Нови 290 рамковни вработувања

  • Креатор на темата Креатор на темата gerasim
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
во наредните три месеци владата ке вработи нови 290 ново вработени лица во државната администрација. млади референти, соработници,
наздравје нови 290 лица на платниот список на државата и терет на народот...............
 
Тие вработувања се постојано присутни, прилив има доста често. Башка што дел од овие вработувања беа на лица со незавршени високи школи. Сум за да има и турци и од секоја националност како што си налагаат прописите, реалниот живот и слободата на секое лице да се вработи, но кога се вработував толку многу бараа (просек на завршени испити, активно знаење на барем еден странски јазик) што уште требаше да ми побараат доказ дека сум се искачил на Триглав но јас немав книшка :)
http://www.ads.gov.mk/
http://www.ads.gov.mk/default-mk.asp?ItemID=D9A2C6A8F11F894F87DD8EF8D6B05C1B

и покрај информатичката технологија која се користи (колку толку) во овие институции, наместо да се намалува, се поголем е бројот на ДС. Апсурд кој кога ќе се измеша со лошите буџетски расходи/ставки, падот на економските резултати на стопанството и кризата која стега, ќе се добијат катастрофални резултати по буџетот, трошоците, долговите...
 
Вчера на телевизија гледав како ги интервјуираат! Тие нема да научат да работат што нема, ама бар Македонски да ги поднаучиме?
 
ако , битно е они да бидат среќни и задоволни.како тргнало до крај на година сите 200000 ќе бидат вработени.не се криви они, ние сме криви.
 
Вчера на телевизија гледав како ги интервјуираат! Тие нема да научат да работат што нема, ама бар Македонски да ги поднаучиме?

Па они ни албански незнаат да зборат ко што треба а не па друг јазик:toe:
 
Од тука...
па на даље. :toe:
(и на скопски дијалект по могучност). :)
 
Тие вработувања се постојано присутни, прилив има доста често.
Владата донесе нов, втор пакет на антикризни мерки кои имаат за цел ублажување на последиците од светската економска криза врз македонската економија.
Меѓу позначајните мерки во насока на намалување на трошоците се следните:
“Времена забрана за нови вработувања во 2009 година во државната администрација и јавниот сектор (освен за вработувањата што се предвидени за реализација на рамковниот договор). За сите трајно испразнети работни места (пензионирање и сл.) не се предвидува прием на нови вработувања.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=54326&kategorija=2

Башка што дел од овие вработувања беа на лица со незавршени високи школи.
Ех сеа па и ти немале високи школи.........а седење у ров и че го пукам?Тоа за нив е "висока школа".Иначе што се вработуваат се вработуваат ама седат дома,затоа што нема место каде што ги вработиле,а земаат плата:tapp:
 
Владата донесе нов, втор пакет на антикризни мерки кои имаат за цел ублажување на последиците од светската економска криза врз македонската економија.
Меѓу позначајните мерки во насока на намалување на трошоците се следните:
“Времена забрана за нови вработувања во 2009 година во државната администрација и јавниот сектор (освен за вработувањата што се предвидени за реализација на рамковниот договор). За сите трајно испразнети работни места (пензионирање и сл.) не се предвидува прием на нови вработувања.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=54326&kategorija=2
Опа, не сум бил информисан. Во ред али после пак некој нека каже дека администрацијата е прекубројна :)
Што ќе прават само не знам оние кои дипломираат за вакви места?
Како овие
Пристигнува дипломиран кадар од Јавната администрација, Арт и дизајн и Политичките науки
Нам од ЕУРМ приоритет ни е дипломираните студенти со својата пракса и познавање, стекнати единствено на овој универзитет, што побргу да бидат работно ангажирани. Дали тоа ќе биде во државниот апарат или приватниот сектор, е сеедно бидејќи патот до таму е веќе изграден во клупите овде, вели деканот на Факултетот за политички науки проф. д-р Живко Андревски

Полека но сигурно привршуваат апсолвените од Првиот приватен универзитет Европоскиот универзитет Република Македонија и тоа првата генерација од Јавната администрација, комуниколозите од Факултетот за политички науки и во скоро време дипломците од Факултетот за арт и дизајн. Иако со отворена можност за продолжување на студиите во вториот циклус дел од апсолвентите и дипломираните веќе професионално ангажирани во граѓански организации, различни облици на истражување, новинари во медиуми но и дизајнери во реномирани брендови од ранкот на...
Додуша нивни проблем.
 
Опа, не сум бил информисан. Во ред али после пак некој нека каже дека администрацијата е прекубројна :)
Што ќе прават само не знам оние кои дипломираат за вакви места?
Како овие
Додуша нивни проблем.

