1.Ти - стварно веруваш дека Морати со Тронкети на врвот во Телеком Италија ќе дозволи да биде прислушкуван (и ако е прислушкуван ) ќе дозволи тие касети да му излезат пред јавност/на суд ?
Ваљда не е до толку глуп, бе !
2. Јас, не знам. А кога не знам, прашувам. Како во конкретниов случај.
Што му значи „together“ де, не ми е јасно? Пошто немаат машинче како што велиш, кажи ми ти како го сваќаш ?
1. Ако одиме по вашиве претпоставки, значи Морати и Интер у секој случај се чисти, бидејќи многу јасно, нема шанса да дозволат нешто да излезе на површина.
Зашто тогаш упорно му давате важност на секој нов муабет излезен у Тутоспорт ?
2. Интер играше дома со Сампдорија, Интер тој период добро памтам дека беа во серија на победи а Сампдорија од друга страна беа просечна екипа која уште пред меч сите ја гледаа ко губитник во овој дуел.
Ако удриме на претпоставки и оние 100 варијанти уз истите, има ли нешто лошо кога некој ке каже ајде, ке го гледаме заедно како Интер победува.
Тука, од една страна не се крши никаков закон, од друга, мечот до секој можен ебан детал го знам, ако Интер режирале нешто со судии, ке имаа пенал или нешто трето нерегуларно, а не, Сампдорија да води 0-2, на истиот резултат Интер да не добие пенал, и на крај пак да победи со 3 регурални голови ...
Не заборавај дека Факети важи за личност која е ценета во Италија, ти ако го протолкува тоа како, ајде, да го гледаме Интер заедно како тепа ( а претходно имало нешто договорено ), ја го гледам ко разговор помеѓу двајца пријатели во кој едниот му вели на другиот уверено дека денес фаворитот кој сеуште тој период се бореше за титула ке победи.
Ако ти си убеден дека твојата претпоставка е точна ( претпоставувам истата е дека Факети средил наклонетост на судии ), не гледам ама баш никаква причина и ја да не бидам убеден во мојава претпоставка, од проста причина што од една страна околностите пред мечот го правеа Интер огромен фаворит ( башка играа и дома ), од друга, го гледав мечот, судењето беше скоро и перфектно, реков скоро зашто на 0-2 Интер не добија пенал. :wink: