Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.700
- Поени од реакции
- 59.910
Не е до нив што нема преглед на колото, толку време одвојува таа телевизија за фудбал. На А1 некогаш по 4 натпревари за викенд има, а на Телма никогаш нема пренос од Сабота во 18 часот дури и ако е дерби тогаш, а во 20.30 да има досаден беззначаен натпревар. Сигурно сите спортски коментатори би биле задоволни да им отстапат простор да направат некоја емисија, преглед на коло и слично... но во Телма ќе си остане на тоа што е.Добар пример за добро конетирање се коментаторите на ОБН. Штета што ја исклучија таа програма.
Коментаторите на Телма не се лоши како за наши услови но треба да се потрудат малку повеќе. Една иста најава никогаш нема пренос во 18 часот нема преглед на колото. Премногу е мизерно тоа.
Како и да е, многу е подобро да се гледа фудбал на Телма отколку на Сител (дно на дното), па добро е што се такви на Сител зошто покрај нив сите други изгледаат одлично. Не е којзнае што на Телма, ама никогаш не било ужасно лошо, посебно не кога има некој дерби - натпревар. Не се жалам од Телма, а ако успеат да издејствуваат некоја емисија или натпревар плус, би било одлично.