Отец Ивица vs Дарвин

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny Stulic
  • Време на започнување Време на започнување
А бе види, „...докажно е...„ и тоа дека мојата паста за заби е „..клинички докажана како НАЈдобра..„ ама ниедна клиника не стои со потпис за тој доказ!

А што се „тиче„ опсерваторијата во Ватикан, тоа лично не ме засега, оти не сум дел од таа (римокатоличката) Црква.

Патем кажано, еден куп математички модели за Вселената и за структурата од атомот „паѓаа(т)„, оти секогаш се наоѓа по некој мангуп кој вели дека е попаметен до своите претходници и нив ги побива со својата „најнова„ теза за ова и за она...

Нема друг Универзум. Бог престојува на Небесата, во духовниот Свет и од „таму„ промислува за целата Вселена.

Значи магија ок
 
Напишав дека Небесата е првосоздадена, (како што и стои во редоследот од оригиналниот стих), а тоа е духовниот Свет-Небесата, а второсоздадена е земјата, т.е. целиов материјален Свет-Вселената.

А пред да ги создаде небесата и земјата, Бог битстувал во самосозерцување, што значи, ниту небесата ниту земјата постоеле, сеуште не биле создадени. Но Он постои и пред небесата и пред земјата, оти така Он (Бог) сведичи а не оти така јас велам.

а јас те прашав каде престојувал пред да создаде Небеса и Земја ...
каде тој постоел ...
како тој сведочи .. на кого тоа му кажал ...
и дај објасни ... каде бил пред да создаде Небеса и Земја .. за да потоа се пресели во небесата ... како шо велиш ..
 
Моето наводно знење е општо прифатено од сите релевантни високо-образовни институции во светот...
Ова знење, ни овозможува сега јас и ти да дебатираме на форумов, инаку ќе праќавме гулаби писмоносци....

Хех, самото негово постоење таму е многу сомнително, нели...
Бидејки таквите кои имаа телескопи во 16 век ги палевте на клада....
Со оние кои тврдеа дека земјата не е рамна, па испадна дека не е...
Или грешка сум...а....?

Да, во ГОЛЕМА грешка си! Утешно е тоа што таа грешка не е твоја вина, туку вина од образовниот систем во МК, кој (систем) во целиот неписменлак, не чини разлика меѓу римокатолиците кои „жареа и палеа„ и меѓу православните, кои немаат таква црна дамка во своето 20-вековно си-ви.
 
да бе да немаат............ чек малку а богомилите бе ???
 
а јас те прашав каде престојувал пред да создаде Небеса и Земја ...
каде тој постоел ...
како тој сведочи .. на кого тоа му кажал ...
и дај објасни ... каде бил пред да создаде Небеса и Земја .. за да потоа се пресели во небесата ... како шо велиш ..

Веќе напишав, но колу си разбрал, тоа е друго прашање.

Пред да ги створи Небото и Земјата, Творецот „претстојувал „ во „состојба„ на самосозерцување, што значи, самосогледување, „немање друштво„ со кое Творецот би ја споделил својата неограничена добрина. Тоа самосозерцување не е временски-просторно уредено и дефинирано, туку е надвор и поинакво од нашето поимање за времето и просторот.

Своето битисување пред Небото и Земјата, Творецот им го јавува на оние подвижници кои се блиски со и до Бога, а тие подвижници, по должност, тоа знаење ни го пренесуваат нам, обичните смртници, преку што се гледа Божјата грижа за човековиот род.

да бе да немаат............ чек малку а богомилите бе ???

Богомилите, како и многу други бласфемичари пред и после нив, едноставно, отпаѓаат, се исклучуваат од вистината и од Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква. Во Црквата, нема место за полувистини, искривени вистини и лаги.

Како што е Христос Еден, така е Една и Црквата. Не може да постојат многу „цркви„, како што не постојат и многу Христоси, Тука намерно ги исклучувам „лажњаците, кои се лесно препознатливи.
 
кој си ти да кажеш кој е лажен кој не бидејки за мене тиси нај лажен и твојата вера е нај бласфемичарска и ептен сте лесно препознатливи:toe:
 
кој си ти да кажеш кој е лажен кој не бидејки за мене тиси нај лажен и твојата вера е нај бласфемичарска и ептен сте лесно препознатливи:toe:

Твојот став дека јас сум лажен е само твој субјективен став, кој е заснован на НИШТО. Немаш референцијален систем во однос на кој ќе расудиш дали јас сум лажен или не.

Мојата маленкост (леле, ама сум скромен!) на форумов е најмалку битна, битно е дека на форумов сакам да посведочам за мојата вера и мојот Бог а не за самиот себе.

Туку, ај да се вратиме на зададената тема, да не не караат...
 
Мики Мики ... паметно дете си .. зошто се ограничуваш со религијава не ми е јасно ...

Своето битисување пред Небото и Земјата, Творецот им го јавува на оние подвижници кои се блиски со и до Бога, а тие подвижници, по должност, тоа знаење ни го пренесуваат нам, обичните смртници, преку што се гледа Божјата грижа за човековиот род

Ај кажи ми кои биле тие блиску до Бога на кои ПРВПАТ им се јавил ... како знаеле дека треба да бидат посветени на Бог кога пред тоа не се појавил/покажал или било како никогаш.
 
А твојт е заснован на што на исказите на светата мајка црква како идае сите сте лажни никакви факти никакви докази само приказни тоест католиците велат тие се висатинските муслиманите дека тиесе праволсавните дека тиесе тие правите а уствари исти сте сите лажни и не вели дека не применуваш доктрина на католичката црква кога истата те раководи и тебе пошо нели тиси оној вистинскиот
 
Да, во ГОЛЕМА грешка си! Утешно е тоа што таа грешка не е твоја вина, туку вина од образовниот систем во МК, кој (систем) во целиот неписменлак, не чини разлика меѓу римокатолиците кои „жареа и палеа„ и меѓу православните, кои немаат таква црна дамка во своето 20-вековно си-ви.

Ова е веќе револуција во науката....:pos2:
Не бе не ги палеа, они само човечки и хумано ги преваспитаваа, со оган и зејтин и шкорче.
Иначе отвори било која историска книга, секаде ќе најдеш за палењето и жарењето и тоа од западно-европски автори.
И православните и католиците веруваат дека бог го создал светот.
Разлики тука нема.
 
Разлики нема само во твоето непознавање на нештата. Очигледно е дека не разликуваш што е Источна православна Црква од Западна римокатоличка Црква, и очигледно едека немаш никакви познавања од историјатот на Црквите, па така испаѓа дека и православните учествуваа во крстоносните војни и геноцидни походи по Америка и Австралија и Африка, и православните го створија робството, иако ниту еден историски доказ за тоа не постои.

Но, да се вратиме на темата.
 
Исто е, источната да ги имаше потребните ресурси и таа ќе водеше крстоносни војни.
Исто е и во однос на создавањето на светот.

Црквата е поделена во средината на 11век.
 
Мики Мики ... паметно дете си .. зошто се ограничуваш со религијава не ми е јасно ...

Ај кажи ми кои биле тие блиску до Бога на кои ПРВПАТ им се јавил ... како знаеле дека треба да бидат посветени на Бог кога пред тоа не се појавил/покажал или било како никогаш.

Ц, кој вели дека се ограничувам на религија? Имам световна професија која многу ја сакам иако не е дел од Црквата.

Во Стариот Завет, тие поединци се нарекуваат „старозаветни патријарси„ (Мојсеј, Ное, Авраам, Соломон, Давид, сите пророци...) а во новозавениве времиња, тоа се подвижниците во Црквата, познати како Свети Оци или врвни монаси,. Ако почнам да им ги набројувам имињата, тоа набројување би потрајало...
 
Добро де ај така нека бдие иако во русија робовладетелството прекинува во 20 век иначе робови биле сите селани робови на бојларите кој биле именувани од светата православна црква,јебига до фчера бевте заедно потоа се раскаравте иначе немој да речеш дека на овие простори немало каменување на вештерки и спалувања, едно ке кажам цела среќа што отоманската империја била доминантна па сезнајучите попови немале толкава сила иначе кај кени бил крајот назад на темата кој го создал господ докажи дека постоел од секогаш дај однесине во неговата лабараторија и демонстрирај како го создал светот и на каков начин од кај ги нашол материјалите или пак ке биде чирибу чириба голем човек на небото унга бунга никој него видел ама постои, и одговарај порано дур имаш интернет при крај е работното време и кеси идеш дома ај побрзај
 
Исто е, источната да ги имаше потребните ресурси и таа ќе водеше крстоносни војни.
Исто е и во однос на создавањето на светот.

Црквата е поделена во средината на 11век.

Што ќе и се војни на Источната Црква? Дај барем една причина која би „држела вода„. Што се однесува до ресурсите, ако т.н. Византија немала ресурси, кој друг имал?

Црквата е поделена во 1054 г. со т.н. шизма (поделба) на Источна и Западна, како конечен крај на претходно Единствената Црква Христова. Константинополските врвни теолози од тоа време, барем два века по ред им укажувале на Римјаните дека отстапуваат од изворната вистина, но тие отстапки не завршуваат со враќање кон Едната Црква, туку со нејзина поделба.

Добро де ај така нека бдие иако во русија робовладетелството прекинува во 20 век иначе робови биле сите селани робови на бојларите кој биле именувани од светата православна црква,јебига до фчера бевте заедно потоа се раскаравте иначе немој да речеш дека на овие простори немало каменување на вештерки и спалувања, едно ке кажам цела среќа што отоманската империја била доминантна па сезнајучите попови немале толкава сила иначе кај кени бил крајот назад на темата кој го создал господ докажи дека постоел од секогаш дај однесине во неговата лабараторија и демонстрирај како го создал светот и на каков начин од кај ги нашол материјалите или пак ке биде чирибу чириба голем човек на небото унга бунга никој него видел ама постои, и одговарај порано дур имаш интернет при крај е работното време и кеси идеш дома ај побрзај

И ти си во право, по којзнае кој пат...

Ај сега назад на темата, ќе не банираат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom