Да утре се прво полуфиналињата (некаде околу 18:30), а после околу 20:30 мислам дека беше е финалето на 100 метри
Денеска во 19:10 полуфинале, а во 21:35 финале на 100m мажи. :smir:
Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) одлучи секој атлетичар што ќе постигне нов светски рекорд на Светското првенство во Берлин, кое почнува денес, а ќе трае до 23 август, да биде награден со 100.000 американски долари.
Финансиските средства ќе ги обезбедат компаниите „ТДК“ и „Тојота“, кои се главни спонзори на шампионатот. ИААФ го одреди и паричниот фонд за најдобропласираните атлетичари. Покрај златниот медал, новите светски шампиони ќе добијат и 60.000 долари.
Освојувачите на сребрен медал ќе добијат двојно помалку, а бронзеното одличје ќе биде наградено со 20.000 долари. Парични награди ќе добијат и тие атлетичари што ќе завршат од четвртото до осмото место. Сумите ќе изнесуваат од 15.000 до 4.000 американски долари.
Златно девојче, оваа (да ја наречам) традиција на Светската Атлетска Федерација трае со години, па во знак на благодарност, на тој/таа што ќе успее да го подобри најдоброто светско остварување му се доделува награден чек од 100.000 долари.
Исто така, во зависност од развиеноста на државата и на националната атлетска федерација, на својот рекордер му се доделува одредена сума пари.
А останатите суми за освоени медали и достигнувања верувам се така. :smir: