Поаматерски пристап кон играта од еден тим,одамна не сум видел.Двајца играчи плус и тоа цело полувреме,тие се обидуваат со нафрлувања против одбрана која лесно се снаоѓаше со тие топки,а и голман кој одлично излегува на такви нафрлувања.Освен швајцарецот речиси и да немаше друг поагресивен фудбалер на Сампдорија.
Притисокот што го имаше арбитарот си го стори своето во истото полувреме,подели втор жолт кој воопшто не можеше да се оквалификува како таков.Компензација или не,не можам да кажам,со оглед на тоа што вториот жолт на Кордоба не го ни видов.Првиот беше сосема исправен,како и тие на Самуел.
Кажав и во фан клубот на Интер,дека може многу да го чини тимот овој натпревар.Не само бодовно,туку и во поглед на следниот нивен меч во ЛШ.Играчите многу се истрошија,еден Снајдер само колку претрча,во дуел со Челзи каде што треба да бркаат резултат,може доста да се одрази тоа.Посебно ако се земе предвид физичката подготвеност на тимот од Лондон и нивните тркачки способности.