Па и по војната Американците го полнеа буџетот,за Германците да преживеат,а денес како што гледаме Американците само го празнат.Инаку за временската дистанца,навистина е поголема,ама и 60 милиони жртви беа многу поголеми одколку оние од конфликтот кај нас.
Прашај ако не знаеш колку Македонците ги “засакаа“ Германците само 20тина години по Втора Светска Војна,иако изгубивме најмалку 20 000 Македонци до 45-та,и уште толку како консеквенца од Грчката копија на Германскиот фашизам со егзодусот на Македонците од Егејска Македонија.Ние сме народ кој не знае да мрази,можеби тука е проблемот што другите ја злоупотребуваат таа наша Христијанска доблест.Им правиме споменици на Турците,на Бугарите,па и Германците пред некој ден ги пречекавме како “ослободители“,итоа овде во Прилеп каде започна вооружениот отпор против окупаторот,за прв пат во Македонија,иако додуша Прилепчани тогаш тепаа Бугарски слуги на Германија.
Колку побрзо ќе сфатиш дека Албанците се составен дел во оваа држава,толку подобро за тебе,а со инает и омраза не можеме да ги натераме да си заминат од оваа територија.Окупаторите од Македонија си заминуваат сами,така покажува историјата,како што тоа ќе го направат и многумина Албанци,во следниот близок период кога ќе им станеме земја каде нема да гледаат никаков просперитет.Тоа е Македонската тактика веќе 2 000 години,па иако бавна,се покажа прилично успешна.