Serie A 2009/2010

Кој според вас ќе ја освои Serie A во сезоната 2009/2010?

  • Вкупно гласачи
    534
Статус
Затворена за нови мислења.

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.923
Поени од реакции
8.801
ОК, нормално е да сакаш да не успее. И јас сакам да не успее заради квалитетот на лигата. Ама ова е завршена работа, штом пишува на football - italia OFFICIAL, готово е. Освен ако не му најдат некоја повреда или болест...
или па ако пропадне трансферот на Чави Алонсо во Реал

како и да е прадавањето на добри играчи од Рома нема да застане овде Росела е подготвена да продаде уште еден или двајца од Баптиста,Менез,Бриги па и Хуан(иако потпиша нов договор)

сега да можев да гласам за шампион на Италија немаше да гласам за Рома, оваа година се ќе се радувам на 4-та позиција
 
lamja25

Grande FIORENTINA !!!
Член од
5 декември 2007
Мислења
2.339
Поени од реакции
66
najefikasni strelci vo sezonata 08\09 vo serie A

Ibrahimovic 1 gol ogni

143
minuti

Mutu 1 gol ogni

150
minuti

Iaquinta 1 gol ogni

158
minuti

Pato 1 gol ogni

159
minuti

Gilardino 1 gol ogni

163
minuti

Milito 1 gol ogni

168
minuti

Di Vaio 1 gol ogni

196
minuti

Vucinic 1 gol ogni

198
minuti

Pazzini 1 gol ogni

199
minuti

10°
Rocchi 1 gol ogni

200
minuti

11°
Quagliarella 1 gol ogni

201
minuti

12°
Amauri 1 gol ogni

206
minuti

13°
Miccoli 1 gol ogni

228
minuti

14°
Acquafresca 1 gol ogni

235
minuti

15°
Totti 1 gol ogni

242
minuti

16°
Cavani 1 gol ogni

245
minuti

17°
Morimoto 1 gol ogni

253
minuti

18°
Paolucci 1 gol ogni

254
minuti

19°
Denis 1 gol ogni

262
minuti

20°
J. Baptista 1 gol ogni

267
minuti

21°
Zarate 1 gol ogni

267
minuti

22°
Del Piero 1 gol ogni

274
minuti

23°
Pandev 1 gol ogni

275
minuti

24°
Castillo 1 gol ogni

277
minuti

25°
Jeda 1 gol ogni

277
minuti

26°
R. Bianchi 1 gol ogni

277
minuti

27°
Tiribocchi 1 gol ogni

279
minuti

28°
Maccarone 1 gol ogni

282
minuti

29°
Floccari 1 gol ogni

282
minuti

30°
Ronaldinho 1 gol ogni

286
minuti

31°
Floro Flores 1 gol ogni

287
minuti

32°
Kakà 1 gol ogni

295
minuti

33°
Pellissier 1 gol ogni

298
minuti

34°
Sculli 1 gol ogni

304
minuti

35°
Mascara 1 gol ogni

380
minuti

36°
Cassano 1 gol ogni

409
minuti
 
jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
останувам оптимист:vozbud::vozbud: шансите се 1:100000000000000000000 ама сепак мислам дека рома може да покаже добра игра доколку нема повреди:toe:
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
Борбата за титулата ќе биде меѓу Јуве и Интер.
Али сепак мислам дека Јувентус има поголеми шанси, поради тоа што направи два одлични трансфери за кои што не се сомневам дека ќе се вклопат, а и 2 трансфери за коишто немам многу добро мислење но можат да ме демантираат. Додека Интер пак, го загуби најдобриот играч во тимот, тим кој што без Ибра и Маикон е сосема просечен, но како и да е со оглед на не толку јаката конкуренција за титулата сигурен сум дека ќе се борат со Јуве до последното коло.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432

Не џанам... :pos2:

Честитам на двата одлични трансфери, од кои едниот уште нема заиграно, ама пошто си сигурен, добро... :smir:

Нашите заиграа. Милито им ги крши кичмите на противниците, Ето ја праќаше одбраната на Лацио да бере јаготки. Неколку пати. Лусио се покажа како ѕвер во одбрана. Само Тиаго Мота нема заиграно како треба, од новите. Ќе се купува и плеј, за кој не сме сигурни дали ќе се вклопи добро.

Посилни сме од лани, каде-каде. Дури и без плеј. Не се сомневам дека Интер и Јуве ќе се борат за титулата. Ама да си препишете фаворитска улога покрај ваков Интер... :tapp: Вие си знаете уствари...

P.S. Маикон е тука и не оди никаде.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Нашите заиграа. Милито им ги крши кичмите на противниците, Ето ја праќаше одбраната на Лацио да бере јаготки. Неколку пати. Лусио се покажа како ѕвер во одбрана. Само Тиаго Мота нема заиграно како треба, од новите. Ќе се купува и плеј, за кој не сме сигурни дали ќе се вклопи добро.
И нашите заиграа..Погледни ги трите натпревари на Мело во дресот на Јуве, а Диего има „мала“ повреда, истегнување на мускулот, но сите медиуми во Италија вклучувајќи го и Тутоспорт јавија дека тоа е повеќе од претпазливост..Диего играше само на еден натпревар за Јуве, и еве што се случи по 10 мин игра..

+ противниците обавезно имаа 2ца играчи што го чуваа...
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Не се сомневам во квалитетите на Диего. Сакав да го земеме ама јбг... Сепак, ние имаме тројца нови кои дадоа одлични партии, и аРтан погоре не прогласи за послаби :) Интер сепак, и покрај заминувањето на Ибра, има многу подобар напад од лани. Ето и Милито играат како одамна да се заедно и цело време се опасност за одбраната на противникот. Лани освен Ибра, сите напаѓачи потфрлија. Сега имаме двајца убијци, + Балотели кој игра се подобро. За Арнаутович не зборувам дури не го видиме на дело.

Лусио е бедем во одбраната и многу ќе сме посилни во тој дел од лани, посебно кога ќе се врати и Самуел. Имаме 8-9 дефанзивци кои можат да одговорат на задачите што значи дека нема да имаме посериозни маки со повреди и картони низ сезоната.

И очекуваме плеј, значи може да биде уште подобро. За Сериа А и вака ќе бидеме казнена експедиција, единствено Јувентус ќе може да држи чекор. Очекувам неизвесна борба, но мислам дека ние сме фаворити. Што на крајот не е ни многу важно, чисто да се најдеме во муабет...
 
Сепак тоа е мое мислење не мора ти да се согласуваш во тоа, и јас реков порано дека Милито ќе биде добро засилување за вас, реков дека Мота ќе биде целосно промашување, и како што тргнало така ќе излезе, за Ето имам само пофални зборови но повторно ќе кажам на овој Интер, повеќе му е потребен Ибра, ќе се уверите во тоа како што ќе иде времето, а за Лусио што знам, добар играч, но не подобар од Самуел, Киву, Кордоба. Такашто според мене Интер е послаб од минатата сезона.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Сепак тоа е мое мислење не мора ти да се согласуваш во тоа, и јас реков порано дека Милито ќе биде добро засилување за вас, реков дека Мота ќе биде целосно промашување, и како што тргнало така ќе излезе, за Ето имам само пофални зборови но повторно ќе кажам на овој Интер, повеќе му е потребен Ибра, ќе се уверите во тоа како што ќе иде времето, а за Лусио што знам, добар играч, но не подобар од Самуел, Киву, Кордоба. Такашто според мене Интер е послаб од минатата сезона.
Нормално, само дискутираме.

Лусио е играчот што ни недостигаше: крупен, корпулентен, вистински ѕид во одбраната. И тоа го покажа веднаш на припремите, игра како 10 години да е во клубот. Не се споредува со овие другите зошто е многу поразличен играч од нив.

Киву ни е најслаба точка, знае да киксне грубо, не е константен.
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.467
Поени од реакции
6.811

на киву маката му е тоа што од 90 натпревари 70 ги играше како лев бек 10 како лево крило и 10 како халф!
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.757
Поени од реакции
3.794
Нема да кажам ништо ново ако речам дека борбата ке биде меѓу Интер и Јуве. Па затоа нема да кажам!

Факт е дека Интер го изгуби играчот кој ги носеше на грб и ги вадеше од сите лајна изминативе 3 сезони. Го изгуби, но се засили одлично со Милито и Ето. Средината ја појачаа со Мота. Дали е засилување или не никој не може да знае однапред, ма да мислам дека нема да биде Бог знае што, така да срединната ке биде копи пејст од прошлата сезона ако не го донесат долго очекуваниот плеј. Арнаутович е играчот со јутјуб клипче од 3 мин.
Лусио е добро засилување.

Јувентус средината ја појача со Фелипе Мело и Диего, двајца играчи кои ке донесат цврстина и креативност во средниот ред. Ново засилување е и Тиаго, кој полека ја врака формата од Лион под водство на Ферара. Канаваро е исто така ново засилување, но според некои може да биде утка на сезоната. Во досегашниот дел од подготвителниот период беше сосема солиден. Сезоната е долга па ке видиме дали ке биде константен или не.
Касерес е најновиот војник во тимот, па според желбата што ја имаше пред да потпише и натпреварот кој го одигра против Виљареал можам да кажам дека има потенцијал. Не знам дали ке биде добро засилување или не затоа што не можам да знам однапред и затоа што изигра само едно полувреме за Јуве.

Само за потесетување на оние кои што не го гледале Јуве во текот на подготвителните натпревари, тимот има скор од само 1 пораз, 3 нерешени и се останато победи.
Интересно е што Јуве во подготвителниот период не одигра ниту една минута со најдобриот состав. Така да врвот на оваа екипа нема да го видиме во текот на летово.

Нијанси решаваат во меѓусебната споредба:
Буфон и Цезар ги ставам на исто рамниште, класа голмани. Не можам да одредам кој има предност.
Одбраната на Интер е подобро поткована од таа на Јуве. Имаат чопор кучиња на клупа. Предноста на Интер ја гледам кај бековите.
Околу средината. Мислам дека повеке тежи таа на Јуве. Мело и Сисоко дефинитивно ке бидат ѕид во средината кој ке биде некоја помодерна и помлада форма на Емерсон и Виера. Каморанези и Диего си играчите кои Интер моментално ги нема. Виера, Мота, Мунтари и Дежан се играчи од средна класа. Дефинитвно не се ки плејрс. Од тие вредат само Занети и Камбиасо. Мое мислење, премалку за тим како Интер.
Нападот е тука некаде. Интер има тројца одлични напаѓачи, Јуве четворица. Предност нема никој.

Мурињо е поискусен од Ферара, но тоа не мора да значи ништо. Ферара ја има потребната харизма и лидерство за да биде тренер. Ја има и потребната подршка од навивачите и управата, нешто што го немаше Раниери.
Долгогодишен ученик беше на Липи. Дојде во Јуве по негова препорака.

Сезоната е долга, ке има натпревари. Мој фаворит - Јувентус
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.467
Поени од реакции
6.811
убаво си ги споредил се согласувам со поголемиот дел од текстот ама на крајот си ја згрешил!
Ферара можеби е харизматичен и има лидерство ама тоа сеуште не го докажал, ја како што знам јувентус одкако е дојден ферара има тимски дух и се бори да се покаже се повеќе и повеќе.Досега немаат дојдено до оној момент што им се случува на повеќето екипи застој односно да изгубат 2-3 кола по ред или да неможат да постигнат гол или да врзат повеќе нерешени средби.
е тука се јавува маката тогаш треба да се докаже ферара, ако успее да ги натера играчите да гледаат на светлата страна тогаш ке покаже дека ги има сите конци во раката.од есенва кога ке почне се и ЛШ и калчо и куп сигурно ке имаат пад на формата барем еднаш и ке видиме дали го бива!
одбраната на интер е далеку подобра од одбраната на јувентус, без навреда ама интер има 2 постави да нареди и пак да има перфектна одбрана кај јувентус не го гледам тоа а и не гледам некој страшен бек што ке бомбардира со нафрлени топки!
http://goal.com/en/news/1717/editorial/2009/08/10/1432279/calcio-debate-will-juventus-defence-cost-them-glory-this
еве на истата тема има колумна на гоал.ком ако не ве мрзи прочитајте.
според мене крајот ке се сведе на тоа колку од играчите нема да бидат повредени и колку ке бидат спремни да го држат темпото цела сезона!
Диего е класа плејмејкер чудовиште од играч и многу ми е криво што го зема јуве а не интер ама ако цела игра на јуве се очекува да ја води само тој тогаш што ке биде ако недај боже се повреди на 2-3 месеци?
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.957
Поени од реакции
45.151
Такашто според мене Интер е послаб од минатата сезона.
Во кој контекст послаб, Ибра лани постигна 25 погодоци во Серија А и само 1 во ЛШ а играше против одбрани на Панатинајкос и Анартозис, . Балотели постигна 8 погодоци и се на се, главниот напад на Интер стигна до бројка од вкупно 33 голови . Од друга страна Милито постигна 24 гола во Серија А, Ето 30 во Примера плус постигна повеќе голови од Ибра во ЛШ од кои еден во финалето .

Јас разбирам да даваш мислење, нормално нема секој да се согласи со истото, али овој пат ти гарантирам дека грешиш, зашто ? Зашто Интер за разлика од минатата сезона има каде - каде подобра одбрана со доаѓањето на ѕверот Лусио, со носењето на Мота + еден плеј ке имаат и подобра средина, нападот ке биде составен од играчи кои минатата година постигнаа вкупно 54 голови во лигашките конкуренции . Јас овде не гледам послаб Интер од минатата сезона, вие сеуште сте со оноа Ето имал јака поткрепа во Барса ( а замисли ја немаше во Мајорка па и таму даде вкупно 54 гола ), истиот тој Ето да го гледавте против Лацио ке ви стигнеше тежок демант . Милито е веќе докажан со гол помалце од Ибра лани а играше во Џенова така да искрено не ти држи муабетот за послаб Интер од лани, плус додади ја и тука клупата на Интер, која е убедливо најдобра во Италија а и тоа е доста важен фрагмент во едно вакво првенство .

п.с. Уште еден податок, Интер минатата сезона донесе две засилувања кои не успеаа да бидат имплементирани во стартниот тим и во оној 4-3-3 формат, истиот тој формат сред сезона беше целосно сменет, и со такви огромни проблеми на крајот сепак завршија убедливо први . . . оваа сезона не се среќаваат со ваков голем проблем, што значи пак, тргнуваат каде-каде посилни од лани . :toe:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
според мене крајот ке се сведе на тоа колку од играчите нема да бидат повредени и колку ке бидат спремни да го држат темпото цела сезона!
Диего е класа плејмејкер чудовиште од играч и многу ми е криво што го зема јуве а не интер ама ако цела игра на јуве се очекува да ја води само тој тогаш што ке биде ако недај боже се повреди на 2-3 месеци?
Токму тоа, клучен фактор во првенствата: добра клупа. Затоа го отпишуваат Милан (без навреда сега на овие фанови), зошто во меѓусебна секој може да победи секого, ама за трка од 38 кола, потребна е саглам клупа. Ќе има повреди, ќе има картони, ќе има збиен распоред (куп, ЛШ, среда-сабота...)

Тука е предноста на Интер.

За Диего не треба да се трошат зборови, голема работа заврши Јувентус што го доведе.
 
Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
Борбата за титулата ќе биде меѓу Јуве и Интер.
Али сепак мислам дека Јувентус има поголеми шанси, поради тоа што направи два одлични трансфери за кои што не се сомневам дека ќе се вклопат, а и 2 трансфери за коишто немам многу добро мислење но можат да ме демантираат. Додека Интер пак, го загуби најдобриот играч во тимот, тим кој што без Ибра и Маикон е сосема просечен, но како и да е со оглед на не толку јаката конкуренција за титулата сигурен сум дека ќе се борат со Јуве до последното коло.
малце претеруваш .... просечен тим , резервите на интер комотно може да играат во првиот тим на јуве , викаш просечен тим ? тим во кој играат медиокритети како молинаро , григера , поулсен и тиаго , потрошени играчи како трезеге , канаваро и салихамиџич , просечни напаѓачи како амаури и јакинта (не ми реплицирајте на ова никој не може да ме убеди во спротивното) е новиот галактикос ? ... мислиш дека дека диего сисоко киелини мело и алекс на три фронта цела екипа на грб ќе ја носат ?
и јуве со двете засилилување успеа да се приближи до интер но да го надмине по квалитет во никој случај . единствената предност ви е диего ... феноменална зделка според мене . за ибра не се радувај многу интер направи трансфер на векот , предатор како ето плус 45 мил евра ! во комбинација со снајде/деко/вдв/едерсон/рибери и таа предност во средниот ред што ја имате ќе биде стопена.
да не ја спомнувам и поквалитетната клупа составена од играчи кој може да одговората на повеќе позиции во тимот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom