Сакаш да ми кажеш дека кога Јуве ќе победи, неговите хејтери имаат право да му ја омаловажат победата со тоа што ќе речат дека е местено, а кога Јуве ќе доживее неуспех неговите навивачи немаат право да прокоментираат дека е местено. Потенцирам, не се работи за било каков неуспех,(такви ги имаше со лопата да ги ринеш сезонава), се работи за ваков, како денешниот. Зарем развојот на настаните не ти е ни малку сомнителен? Дури и да си слеп, ќе видиш дека денес нешто не беше како што треба.
Гарантирам дека сезонава кај нас во фан клуб прв пат се појавија коментари од фановите дека мечот е наместен. Значи не коментираме секогаш кога Јуве нема да победи дека е местено, како што тоа го претставија некои фанови тука на форумот. Јуве сезонава доживеа еден тон неуспеси и сите тие како така ги прифативме, некој повеќе, некој помалку достоинствено, ама овој циркус од денес не можам да прифатам дека е нормален тек на настаните.