Отец Ивица vs Дарвин

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny Stulic
  • Време на започнување Време на започнување
Види сега темава не за Миленко или за жена му :), го имам искажано моето мислеење во врска со тоа.
Јас од часови не бегав па затоа знам дека теорија на еволуција не се учи во четврто одделение....
Не е битно, Миленко ако треба ќе стане и атеист (и индијанец ако му плати некој убаво), греота и срамота за поповите наши што излегуваат и што се резилат, не е ни чудо што ни ја ремети црквата кој стигне и никој не ја есапи за жива - недостасува интелект во нашава црква и тоа е факт...
...исто не е битно дали е четврто или петто одделение, цел живот се учи, поентата е таа - состави факти за да се бориш против контра-фактите...а факт е дека муабетот на двајцава беше на ниво на маалски пијаници што се караат дали е Русија појака или Америја :toe:
 
На погрешно прашање, се дава погрешен одговор.

Како може да се докаже Божјото содавање, кога Он за Себе вели дека отсекогаш постои? Ајде сега, биди мангуп па ТИ објасни како може Бог да е беспочетен!

а зошто тогаш па мора универзумот дае создаден од бог??? ај ти објасними сега како може универзумот дае беспочетен
 
ztj142.jpg

Д мининг оф лајф
Јас не сум атеист, дури можам да кажам дека верувам во Бог (Господ, Природа, некако може и да се нарекува), генерално имам некое агностичко гледање...во суштина не верувам во најголемиот куп од религиски прикаски измислени за држење на масата под контрола и страв (како што е прикаската за Адам и Ева, Адем и Ава итн.) - вакви провокации се многу наивни и дополнително ја поткопуваат религијата и нејзиното учење...одговарање на фактите со цинизам - стварно не ми е јасно...
 
и еве се вели дека универзумот од секогаш постои и на кого муго кажал тоа бог??
 
а зошто тогаш па мора универзумот дае создаден од бог??? ај ти објасними сега како може универзумот дае беспочетен

У&ниверзумот ВООПШТО не е неспочетен, туку има свој почеток! Читај ја првата глава и првиот стх од Бититето, каде е јасно укажано на тоа дека „...во почетокот...„, значи, на самиот почеток од времето, „О„-то то време, Бог ги создаде небесата (духовниот свет) и земјата (материјалниов свет, Вселената).
 
„Твоите„ (???) се апсолутно вон дометот од твоето лично искуство, но ти, секако, „логички„ ќе ме побиеш...

Убеден сум дека никогаш не си видел: галаксија, пулсар, квазар, супер-нова, анаконда, орангутан, пигмеец, Индиос, абориџин, молекула, атом, електрон, ген, ДНКИ, РНК, неутрино, кварк...Ама сето тоа е „докажано„!

Е докажано е де, математички, ти како би го докажал, со убави прикаски.
молекула, атом, електорн, ген, рнк, можат да се видат со елекронски микроскоп, за постоењето на неутрино, кварк има математички докази.
пулсар, квазар, супер-нова, галаксија можат да се набљудуваат со оптички телескоп.

А од кога само тоа што може да се види со голо око, е прифатливо и релевантно.

Иначе и ватикан има своја вселенска опсерваторија....сега што правиме а...?!?
 
У&ниверзумот ВООПШТО не е неспочетен, туку има свој почеток! Читај ја првата глава и првиот стх од Бититето, каде е јасно укажано на тоа дека „...во почетокот...„, значи, на самиот почеток од времето, „О„-то то време, Бог ги создаде небесата (духовниот свет) и земјата (материјалниов свет, Вселената).

А во кој Универзум бил Бог додека го создавал нашиов универзум?
 
Е докажано е де, математички, ти како би го докажал, со убави прикаски.
молекула, атом, електорн, ген, рнк, можат да се видат со елекронски микроскоп, за постоењето на неутрино, кварк има математички докази.
пулсар, квазар, супер-нова, галаксија можат да се набљудуваат со оптички телескоп.

А од кога само тоа што може да се види со голо око, е прифатливо и релевантно.

Иначе и ватикан има своја вселенска опсерваторија....сега што правиме а...?!?

А бе види, „...докажно е...„ и тоа дека мојата паста за заби е „..клинички докажана како НАЈдобра..„ ама ниедна клиника не стои со потпис за тој доказ!

А што се „тиче„ опсерваторијата во Ватикан, тоа лично не ме засега, оти не сум дел од таа (римокатоличката) Црква.

Патем кажано, еден куп математички модели за Вселената и за структурата од атомот „паѓаа(т)„, оти секогаш се наоѓа по некој мангуп кој вели дека е попаметен до своите претходници и нив ги побива со својата „најнова„ теза за ова и за она...

А во кој Универзум бил Бог додека го создавал нашиов универзум?

Нема друг Универзум. Бог престојува на Небесата, во духовниот Свет и од „таму„ промислува за целата Вселена.
 
А бе види, „...докажно е...„ и тоа дека мојата паста за заби е „..клинички докажана како НАЈдобра..„ ама ниедна клиника не стои со потпис за тој доказ!

А што се „тиче„ опсерваторијата во Ватикан, тоа лично не ме засега, оти не сум дел од таа (римокатоличката) Црква.

Патем кажано, еден куп математички модели за Вселената и за структурата од атомот „паѓаа(т)„, оти секогаш се наоѓа по некој мангуп кој вели дека е попаметен до своите претходници и нив ги побива со својата „најнова„ теза за ова и за она...

Не ми нафрлај, глупости како пасти за зуби....

Што се тиче, и католиците имаат библија, истата ја читаш и ти, а тие имаат оптички телескоп во сред ватикан.....!!!

кога мангупот ќе даде доказ за неговата теза ќе биде прифатена, се дотогаш може да се забавља со глупости....
кога ќе бидат презентирани докази дека бог е креатор на универзумот, тогаш и јас ќа ја прифатам таа теорија...се дотогаш .....
 
Значи магија ок
 
Нема друг Универзум. Бог престојува на Небесата, во духовниот Свет и од „таму„ промислува за целата Вселена.

Малце да не се губиш?

каде е јасно укажано на тоа дека „...во почетокот...„, значи, на самиот почеток од времето, „О„-то то време, Бог ги создаде небесата (духовниот свет) и земјата (материјалниов свет, Вселената).

Велиш во самиот почеток тој ги создал и Небесата(духовниот свет) и Земјата (материјалниов свет, Вселената) ... тогаш кај бил пред да ја создаде Небесата ... како тоа ми викаш тој бил во небесата кога не ја имал создадено ....

Значи те прашувам кај бил тој пред тоа ...
 
Не ми нафрлај, глупости како пасти за зуби....

Што се тиче, и католиците имаат библија, истата ја читаш и ти, а тие имаат оптички телескоп во сред ватикан.....!!!

кога мангупот ќе даде доказ за неговата теза ќе биде прифатена, се дотогаш може да се забавља со глупости....
кога ќе бидат презентирани докази дека бог е креатор на универзумот, тогаш и јас ќа ја прифатам таа теорија...се дотогаш .....

...Се дотогаш, ти ќе бидеш убеден во своето наводно знаење, а доколку еден убав ден и поверуваш, тогаш „знаењето„ ќе ти стане само една менлива и минлива категорија, со која ќе можеш да ги „попунуваш„ само своите мемоари, разбираш.

Само, никако да ми стане јасно, зашто го повторуваш постоењето на телескопот во Ватикан? Да не Го бараат „ватиканците„ Бога со помош од тој славен телескоп?
 
Моето наводно знење е општо прифатено од сите релевантни високо-образовни институции во светот...
Ова знење, ни овозможува сега јас и ти да дебатираме на форумов, инаку ќе праќавме гулаби писмоносци....

Хех, самото негово постоење таму е многу сомнително, нели...
Бидејки таквите кои имаа телескопи во 16 век ги палевте на клада....
Со оние кои тврдеа дека земјата не е рамна, па испадна дека не е...
Или грешка сум...а....?
 
Велиш во самиот почеток тој ги создал и Небесата(духовниот свет) и Земјата (материјалниов свет, Вселената) ... тогаш кај бил пред да ја создаде Небесата ... како тоа ми викаш тој бил во небесата кога не ја имал создадено ....

Значи те прашувам кај бил тој пред тоа ...

Напишав дека Небесата е првосоздадена, (како што и стои во редоследот од оригиналниот стих), а тоа е духовниот Свет-Небесата, а второсоздадена е земјата, т.е. целиов материјален Свет-Вселената.

А пред да ги создаде небесата и земјата, Бог битстувал во самосозерцување, што значи, ниту небесата ниту земјата постоеле, сеуште не биле создадени. Но Он постои и пред небесата и пред земјата, оти така Он (Бог) сведичи а не оти така јас велам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom