Во кој контекст послаб, Ибра лани постигна 25 погодоци во Серија А и само 1 во ЛШ а играше против одбрани на Панатинајкос и Анартозис, . Балотели постигна 8 погодоци и се на се, главниот напад на Интер стигна до бројка од вкупно 33 голови . Од друга страна Милито постигна 24 гола во Серија А, Ето 30 во Примера плус постигна повеќе голови од Ибра во ЛШ од кои еден во финалето .
Јас разбирам да даваш мислење, нормално нема секој да се согласи со истото, али овој пат ти гарантирам дека грешиш, зашто ? Зашто Интер за разлика од минатата сезона има каде - каде подобра одбрана со доаѓањето на ѕверот Лусио, со носењето на Мота + еден плеј ке имаат и подобра средина, нападот ке биде составен од играчи кои минатата година постигнаа вкупно 54 голови во лигашките конкуренции . Јас овде не гледам послаб Интер од минатата сезона, вие сеуште сте со оноа Ето имал јака поткрепа во Барса ( а замисли ја немаше во Мајорка па и таму даде вкупно 54 гола ), истиот тој Ето да го гледавте против Лацио ке ви стигнеше тежок демант . Милито е веќе докажан со гол помалце од Ибра лани а играше во Џенова така да искрено не ти држи муабетот за послаб Интер од лани, плус додади ја и тука клупата на Интер, која е убедливо најдобра во Италија а и тоа е доста важен фрагмент во едно вакво првенство .
п.с. Уште еден податок, Интер минатата сезона донесе две засилувања кои не успеаа да бидат имплементирани во стартниот тим и во оној 4-3-3 формат, истиот тој формат сред сезона беше целосно сменет, и со такви огромни проблеми на крајот сепак завршија убедливо први . . . оваа сезона не се среќаваат со ваков голем проблем, што значи пак, тргнуваат каде-каде посилни од лани .