Ова се збори за ЕУРМ дипломиран кадар што не е поголем од 50сетина студент.
А плус од штулов, фон и секако државниот факултет. Во глобала за државен службеник се бара дипломиран правник. А колку само годишно завршуваат на државен правен факултет да не зборам.
Ама се е џабе ако немаш книшче.
Пред месец дена вработија нови 170 лица во новиот Секретаријат за Рамковен договор. Од нив двајца се македонци (т.е едниот има српско презиме може и не е по националност македонец) и 168 албанци.
Секретаријатот се наоѓа во Владата на РМ. А за 170 лица нема место. Каде работат, како работат и најбитно дали работат јас немам појма.
Очигледно како што кажа Македонка седат дома.
Бравоооооо остваруваме :vozbud:
 
Вчера на телевизија гледав како ги интервјуираат! Тие нема да научат да работат што нема, ама бар Македонски да ги поднаучиме?


Виц на годината :pos::pos::pos::pos:
Коа ќе научи терористот-коалициониот му партнер на Гвујо да збори македонски,тогаш и останатите ќе зборат.Осум години е у парламент,а нема кажано еден збор македонски,али битно Гвујо на штулов им збореше на мајчиниот им јазик :pov:
 
Кај се аплицира за рамковец? (Итно ми е)
 
Немам коментар,ако почнеме да тераме се навраќаат стари болки.Прашајте кај се вработени сопругите на загинатите што ја бранеа државава во таа 2001ва кога се донесе тој посран "договор".Вработени се по нивите(тутун,пипер и остало),а остатокот во конфекциите работат за 5000 денари.Море мамата!!!А луѓево нека киснат дома со дипломата враце и нека чекаат да се склучи некој договор па белким тогаш ќе си го вадат сами лебот.
 
Ова се збори за ЕУРМ дипломиран кадар што не е поголем од 50сетина студент.
А плус од штулов, фон и секако државниот факултет. Во глобала за државен службеник се бара дипломиран правник. А колку само годишно завршуваат на државен правен факултет да не зборам.
Ама се е џабе ако немаш книшче.
Пред месец дена вработија нови 170 лица во новиот Секретаријат за Рамковен договор. Од нив двајца се македонци (т.е едниот има српско презиме може и не е по националност македонец) и 168 албанци.
Секретаријатот се наоѓа во Владата на РМ. А за 170 лица нема место. Каде работат, како работат и најбитно дали работат јас немам појма.
Очигледно како што кажа Македонка седат дома.
Бравоооооо остваруваме :vozbud:
за да работиш во администрација треба да имаш завршено соодветно стручно обаразивание (средно или факултет) а најголем проблем кај ново вработените е непознавање на МАКЕДОНСКИОТ јазик и писмо, кој лично го имам доживеано со службеник во МВР кој не знаеше да го прочита моето име и презиме, а камоли да го напише, голем срам за македонила а и за владата која вработува не соодветен кадар во адмионистрацијата која е столб на едно опшесство
напред гвујо.... остваруваме ,работиме 24/7. за доброто на граганите на Македонија :bravo:гвујо..... :dudlac:
 
Ова се збори за ЕУРМ дипломиран кадар што не е поголем од 50сетина студент.
А плус од штулов, фон и секако државниот факултет. Во глобала за државен службеник се бара дипломиран правник. А колку само годишно завршуваат на државен правен факултет да не зборам.
Ама се е џабе ако немаш книшче.
Пред месец дена вработија нови 170 лица во новиот Секретаријат за Рамковен договор. Од нив двајца се македонци (т.е едниот има српско презиме може и не е по националност македонец) и 168 албанци.
Секретаријатот се наоѓа во Владата на РМ. А за 170 лица нема место. Каде работат, како работат и најбитно дали работат јас немам појма.
Очигледно како што кажа Македонка седат дома.
Бравоооооо остваруваме :vozbud:


Се вработија 290 припадници на етничките заедници во Македонија

Со свечена заклетва 290 припадници на етничките заедници во Македонија ги примија решенијата за државни службеници. Завршиле средно и високо образование, ќе работат како помлади соработници и референти за координација и соработка. Но, иако ги држеа решенијата в раце денеска не знаеја што ќе работат.

„Работното место се уште не го знаеме, тоа ќе се утврди со понатамошна процедура, изјави еден од нововработените службеници.

„Конкурирав за референт, сега ќе се прават селекциите и каде ќе треба ќе почнам да работам. Јас сум со средно, ама сега завршив факултет, додаде друг службеник.

Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор не застанува овде- вели вицепремиерот задолжен за негова имплементација, кој им се обрати на новите соработници.

„Вие станувате дел на нашиот развој, станувате дел од процесот кој земјата ќе ја води напред“ , изјави Абдулаќим Адеми – вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот договор.

Новите вработувања се согласно со обврските од Охридскиот рамковен договор зад кој стојат сите политички партии вели вицепремиерот за европски прашања.

„Со вашето официјално вработување вие станувате дел од спроведување на договорот “, изјави Васко Наумовски – вицепремиер задолжен за европски прашања.

Голема е заинтересираноста за работното местото државен службеник. На конкурсот биле пријавени околу 8000 припадниците на етничките заедници.
12.08.2009


http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=52132

Не работат сите во Секретаријатот, туку се распределуваат по други органи. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom