуди до ден денес е тоа што во Струмица сеуште постои улица именувана по Мара Минанова, а мислам дека и фамилијата Минанови сеуште живеат тука во Струмица.


Па историја ни е, ако се смени ќе се заборави. А за фамилијата што предлагаш? Да ги стрелиме или селиме? 2 букви е само разликата. :)
 
Кога ќе прочитам ваква тема и ќе ми текне дека уште во државата има титољупци и комунисти ми се гади до повраќање. Гниди, одвратни, имбецилни. Што не им се сотрело семето на мајките ваши курвински, дегенерици умоболни.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom